Контакт

Daily news

Можни состави: Роналдо и Бејл резерви, Смолинг во одбраната на Јунајтед

Објавено пред

Жозе Мурињо и Зинедин Зидан ги кријат составите со кои Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид вечерва ќе го почнат дуелот во УЕФА Суперкупот, на „Филип Втори“ во Скопје. Мурињо, поради суспензиите, има проблеми со составувањето на дефанзивната линија, додека Зидан размислува дали ќе му биде подобро да го остави Кристијано Роналдо на клупата и како да најде место во тимот за Герет Бејл.

Манчестер Јунајтед минатата сезона ја освои Лига Европа, што му овозможи сезонава да се врати во елитната Лига на шампионите, а со евентуалното освојување на Суперкупот „црвените ѓаволи“ ќе потврдат дека се враќаат меѓу елитата, каде што не беа изминатите години.

Фактот што ќе тимот ќе игра во Лигата на шампионите му овозможи на Мурињо да вложи дополнителни пари, околу 200 милиони евра, во засилувања. Нови играчи на Јунајтед во преодниот рок станаа Лукаку, Линделоф и Матиќ, а не е исклучено Португалецот да пазари уште некој играч до истекот на преодниот рок.

Шпекулациите околу интересот на Јунајтед за Герет Бејл, Мурињо дополнително ги подгреа на вчерашниот прес.

„Ако игра утре, тоа значи дека бил вклучен во плановите на тренерот и клубот и дека неговата амбиција е да остане во Мадрид. Ако е вистина дека тој си оди од Реал, тогаш ќе треба да се борам со другите тренери кои го сакаат во својот тим“.

Кога станува збор за составот, Мурињо има сериозни проблеми околу составувањето на одбраната, Баји и Џонс се суспендирани, а Рохо е повреден, што значи дека покрај Линделоф, во централниот дефанзивен ред ќе игра Смолинг.

Исто така, тешко е да се очекува дека Матиќ ќе го почне мечот бидејќи тој пред една недела пристигна во тимот и сè уште не е доволно подготвен. Реално е Србинот да добие шанса во вториот дел.

Ова значи дека ветеранот Керик ќе игра како последен играч во редот за врска, заедно со Ерера.

Можен состав на Манчестер Јунајтед (4-2-3-1):

Де Хеа – Валенсија, Линделоф, Смолинг, Дармијан – Керик, Ерера, Мхитаријан, Погба, Рашфорд (Марсијал) – Лукаку.

За разлика од Мурињо, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, има поинакви проблеми. Кристијано Роналдо неодамна се врати од одмор, со соиграчите одработи само два тренинга, но тренерот тврди дека „Кристијано е подготвен како и пред два месеци, кога се играше финалето во Лигата на шампионите“.

Втората дилема е Герет Бејл, кој минатата сезона се мачеше со повредите, а во финишот на сезоната ретко беше во плановите на тренерот.

Поради тоа се шпекулира дека Реал ќе го продаде Бејл, а Мурињо со неговата изјава само „дотури масло на огнот“ и ја почна психолошката војна во пресрет на натпреварот.

Шпанските колеги тврдат дека Кристијано Роналдо ќе го почне мечот како резерва, а доколку има потреба, ќе влезе во игра.

Зидан нема проблеми со повреди и суспензии, што значи дека сите се тука, вклучувајќи ги и засилувања Тео Ернандез и Дани Себаљос, за кои Реал летово издвои 50 милиони евра.

Можен состав на Реал (4-3-3):

Навас – Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Иско, Бензема, Асенсио.

Натпреварот на „Филип Втори“ ќе почне во 20:45 часот, а главен судија ќе биде Џанлука Роки.

Ненад Цветанов

фото/uefa.com

Најново

Македонија3 минути

На покана на Рубио, Муцунски на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“ во Вашингтон

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Култура15 минути

„Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Поетроника“ и „Ова не е американски филм“ на Скопско лето

Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток...

Култура18 минути

Изложба „Архитектура на невидливото“ од македонскиот уметник Страхил М. Петровски во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија на 16 јули (четврток), со почеток од 18:30 часот, ќе се отвори изложбата „Архитектура...

Култура20 минути

Театар „Златен Елец“ на летни фестивали на Балканот

Во петок (17.7) во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ во Лабораториум во Скопје ќе се одигра претставата „Сина сенка“ од...

Спорт20 минути

Ибрахимовиќ го издвои херојот на Шпанија: Ги пали играчите околу себе и гаси пожари

По закрепнувањето од сериозната повреда на предниот лигамент пред речиси две години, шпанскиот играч од средниот ред Родри ја води...

Спорт28 минути

Англија или Аргентина, Шпанија чека во финалето

Англија и Аргентина вечерва во Атланта ќе го одиграа второто полуфинале на 23-то Светско првенство. Мечот во финалето веќе избори...

Забава38 минути

Игор Џамбазов слави роденден: „Кога наполнив 36 не бев баш сигурен дали воопшто ќе доживеам 63“

Нашиот најпознат и најуспешен шоумен, Игор Џамбазов, денеска слави роденден. Тој сподели објава на Инстаграм и вели дека следна цел...

Култура48 минути

„Самец во бракот“ од Мир-Јам објавена на македонски јазик

„Матица македонска“, во превод на македонски јазик го објави романот „Самец во бракот“ од Мир-Јам, едно од најпрепознатливите имиња на...

Македонија51 минута

СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов...