Daily news
Меј: Лондон ќе продолжи да споделува информации со Вашингтон
Британската премиерка Тереза Меј изјавила дека Велика Британија ќе продолжи да споделува информации со САД, по медиумските пишувања дека американскиот претседател Доналд Трамп на руските претставници им доставил доверливи информации, пренесуваат светските агенции.
„Трамп одлучува за што ќе се разговара со претставниците во Белата куќа. Продолжуваме да соработуваме со САД, како што тоа го правиме и со другите“, рекла Меј, додавајќи дека Велика Британија има доверба во односите со САД.
Американските медиуми пренесоа дека Трамп за време на состанокот со руските претставници пренел доверливи информации за плановите на џихадистите на Исламска држава во еден авион да постават компјутери кои за време на летот можат да експлодираат.
Советникот за национална безбедност, Херберт Мекмастер подоцна рече дека таа информација не ја доведува во прашање националната безбедност на САД./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
