Контакт

Daily news

Градот Скопје го одбележува 13 Ноември

Објавено пред

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, цвеќиња положи и делегација на Град Скопје, составена од градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

dobivaj vesti na viber

– Денеска, кога го одбележуваме празникот на градот, се сеќаваме на храбрите партизани што го ослободија Скопје на 13 ноември 1944 година. Судбината сакаше и денеска да е понеделник како и тој ден. Се сеќаваме на борците од 12., 16. и од 3. бригада, кои од три страни се пробија во Скопје и со скромна опрема и обука успеаја да протераат далеку посупериорен противник. Тука треба да се издвојат пожртвуваноста и одлучноста на борците од 12. скопска ударна бригада, кои ги водеа најжестоките улични борби за железничката станица, Офицерскиот дом, Камениот мост, учителската школа и браната на Матка. На 13 ноември 1944 година беше важно да не се дозволи туѓи војски да учествуваат во ослободувањето на идниот главен град, но заради познавањето на градот и очекуваните улични борби беше важно скопјани да го понесат главниот товар со нивната новоформирана бригада. Овде со нас се некои од борците од 12. скопска ударна бригада и кон нив сакам да изразам посебен восхит и благодарност. Ви благодарам за жртвите што ги дадовме за слободата на нашиот град. Важно е да се спомене улогата на диверзантските групи составени главно од млади скоевци кои во Скопје дејствуваа зад непријателските линии и ги нарушуваа комуникациите на непријателот саботирајќи ги нивните телефонски жици, пруги, камиони… Токму овие луѓе го спасија симболот на градот – Камениот мост, од уништување, а нивниот спомен – Музејот на илегалната партизанска работилница за оружје, со години беше затворен поради негрижа. Набргу овој музеј повторно ќе биде отворен, а јас ќе се погрижам да биде што повидлив и попосетен. Ова е ден да се потсетиме дека војната по која беше ослободено Скопје беше истовремено и народноослободителна и антифашистичка. Токму ова второво беше заборавено минатава деценија и Скопје дозволи повторно да биде газено од луѓе со слични вредности како оние на соработниците на окупаторот во Втората светска војна. Градот што загуби илјадници свои сограѓани во логорите на смртта и којзнае уште колку други убиени, мачени и прогонувани во целата војна не смее да заборави на својата антифашистичка историја и на лекциите од минатото. Ние мора да се погрижиме фашизмот никогаш повеќе да не завладее со овој град – рече пред присутните градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов додаде дека е убава симболиката да се држи ова одбележување пред Споменикот на ослободителите подигнат во 1949 година, а направен од материјалот на стопените споменици на поранешните владетели на градот за да се потсетиме дека Скопје има историја на справување со симболите на своето темно минато.

Во името на борците ослободители на Скопје се обрати Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на борците на НОАВМ, кој потсети на пожртвуваноста на храбрите борци за ослободување на градот и истакна дека во борбите за ослободување на Скопје животот го положиле 398 борци, како и десетина граѓани.

Пред Споменикот на ослободителите на Скопје цвеќиња и венци денеска положија и: делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ; делегација на Советот на Град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Владата на Република Македонија; делегација од Собранието на РМ; делегација на АРМ; делегации од 12.; 3. и од 16. македонска народноослободителна ударна бригада; Секцијата на жените борци; делегации од oпштините на град Скопје, делегации на политичките партии, делегации од јавните претпријатија наГрад Скопје; делегации од јавните културни установи на Град Скопје; делегации на основните и средните училишта на Град Скопје, делегација на Црвниот крст на град Скопје и на Република Македонија; како и делегации на дипломатскиот кор и граѓани на Скопје.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ59 минути

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 час

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет3 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет4 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ4 часа

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија5 часа

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет5 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа6 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет6 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија24 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 ден

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија1 ден

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ1 ден

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет1 ден

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија1 ден

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија1 ден

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ1 ден

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа1 ден

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет1 ден

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...