Контакт

Daily news

Камбовски: Доста е од партизирани институции и медиуми

Објавено пред

На одбележувањето на 114 годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Владо Камбовски ги осуди насилствата од 27 април во Собранието.

dobivaj vesti na viber

„Доста беше од неразумната волја за моќ и неодговорната власт. Доста е од партизирани институции, медиуми и детски градинки. Од корупција и организиран криминал и слепа правда од нееднаквост и поделби по сите основи со ширење на омраза и непријателства. Доста беше од пропаднатото образование, мизерно третирана наука и знаење од непочитување на поданички менталитет и непочитување на човечко достоинство. Доста беше од повикувањето на народот при именувањето за народ група послушници затоа што  народот и народната обичајност се постари од секоја држава и власт од партија или поединец. Затоа тие што се повикуваат на народот треба да внимаваат. Тоа обврзува на висока моралност и човекољубие без да оправдува омраза кон другиот или различниот , изјави претседателот на МАНУ во своето обраќање.

Извор: Нова

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски: Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови

Суштината е во тоа да нѐ оценуваат за реформите, а не според билатералните прашања и спорови, изјави премиерот Христијан Мицкоски,...

Македонија1 час

Нема повеќе вработувања со телефонски повик „сакам моето дете да биде ваков или онаков доктор“, Алиу ги преброи лекарите во државата

Тргнувајќи од ставот дека здравството не може да се реформира на слепо, министерот за здравство Азир Алиу денес презентира резултати...

Топ2 часа

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа...

Македонија3 часа

(Видео) Манасиевски: Со барањето за зголемување на платите еден судија би примал 160.000 денари, а претседател на суд 360.000

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае...

Свет3 часа

Европа за планот на Трамп за Украина: „Тоа е списокот на желби на Путин“

Европските претставници го отфрлија најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор, што е во корист на Москва,...

Свет4 часа

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно побргу да го прифати мировниот план што администрацијата на...

Македонија5 часа

ЦУК: Поради обилните врнежи, зголемени водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија6 часа

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ....

Македонија6 часа

„Албанската опозиција денес личи на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа8 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет8 часа

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон-зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет9 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет9 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка; Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет9 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедското месо, какаото и на овошјето

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија21 час

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ1 ден

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија1 ден

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија1 ден

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија1 ден

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...