Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Рамчиловиќ: Функционери на владата на СДС земаат плата и како носители на јавни функции и како советници

Објавено пред

Вистински скандал е што функционери на владата на СДС земаат плата и како носители на јавни функции и како советници. Мала им била платата како државни функционери па себе си се наместиле и како советници во министерството за здравство, изјави Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Објавени документи во дел од медиумите, покажуваат дека високи функционери во министерството во исто време се и именувани функционери, за што земаат плата од министерството, но и советници самите на себе. Таков е случајот со државниот секретар во министерството за здравство кој воедно значи и како претседател на општинската организација на СДС во Штип Владимир Милошев е државен секретар но во исто време е и државен секретар во министерството, и советник на министерот од областа на максилофацијалната хирургија.

Според документите се гледа дека министерот Таравари исто така, во исто време е министер, и советник за неврологија на самиот себеси.
Ова е скандал од големи размери, и покажува колкава е аздисаноста на врхушката на власта, повисоки хонорари и плати.
Додека бебиња умираат, има постојани смртни случаи, се откажуваат или кочат стратешки проекти во министерството за здравство. Во исто време во министерството се испумпува пари плаќајќи хонорари за советници.

Според информациите објавени во медиумите, останатите советници, во исто време се и советници и членуваат комисиии и управни одбори, каде исто така земаат големи хонорари.

Ова е претеризам и раскалаженост. Се немало контрола и власта на СДС не знае за доста. Ова е голем скандал. Излевани се илјадници евра. Одговорност мора да има. Бараме итна реакција и одговорност за сите кои земале плата како функционери и советници, порача Рамчиловиќ.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Фатон Сељами избран за нов Народен правобранител

Со поддршка од 89 пратеници, Собранието денеска во рамки на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов...

Македонија49 минути

(Видео) Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на кривичниот законик, меѓу кои и членот за злоупотреба на службената положба

На денешната комисиска расправа, владејачката коалиција ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик, соопшти потпретседателката...

Македонија2 часа

Системот „Безбеден град“ стартува од 1 февруари – Собранието ги усвои законските измени

Со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот...

Македонија2 часа

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за...

Македонија3 часа

Нема подигање пратки од Пошта, вработените протестираат за плата: ги минаа празниците и најдолгиот месец во годината без пари

Вработените во Македонска пошта од целата држава денес излегоа на протест преку кој побараа да им се исплати платата која...

Економија3 часа

Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен...

Македонија4 часа

СДСМ со пакет амандмани: промена на членот за злоупотреба на службената положба, без рок за конфискација и 48 часа за снимките од „Безбеден град“

Пратениците на СДСМ поднесоа повеќе амандмани на Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Како што соопштуваат од партијата,...

Свет7 часа

(Видео) Бурата „Ингрид“ пустоши низ Франција: бранови како згради, ветерот носи сè пред себе

Бурата „Ингрид“ денес донесе силни ветрови, обилни врнежи од дожд и крајбрежни поплави во западниот француски департман Финистер во регионот...

Свет7 часа

Аракчи му порача на Зеленски: На светот му е доста од збунети кловнови

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, му порача на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, дека „на светот му...

Македонија8 часа

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека...

Свет9 часа

Трамп до канадскиот претседател: Ја повлекувам вашата покана до најпрестижниот Одбор за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја повлече претходната покана до Канада да се приклучи на Одборот за мир, иницијатива...

Свет9 часа

Путин ​​се сретна со Американците, им рече дека не се откажува од украинските региони

Русија објави дека денес ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот...

Свет9 часа

САД, Украина и Русија на преговарачка маса во Абу Даби

Првите трилатерални мировни преговори меѓу Соединетите Американски Држави, Украина и Русија ќе се одржат денес во Абу Даби, потврди Кремљ....

Култура19 часа

Незаконски e суспендирана првата обоистка Татијана Петрушевска од МОБ, објави Синдикатот на културата кој повика на заштита од министерот Љутков

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска  незаконски е суспендирана од работа од страна на генералниот...

Македонија20 часа

„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани

Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во...

Економија20 часа

(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки...

Македонија1 ден

Алиу: Забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, јавното здравје пред комерцијалниот интерес

Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Илјада токсични наслови – докази за организиран линч врз мене и СДСМ

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека против него и СДСМ се води координирана...

Македонија1 ден

Од денес извод на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба се вадат со неколку клика

За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат...

Македонија1 ден

Групација за производство на цигари: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките...