Daily news
Наследството на Џон Кенеди втиснато во американскиот ум
Во понеделник се наврушваат сто години од раѓањето на некогашниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди. Тој во 1960 година, на 43-годишна возраст беше избран за претседател на САД, како одликуван херој од војната на Пацификот во Втората светска војна, и како доста харизматичен политичар, пишуваат светските агенции.
Кенеди ги претставуваше ветувањата на Америка во 20-от век, се до неговиот атентат во Далас на 22 ноември1963 година. Во САД Кенеди се смета како за претседател кој најверојатно највеќе од сите го обликуваше начинит на кој оваа земја се гледа себеси, бидејќи беше вечен оптимист, наведува АФП.
Внукот на Роберт Кенеди, братот на Џон, кој исто така беше убиен во атентат за време на претседателска кампања во 1968 година, Џо Кенеди Трети рекол дека годишнината од раѓањето „претставува прилики за размислувањата на претседателот Кенеди, неговата верба и одлучност во секој проблм со кој се соочил“.
Наследството на Џон Кенеди е и во гламурот кој тој и неговата жена Џеклин го донесоа на претседателската функција. Неговото често повторување на максимата „Не прашувајте што вашата земја може да направи за вас, туку што вие можете да направите за својата земја“, е и мотото на семејството Кенеди.
Од 1947 година па наваму, само две години некој од династијата Кенеди не бил на некаква државна функција. Најдолго на функција беше братот на Џон, Едвард Кенеди, кој почина во 2009 година, по 47 години во американскиот Сенат./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
