Daily news
Која е добрата страна на секој хороскопски знак?
Секој хороскопски знак си има добри страни, а кои се за вашиот прочитајте си подолу.
Овен
Станува збор за доминантни личности, кои знаат како и во љубовта така и во бизнисот да изгледаат строго, но модерно. Но, во љубовните односи треба да „омекнете“ и повеќе ќе уживате.
Бик
Вие сте создадени за љубов. Умеете да уживате, свесни сте дека сте моќни со допири. Долната облека ви е секогаш приоритет.
Близнаци
Мозокот е вашата најголема слабост. Во таа смисла, овој дел од телото и најмногу ве привлекува кај партнерот. Слатките шепотења на уво може да ве излудат.
Рак
Многу време поминувате да создадете сигурен дом, во кој планирате да живеете со партнерот среќно до крајот на животот. Емоционалната сфера ви е на прво место.
Лав
Сака да е во центарот на вниманието па затоа ужива во луксуз. Може да биде многу дарежлив за да ги искаже своите чувства.
Девица
Романсата во вашиот живот се развива како заплет во стар филм. Сакате класично додворување. Вашата љубов е невина и чиста такво нешто ретко се гледа денес.
Вага
Секоја врска ја гледаат како брак, па вложуваат многу напор за партнерот да биде среќен. Умеете да го направите секој среќен.
Скорпија
Вие ја применувате формулата се или ништо. Пред да се одлучите конечно да бидете со некоја личност важно ви е тој да биде ваш истомисленик.
Стрелец
Клучниот збор во вашиот живот е слобода, дух, акција…Вашиот партнер треба совршено да го разбира тоа. Во исто време потребен ви е некој кој заедно со вас ќе биде подготвен за авантура.
Јарец
Многу време им посветувате на плановите за иднината. Вашите амбиции ви наложуваат по секоја цена да ја преземете водечката позиција.
Водолија
Односот со партнерот им се базира на пријателство и на заеднички интереси. Но исто така кога ќе се заљубат секогаш сакаат да задржат и доза слобода.
Риби
Познати се по својот чуден пристап на живот. Може да сакаат без граница. Посветуваат многу повеќе внимание на духовната блискост отколку на метеријалното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.