Контакт

Daily news

Глобални мировни активности за 25 мај

Објавено пред

Во едно масовно глобално движење, организирано на 25 мај во 85 градови ширум 43 земји, вклучувајќи ги Пекинг, Њујорк, Париз, Сеул, Сиднеј и Токио, меѓународната јужнокорејската организација „Небесна култура, светски мир“ (HWPL) во соработка со локалните заедници и меѓународните младински организации, организираше мировна кампања насловена „Мировен марш и дискусии за спречување на насилниот екстремизам“, со цел покренувањето на свест од потребата за светски мир и ставање крај на глобалните воени конфликти.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на организацијата, јужнокорејскиот мировен активист Ман Хи Ли повика на меѓународна соработка при градењето на мирот и ставање крај на воените конфликти. Ли исто така повика на поголемо учество на граѓаните ширум светот во овие напори, кои ќе резултираат со „светски мир како наследство за идните генерации“.

„Мојата земја Гватемала страда од внатрешен конфликт повеќе од 30 години. Пораснав слушајќи ги приказните од војната кои ми ги раскажуваа моите родители, за уништувањето кое зафати многу делови од земјата, како со физички, така и со психолошки последици, дури и 20 години по завршувањето на конфликтот. Потребно е да преземеме чекори напред во трансформацијата на нашите идеи за еден светски мир. На тој начин, ќе можеме да ги залечиме раните кои ги остави војната“, изјави Сара Флоријан, една од учесничките во кампањата.

Претседателот на јужнокорејската Интернационалната младинска група за мир, (IPYG), која е коорганизатор на настанот, Дујен Ким, порача дека „денешната младина полека се буди и оди напред кон создавањето на светскиот мир“. „Сите сме сведоци на тоа каде оди овој свет и не го прифаќаме тоа, ние сме создадени за да правиме подобри работи и светот да стане подобро место“, рече Ким.

Мировните кампањи на јужнокорејската организација, која меѓу другото има и активности во Македонија и на Балканот, датираат уште од 2013 година, кога HWPL ја усвои Декларација за светски мир, документ чие мото е „Светски мир како наследство за идните генерации“./крај/мф

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Пожар избувна во огромна зграда во Кина, има 15 загинати, а сомнежот е дека се запалил електричен велосипед

Петнаесет луѓе загинаа, а повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните...

Свет3 часа

(Видео) Сопругата на Навални: Путин го измачува телото на Алексеј

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска побара од руските власти да го предадат неговото тело за...

Македонија4 часа

По повод Светскиот ден на туристички водичи: Бесплатно разгледување на Скопје, Охрид и Битола

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување на Град...

Македонија5 часа

РЦУК: Дел од Општина Карпош без струја

Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани околу пералната „Smartwash“ на крстосницата...

Македонија5 часа

Бојмацалиев: Од октомври до сега на 47.000 наши иселеници им се издадени нови патни исправи

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев преку соопштение од МВР информира дека иселеници, македонски граѓани кои живеат во...

Македонија5 часа

Времето денеска променливо облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови...

Македонија20 часа

СДСМ: Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, а не во Собрание

Остануваме на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни избори, велат од СДСМ потенцирајќи дека идејата претседател да...

Македонија22 часа

Матичните бараат да им се одврзат рацете за рано да откриваат ретки болести: имаме ограничен пристап до лабораториски анализи

Кампања за рано откривање на ретките болести во март ќе почнат Здружението „Живот со предизвици“ и Здружението на лекарите по...

Топ22 часа

Пукање среде бел ден во угостителски објект во Чаир, маж застрелан во ногата

Маж бил застрелан во ногата во угостителски објект вчера на пладне во скопската населба Чаир. „Полицијата го приведе А.К.(36) од...

Македонија22 часа

Укинат притворот за шестемина осомничени за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, достави предлози...

Македонија24 часа

Ковачевски ја праша опозицијата кое им е мислењето за уставното име: Или Северна или никогаш Северна, ако си маж, биди маж до крај

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека рокот на траењето на патните исправи за меѓународна употреба е согласно закон, усогласен...

Македонија1 ден

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници, кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се...

Македонија1 ден

На Ковачевски не му е незгодно што побарал апанажа, вели: сѐ е според законот

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој беше во посета на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ Желино, на прашањето дали не му...

Македонија1 ден

Бараме масивна поддршка од Албанците за Османи за да ни се овозможи да го измениме Уставот, вели Арбер Адеми

„Демократска Унија за Интеграција, како што најави во текот на вчерашниот ден лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи...

Македонија1 ден

Прилепчанецот што исчезна пред два дена пронајден мртов, погребот ќе се одржи денеска

Александар Јошески од Прилеп, кому му беше изгубена трагата завчера попладне, синоќа беше пронајден починат. На „Фејсбук“ се огласи и...

Македонија1 ден

41-годишна Македонка избодена до смрт пред очите на малолетниот син во Германија: сопругот е главниот осомничен

41-годишна Македонка била избодена до смрт од нејзиниот сопруг пред нивниот 8-годишен син, пренесува германски „Билд“. Повредите на Македонката, како...

Свет1 ден

Израел испраќа тим предводен од шефот на Мосад на преговори во Париз

Воениот кабинет на Израле денеска испраќа преговарачки тим во Париз. Тимот ќе го предводи шефот на Мосад, Дејвид Барнеа. Тие...

Македонија1 ден

Бојмацалиев на граница ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши: апелира, граѓаните навремено да ги поднесат барањата за промена на пасошите

Синоќа, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, на граничниот премин Богородица ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши демонстрирајќи...

Македонија1 ден

ДПМНЕ и министерот за внатрешни целосно го заглавија процесот на вадење пасоши, велат од СДСМ

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши, оценуваат од владејачката СДСМ. Од една страна,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Ги затворија граѓаните во својата држава, пратениците на СДС и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста на пасошите

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот...