Контакт

Daily news

САД испитува можна руска улога во хемискиот напад

Објавено пред

 

САД испитува дали Русија била инволвирана во хемискиот напад во Сирија што го натера претседателот Доналд Трамп да го спроведе првиот директен воен напад против режимот на Башар Ел Асад. Пентагон бара било каков доказ дека руската влада знаела за хемискиот напад или била вмешана во него.

Во нападот загинаа барем 80 лица, а беа повредени многу повеќе. Официјално воено лице изјавило дека Пентагон испитува исто така дали руските авиони ја бомбардирале болницата во Кан Шеикхоун пет часа по хемискиот напад со намера да ги уништат доказите.

Русија тврди дека жртвите во Кан Шејкхоун биле предизвикани од нападот на сириските режимски сили на фабриката за хемиско оружје контролирана од бунтовниците, но експертите тоа тврдење го отфрлиле како нереално.

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди американското одмаздничко бомбардирање во Сирија како „акт на агресија“ спротивен на меѓународното право. Слики од ужасните последици од нападот го поттикнаа Трамп да дејствува рано во петокот, при што беа лансирани 59 Томахавк ракети од воените бродови во источниот Медитеран.крај/мф

Најново

Црна хроника10 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија13 минути

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија17 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија28 минути

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт30 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет50 минути

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет56 минути

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија1 час

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија1 час

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...