Контакт

Daily news

Добрите и лошите страни на гумите за џвакање

Објавено пред

Џвакањето мастики го поттикнува лачењето слуз која ги плакне бактериите и остатоците од храна во устата и е многу корисна кога по ручек немаме време или можност да ги измиеме забите. Исто така, докажано е дека џвакањето мастики го намалува стресот, го подобрува расположението и ја подобрува концентрацијата.

dobivaj vesti na viber

Од кора на бреза до Дабл-бабл

Во различни форми, гумата за џвакање е позната уште од неолитскиот период. Пет илјади години стара мастика од кора од бреза е најдена во Финска. Се смета дека катранот од кората на бреза има антисептички и некои други медицински дејства. Особено жените ги користеле гумите за џвакање за освежување на устата. Некои облици на гуми за џвакање се користени и во стара Грција. Грците џвакале мастики направени од смола од дрвото мастика.

Џон Б.Кертис во 1848 година прв направил и продал комерцијална гума за џвакање. Две години подоцна истиот господин почнал да продава парафин со вкус кој станал многу популарен. Во 1869 година Вилијам Финли Семпл станал првиот кој ја патентирал гумата за џвакање. Важна година во историјата на мастиките е 1914 кога е креиран брендот Вригли Даблминт. Заслужни за популарноста на овие мастики се Вилијам Вригли јуниор и Хенри Флер. Во 1928 година Валтер Дајмер прв успешно произвел розева мастика усовршувајќи го рецептот на Флер. Станува збор за популарните мастики Дабл бабл.

Во основата на секоја мастика има гума која е мешавина од природен латекс и синтетичка гума. Се додаваат засладувачи, разни ароми, средства за полирање заби и други состојки, во зависност од типот на мастиката.

Опасностите на аспартамот

По докажаното кариогено влијание на шеќерот врз забите, тој е исфрлен од  мастиките за џвакање. Заменет е со вештачки засладувачи. Денес, еден од најпознатите засладувачи, аспартамот (се наоѓа во мастиките за џвакање и во сите производи без шеќер), според многу истражувања, се покажал како канцероген. Научните студии докажале појава на некои видови тумори кои можат да се појават доколку се конзумираат производи кои содржат аспартам. Тој се состои од аспартамска киселина, фениланин и метанол и во книгата „Prescription for Nutritional Healing“ е ставен во категоријата на хемиски отрови. Наречен е сладок отров. Денес има тенденција да се создаде мастика без вештачки засладувачи (кои се штетни за човечкиот организам) и без шеќер (кој предизвикува кариес и дебелее).

Магична стевиа

Од природните засладувачи (моментално најпопуларна) е стевиата која досега покажала најдобри својства. Стевиа Ребаудиана е билка која потекнува од Парагвај каде што се користи како засладувач на горчливите лековити производи повеќе од 1500 години. Нејзините состојки ја прават и до 300 пати поблага од обичниот шеќер. За разлика од шеќерот не предизвикува кариес, спречува настанување на забен плак, нема калории ниту штетни нуспојави како вештачките засладувачи и отпорна е на високи температури. Засега, на нашиот пазар нема мастики засладени со стевиа.

Пријателски ксилотол

Ксилотолот (шеќерен алкохол) е позната состојка на денешните гуми за џвакање. Тој се смета за пријател на забите бидејќи го спречува настанокот на кариес. Имено, може да се искористи во метаболизмот на бактериите, па нема создавање на киселини, а со тоа нема ниту деминерализација на површината од забот и настанување кариес. Но, тој ефект трае само пет минути од почнувањето на џвакањето, а потоа ксилотолот исчезнува.

Зошто е добро да се џвака?

Студиите покажале намалување на бројот на Стрептококус мутанс (СМ) и зголемување на слузот (се намалува киселоста) кај децата кои џвакале мастики, а тоа било особено изразено во таа група која џвакала мастики со ксилотол. Слични истражувања се спроведени и врз трудници кај чии новороденчиња е докажана одложена појава на СМ.

Исто така, докажано е дека џвакањето го намалува стресот, го подобрува расположението и концентрацијата. Џвакањето кај пациентите во постоперативните фази од некои гастроинтестинални и уринарни операции го забрзува опоравувањето.

Никотинските мастики се користат за одвикнување од пушењето, но кај долготрајното користење доаѓа до појава на негативни влијанија на никотинот (на пример, карциноми во подрачјето на усната шуплина).

Џвакањето мастики го поттикнува лачењето на слуз која ги плакне бактериите и остатоците од храна во устата и е многу корисно кога по ручек немаме време или можност да ги измиеме забите. Доволно е да проџвакаме некоја мастика за освежување на здивот и за 5-10 минути таа ќе го постигне она за што е наменета.

Мастиките, како и сите други работи во животот се помошно средство кога се користи во разумни количини. Служат за освежување на здивот, за површно чистење на забите, како помош за одвикнување од пушењето, како средство кое ќе ве разбуди, како замена за нешто благо. Со претерана конзумација на аспартамски и никотински мастики, ризикувате карцином, како и оштетување на зглобот на вилицата заради непрестаното џвакање. Затоа, стоматолозите советуваат, додека не се појави некоја сосема безопасна мастика, да ги џвакате само оние без шеќер и тоа во разумни количини и време.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 минути

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет8 минути

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет18 минути

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа23 минути

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион10 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет13 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија16 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија18 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија19 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија20 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија21 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ22 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа24 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...