Контакт

Daily news

Британија гневна на САД поради оддавањето доверливи податоци за нападот во Манчестер

Објавено пред

Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд ги критикувала САД бидејќи доверливи информации од истрагата за терористичкиот напад во Манчестер стигнале до јавноста, по вина на американски агенти, пишуваат светските медиуми.

Индепендент пишува дека поголем број на информации поврзани за нападите во Манчестер се појавиле на американските медиуми, односно во случајот телевизиите НБС и ЦБС, пред тие да бидат објавени од страна на британските официјални лица, како на пример податоци за бројот на жртвите, потоа информацијата дека се работи за бомбаш самоубиец, па дури и името на напаѓачот.

Амбер Руд изјавила дека овој инцидент е „иритирачки“ и јасно им ставила до знаење на американските колеги дека таквото протекување на информации не смее повеќе да се повтори, пренесува британски Индепендент.

Весникот потсетува дека најновата епизода со откривањето на тајните податоци се случува само недела дена откако беше откриено дека американскиот претседател Доналд Трамп на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му открил доверливи податоци околу операциите против Исламска држава./крај/мф/бс

Најново

Свет24 минути

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија46 минути

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава1 час

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија1 час

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија2 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника2 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....

Свет3 часа

Песков: Русија е уверена дека ќе победи во Украина, но е подготвена за мир

Портпаролот на Кремљ тврди дека Москва постигнува напредок на фронтот и дека обновувањето на преговорите меѓу Русија, Украина и САД...

Македонија3 часа

Мицкоски: Има прашања за кои нема компромиси и договори под маса, нема играње со нашиот идентитет, јазик и култура

Пред триесет и пет години нашите граѓани не гласаа само за нова политичка реалност, за нови институции, за сопствено знаме,...