Daily news
Научниците ја проучуваат еволуцијата на „Црвенкапа“
Црвенкапа можеби одела кон куќата на баба и, но антрополозите многу повеќе ги интересира од каде дошла и како приказната за неа се проширила.
Со примена на математички модел, кој го користат биолозита за проучување на еволуцијата на видот, експертите успеале да направат некој вид „еволутивно дрво“ за популарната приказна, покажа студијата објавена во списокот „PLOS ONE“.
Проектот на чело со Џејми Техрани од англискиот Универзитет Дарам, покажа дека „Црвенкапа“ дели „корени“ со друга популарна народна приказна „Волкот и децата“.
– Тоа е како биолог кој покажува дека луѓето и мајмуните имаат исти претци, но се развиле во други видови, објасни тој.
– „Волкот и децата“ е приказни за волкот кој се маскира во коза и ги јаде нејзините деца. Приказната која поттекнува од првиот век била популарна во Европа и на Блискиот исток. „Црвенкапа“ каде големиот и лош волк го јаде девојчето откако се преправил во нејзината баба, се појавила 1.000 години подоцна.
Приказната ја запишале браќата Грим во 19 век, но нејзините корени водат потекло од устните традиции на Франција, Австрија и северна Италија, откри Техрани. А вариации на тема можат да се слушнат во Африка и Азија, вклучувајќи ја и „Тигровата баба“ која се раскажува во Јапонија, Кина и Кореја. За да се открие историјата на приказната, Техрани користел метод кој се вика филогенетска анализа на 58 варијации приказни и се фокусирал на 72 варијабили, вклучувајќи и тоа дали главниот лик е момче или девојче, група или роднини, дали е лош волк, тигар или нешто друго, какви трикови користеле негативците и дали главниот лик преживеал.
Процесот подразбира да се даваат поени за секоја варијабила заснована на сличности со заедничко потекло. Тие поени подоцна се користени во правењето дрво кое покажува како се се ширела приказната, се менувала и разгранувала.
– Постои популарна теорија дека архаичната верзија на „Црвенкапа“ потекнува од кинеската орална традиција“ и од таму се проширила на запад, рече Техрани. – Мојата анализа покажува дека кинеската верзија е дериват на европската орална традиција“.
Техрани рече дека се надева дека неговата студија ќе фрли ново светло на миграторните шеми на древните луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.