Контакт

Daily news

Трајковска Лазарова: Ако ме поканат од Врховен суд, ќе размислам – мојот став за „бомбите“ е познат

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Поранешната македонска судијка во Стразбур наведе неколку случаи од европската судска пракса во кои Судот се водел исклучиво од јавниот интерес 

 

Продолжението на Општата седница на Врховниот суд, на којашто треба да се расправа околу последната точка од дневниот ред: дали може незаконски снимените аудиоматеријали да се користат како доказен материјал во судска постапка, се планира за  наредната седмица. Ова за Макфакс го потврди претседателот на Врховниот суд,Јово Вангеловски, кој вели дека веќе стапиле во контакт со поранешната македонска судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Трајковска Лазарова, со цел да ја поканат да присуствува на седницата за да да размени со нив искуства од судската пракса од Стразбур.

 

„Точниот датум ќе зависи од обврските на госпоѓата Трајковска. Очекувам да се видам со неа деновиве, а како можни термини на седниците ќе ѝ ги предложам 9,10 или 11 мај. Доколку не ѝ одговараат, ќе побарам да предложи друг термин“, вели Вангеловски.

 

 

Поранешната судијкаТрајковска Лазарова во изјава за нашата агенција вели дека ќе размисли за тоа дали да се појави пред Врховниот суд.

„Мојот став е добро познат и го кажав во неколку интервјуа. Тргнувајќи од судската пракса во Стразбур, му порачав на Врховниот суд дека не смее да си дозволи да не ги прифати ‘бомбите’ како доказ. Наведов и повеќе примери од праксата, кога Судот се произнел околу користењето на незаконски снимени материјали во судска постапка, а во кои се водел исклучиво од јавниот интерес“, вели Трајковска Лазарова.

 

Во интервју за „Фокус“, поранешната судијка оцени дека „таква лесно конципирана одлука во услови на масовно кршење на најмалку на правото на приватност на илјадници граѓани, Врховниот суд не би можел да си дозволи“.

 

Таа нагласи дека незаконското снимање и другите форми на следење на телефонската комуникација претставува сериозно вмешување во приватниот живот.

 

Според неа, Врховниот суд мора да се соочи со сериозноста на задачата а бидејќи тоа го налага владеењето на правото и силата на јавниот интерес.

При тоа не смее да ги запостави веќе донесените одлуки и пресуди и во граѓанските и во кривичните постапки каде македонската судска пракса покажува дека ваков тип докази биле прифатени и релевантни во тие постапки.

 

Судијката  јавно проговори и околу широка судска пракса на Стразбур, во чиј контекст мора да се анализира и македонската состојба.

 

Така, во предметот на „Биков против Русија“, Судот утврдил дека непостоењето на процедурални заштитни механизми довело до повреда при користењето направа со радиопредавач за време на полициска акција.

 

Во предметот „Ветер против Франција“, Судот оценил дека поставувањето уреди за прислушување во приватни простории не спаѓало во опфатот на одредбите од националното законодавство бидејки тие не се однесувале на следењето на телефонските линии и жалителот не уживал минимален степен на судска заштита поради што дошло до повреда на правото на приватност.

 

Трајковска Лазарова потсети и дека онаму каде што националниот закон нема доволно јасна рамка за целта и начинот на собирањето или чувањето податоци за приватниот живот на лицата и кога нема минимум заштита од можна злоупотреба, резултатот е вмешување во приватниот живот заштитен со правото на приватност.

 

Во тој контекст таа го спомена предметот кој го одлучувал Големиот судски совет по предметот на Роман Закхаров. Жалителот бил уредник и одговорен уредник на издавачката компанија и се жалел дека од мобилните оператори со закон се барало да инсталираат опрема која им овозможувала на државните агенции да спроведуват активности за оперативно пребарување и дека без доволно заштитни мерки на овој начин било дозволено бланко следење на комуникациите.

 

Тајните служби и полицијата имале директен пристап, преку технички средства, на сите мобилни телефонски комуникации, при што постоеле недостатоци во правната рамка во: околностите во кои јавните власти се овластени да се впуштат во мерки на таен надзор; времетраењето на таквите мерки; на постапки за одобрување на следење, како и за чување и уништување на пресретнати податоци; надзор на следењето.

 

Судот утврдил дека правото на приватност на овој жалител било повредно иако тој не достави директни докази за примена на тие мерки директно кон него токму поради ширината на законот за можна злоупотреба од страна на тајните служби и полицијата.

 

Во очекување  да  „пресече“ Врховниот суд околу „бомбите“, кој ја почна маратонската седница уште пред белигденските празници, се чини дека  тактизира и Апелациониот суд во Скопје, кој треба да се произнесе околу издвојувањето на доказите во случајот „Насилство во Центар“,кои беа отфрлени од судијката Татјана Михалова.Истиот второспетен суд веќе прифати незаконски снимени материјали како доказ во случајот „Шпион“.крај/мф/гд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа2 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа3 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет3 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет3 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет3 часа

Во Лос Анџелес, луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет4 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија12 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија13 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија16 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија18 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија19 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ20 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија20 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија21 час

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија21 час

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија22 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет23 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет1 ден

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет1 ден

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...