Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Боки 13: Порано бев понижуван, сега ќе се борам за еднакво општество

Објавено пред

Досегашниот претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество-Скопје ја предаде функцијата на новоизбраниот претседател, Бојан Јовановски. На седницата присуствуваа пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, заедно со пратеникот Стефан Богоев, амбасадорот Чарлс Гарет, водителките Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ, заедно со видни јавни личности.

dobivaj vesti na viber

„Ја имам честа да зборувам за нешто друго. Врз основа на неговата биографија, 52 делегати го избраа Бојан Јовановски за претседател на Меѓународниот сојуз. Нашата мисија е дека на секого треба да му се даде шанса”, рече Јасна Мандиќ.

Новиот претседател Бојан Јовановски кажа дека од понеделник вратите на Сојузот ќе бидат отворени за сите. Тој испрати порака до сите политичари да ги тргнат суетите на страна и да соработуваат со овој Меѓународен сојуз.

“Меѓународниот сојуз има мисија која е за доброто на секој граѓанин. Неколку пати имам кажано дека сакам да живееме во општество еднакво за сите, различно од другите, општество во ЕУ и НАТО. Програмата е доставена и наскоро ќе се гласа. Очекувам поддршка од цела јавност бидејќи таа е многу важна. Низ годините се трудам да бидам целосно искрен, иако тоа многупати било контрапродуктивно. Мене ме понижуваа многупати, а денес тој истиот стои исправен пред вас и ќе се бори против тоа. Не се богати оние кои имаат финансиски средства туку оние кои ќе знаат да ги поделат”, вели Бојан Јовановски.

Меѓу членовите на Собранието се и видни личности од јавниот живот, меѓу кои новинари и музичари. Првиот почесен член е амбасадорот Чарлс Гарет, а по него екс-министерката Илинка Митрева. По нив се впишуваат и имињата на Јованка Кухар, Сашко Коцев, Жарко Димитриевски, Лила Филиповска, Коста Костадиновски, Иџет Мемети. Почесниот амбасадор на Македонија во странство ќе биде Владо Илиевски.

„Голема е честа да бидам амбасадор на Сојуз кој треба да го поттикне родољубието. Да се бориме за права, да работиме на тоа да нема отфрлени, ниту гладни. Затоа јас ќе помагам на сите, без никакви поделби. Знам од прва рака за какви предизвици станува збор и секоја ранлива категорија треба да добие помош. Ова ќе биде процес каде некои работи ќе се решаваат брзо, а за некои ќе треба време. Верувам дека овој Сојуз ќе донесе многу насмевки кај секого”, рече новиот амбасадор Владо Илиевски.

Јовановски повторно истакна дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно. Првиот проект на Меѓународниот сојуз е „Стоп за деца на улица”, со изградба на центар за заштита. За почесен претседател на овој сојуз е избрана екс-министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

„Ретко драго признание и драга чест. Ова е поголемо признание од сите кои сум ги добила досега. Не сакам да биде клише, но навистина сум без зборови бидејќи доцна ја примив оваа вест. Во периодот кога бев министерка, во тоа Министерство го добив моето карактерно изменување. За жал, има многу граѓани кои не можат да им овозможат на своите деца топол оброк. Ние со Бојан утврдивме дека институциите не можеа да помогнат на овие луѓе, туку граѓаните беа тие кои беа хумани. Тогаш си дадов задача дека тоа ќе престане и дека државата ќе биде таа што ќе помогне. Кога соработувавме со Јовановски, увидовме дека треба да помогнеме на општеството бидејќи треба да ја видиме насмевката кај сите деца кои насекаде ги гледаме. Стапката на сиромаштија е огромна, а заедно треба да работиме ова да се подобри и да не очекуваме само Владата да се справува со ова”, вели почесната претседателка на Сојузот, Фросина Ременски.

Таа спомена неколку примери каде институциите останале неми на апелите за помош од страна на поединци, додајќи дека сите деца треба нормално да живеат. За Ременски не е сфатливо да се зборува за малолетнички затвори туку за градинки и едукативни центри. Народниот правобранител на Република Македонија, Изет Меџити, вели дека институциите треба да ги отворат вратите за Сојузот и народниот правобранител.

„Институцијата која е заштита на човековите слободи и права поминала низ многу предизвици. Верувам дека ќе успееме во оваа цел. Во последно време различностите во општеството ги сфаќаме како проблем, а не како придобивка. Мора ова да го промениме. Ние како институција имаме правено многу истражувања, ама тоа не се ефектуира. Денес гледам дека добиваме уште еден сојузник со кој можеме заедно да направиме повеќе. Во последните години сум разочаран бидејќи работам а немам успеси. Ова верувам дека ќе се промени во иднина со помош на соработка и комуникација“, вели Иџет Мемети.

Ова Здружение ќе делува во Македонија и надвор од неа, преку проекти, а согласно Уставот и законите задржувајќи ги европските стандарди.

К. Ландов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет3 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет3 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет4 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет4 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет5 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет5 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија5 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет6 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет6 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет9 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија10 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет10 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет15 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет16 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија17 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет17 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет18 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет19 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...