Контакт

Daily news

Откријте ја татарската национална кујна

Објавено пред

Кралевите на рускиот фастфуд ќе бидат и ќе останат чебуреките (пирошка од тесто и месо), независно од обидите на странските окупатори – хамбургерите и донерот – да завладеат со овој престол.

dobivaj vesti na viber

 

Чебуреки – пирошки со парчиња овча или телешка удина и булјон, испржени во масло.

 

Чебуреките се најпознатото јадење од татарски кујна меѓу Русите. Овие пирошки со зајре од најпознатата кревка овча или телешка удина и булјон, испржени во масло, без сомнение се познати на сите жители на Русија од најраните времиња. Всушност тие се традиција не само за Русите: во педесеттите години од минатиот век чебуреките, добивајќи го името „лертсју“, на чуден начин се појавуваат во Финска и оттогаш се сметаат за оригинално јадење на финската кујна .

Надвор од границите на земјата, сепак, најпознатото татарско јадење е и ќе остане тартар – голема порција сурово сечено месо, прелиено со жолчка и маринада. Влегувајќи во мнозинството кујни на Европа, тартарот, или како погрешно го нарекуваат во татарски кулинарски книги „татарски бифтек“ (како може да е бифтек, ако не е пржен), не го губи својот национален карактер. Под национален карактер во дадениов случај се подразбира квалитет: за да не биде тартарот опасен по здравјето, неговите основни компоненти, кои не се поправаат поради отсуство на термичка обработка, треба да бидат со одличен квалитет и мошне свежи.

Tartar_468

 

Тартар – порција сурово сечено месо, прелиено со жолчка и маринада.

Во високиот квалитет на производите, меѓу другото, се наоѓа и тајната на многу обични, но вкусни национални кујни, вклучувајќи ја и татарската. Изгледа – со малку зачини, обична технологија на подготовка, а ти иде да си ги излижеш прстите. Тука Татарите со право има со што да се гордеат: добитокот кој тие го одгледуваат во поволшските региони, дава месо со неповторлив вкус. Треба ли да се чудиме дека татарски кујна е претежно месна. Отстапка по префинетост и разновидност во споредба со кујните на другите турски народи, особено со Турците, Азербејџанците, кои ја комбинираат турската кујна со влијанието на големите кулинари како што се Персијците, татарски кујна, сепак, останува еден од лидерите (што се однесува за Русија) во печењето .

Áåøáàðìàê

Бешбармак – варено месо со сос од лук

Јадењата од тесто се визит-карта на татарската кујна. Покрај наведените чебуреки во татарската кујна постојат стотици сорти на пити, пирошки, бисквити и други пекарски производи.

Јадењата од тесто се присутни во животот на Татарите од раѓањето до смртта, а многу од јадењата носат ритуален карактер. Дури полнетата гуска, која во Русија многу ја сакаат, Татарите ја подготвуваат по свој терк – ја печат во тесто. Конкуренција на чебуреките, како кулинарски ремек-дела е чак-чак: тоа е пржен десерт од пченично брашно во мед, кој може да се најде во повеќето руски продавници. И во листата на производите за извоз чак-чак е „ѕвезда“.

×àê-÷àê

Чак-чак – пржен десерт од пченично брашно во мед.

РЕЦЕПТ

Губадија – татарска празнична пита

Губадија отсекогаш била главно татарски тест јадење – тоа е сложена пита (со месо, секако), кое се служи во особено свечени случаи. Да се обидеме да го направиме.

Направете тесто за голема пита, по ваш избор, може да биде со или без квасец.

Во еден литар млеко ставете 200 грама кисело млеко и почекајте 2-3 часа за да стаса. Потоа варете на тивок  оган додека смесата не почне да се зацрвенува, па додајте 2 супени лажици шеќер. Прецедете низ газа. Смесата што ќе ја добиете треба да биде со црвена боја.

Измијте го и сварете го оризот. Нека биде сварен ал денте. Исечкајте неколку тврдо варени јајца. Меленото телешко или јагнешко месо запржете го со кромид и со мелен црн пипер. Во врела вода покиснете суво грозје, суви модри сливи и суви кајсии.

Во длабока тава, подмачкана со масло, ставете половина од тестото кое е растегнато со дебелина од половина сантиметар. Потоа ставете го зајрето во делови – најпрво оризот, потоа прецеденото млеко, па јајцата, па повторно ориз. Последниот дел нека биде покиснатото суво овошје и малку ориз. Одозгора ставете неколку парченца путер.

Одозгора затворете со преостанатото тесто, а додека го затворате, обидете се да направите дипли за да изгледа поубаво. На крајот премачкајте со изматена жолчка.

Печете во рерна на температура од 200 степени, додека губадијата не се зарумени и додека од отворите не почне да излегува пареа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија13 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија20 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија20 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија21 час

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија21 час

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија23 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија23 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет24 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија24 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет1 ден

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет1 ден

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион1 ден

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет1 ден

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа1 ден

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет1 ден

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија2 дена

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија2 дена

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија2 дена

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...