Daily news
СЈО влезе во Македонски телеком
Специјалното јавно обвинителство влезе во Македонски телеком. Тимот на чело со специјалната обвинителка, Ленче Ристовска попладнево влезе во управната зграда. СЈО ја потврди информацијата и најави подетални информации откако ќе заврши посетата на специјалните обвинители.
Кривичниот суд досега четири пати одбиваше да даде судски налог за претрес на системите на најголемиот телекомуникациски оператор во земјава.крај/мф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
