Контакт

Daily news

Свечена академија по повод 55 години РСБСП

Објавено пред

Изминатите два дена се случија два особено важни настани за Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, пришто Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов  додели високо општествено признание „Повелба на Република Македонија“ на Републичкиот совет.

dobivaj vesti na viber

 

Доделувањето на оваа високо општествено признание е заслуга за сиот минат труд, за сите успешно организирани кампањи, конференции, настани и манифестации во изминатите години а поводот е  одбележувањето на 55 години активно постоење и работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

„Овој,  за нас, несекојдневен чин,  доделувањето на  високото  опшественото признание  „Повелба на Република Македонија“  на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, токму сега, кога Советот одбележува важен јубилеј  – 55 години постоење и активно дејствување,  за Советот,  претставува голема чест, доверба, обврска и мотив повеќе,  во иднина да продолжиме  уште  поинтензивно да работиме кон остварување на нашите заложби за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди
“, изјави претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски по повод доделувањето на високото признание од Претседателот на Република Македонија.

 

Мал број организации во Република Македонија кои можат да се пофалат со долгогодишна историја и кои повеќе од половина век се присутни, активни и поддржани од граѓаните. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со своите активности, изминативе 55 години, се промовира  како едно од водечките тела во државата за унапредување на сообраќајно превентивното дејствување. Со своите бројни активности, Советот секојдневно ја демонстрира својата посветеност за градење општество со високо ниво на сообраќајна култура, општество со ефикасен систем за управување и контрола на патниот сообраќај, додаваат од организацијата.

 

Во рамките на активностите за одбележување на 55 години постоење  и активна работа  на   РСБСП  изразуваме благодарност до сите општествени чинители  кои на било кои начин го поддржуваат  и помагаат РСБСП  во   остварувањето  на  високи хумани и цивилизациски вредности, како што е спасувањето  човечки животи и намалување на бројот на загинати и  повредени лица во сообраќајни незгоди и воедно уште еднаш ги повикуваме сите граѓани да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот, да покажат личен пример и секој учесник во сообраќајот да даде свој придонес за безбедно одвивање на сообраќајот.

 

По повод јубилејот,  55 години постоење и активно дејствување  на Републичкиот советза безбедност на сообраќајот на патиштата,  вчера вечер во салата на Македонскиот народен театар во Скопје се одржа свечена академија.  На настанот присуствуваа голем број на афирмирани лица, експерти, професионалци  и многу други  кои изминатите 55 години беа дел од работата на РСБСП и  дадоа свој личен придонес и белег во унапредување на сообраќајна култура и подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

 

Во рамки на академијата свое обраќање имаше претседателот на РСБСП Стаменковски која ја потенцира убеденоста и силната верба во тоа што Советот го работи и нагласи дека Советот и во иднина со уште посилен интензитет ќе работи за добробита на заедницата и општеството  со единствена цел безбедно патување и сообраќај без жртви.

 

Државниот секретар во Министертвото за внатрешни работи Сања Димитриевска во своето обраќање на настанот истакна дека Министерството за внатрешни работи во своето работење става подеднакво акцент, како на превентивната компонента, и сообраќајно – превентивното дејствување, така и на присилата, односно санкционирањето на учесниците коишто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи  но потенцира дека колку и да настојува  Министерство за внатрешни работи,  не можеме да биде на секој дел и во секое време од сообраќајната мрежа во Р.Македонија, и токму поради тоа, нагласи суштински важна е улогата на РСБСП   во градење на ефикасен систем за справување со сообраќајните незгоди и жртвите од сообраќајни незгоди преку едукација и подигање на свеста и одговорноста  на учесниците во сообраќајот.

 

Во знак на добра соработка, силна поддршка и делење заедничка визија за побезбеден сообраќај плакети добија: АМСМ, МВР, Црвен Крст и Никола Ангелески – поранешен претседател на РСБСП.

 

Заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе остана  во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал  за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Република Македонија./крај/мф/бс

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Левица го осуди настапот на премиерот Мицкоски, со кој легитимните синдикални барања за зголемување на минималната плата ги оцени како...

Македонија27 минути

По срамниот настап во Собранието, Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за членка на комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед ја повлече својата кандидатура за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако нејзиниот настап во...

Македонија27 минути

(Видео) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија...

Свет45 минути

Данската премиерка: Светскиот поредок каков што го знаеме е завршен

Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека ерата на сегашниот светски поредок е завршена, велејќи дека не верува дека некогаш ќе...

Македонија55 минути

Независниот полициски синдикат против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест

Згрозени сме од мешањето на политиката и поддршката која опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат...

Македонија2 часа

Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ

„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве...

Македонија2 часа

„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и...

Свет3 часа

Фицо шокиран од Трамп: „Тој е опасен и полудел“

Словачкиот премиер Роберт Фицо им рече на лидерите на Европската унија на самитот минатата недела дека неговата средба со Доналд...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Уште една прекрасна армада прекрасно плови кон Иран токму сега

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, уште една прекрасна...

Свет4 часа

(Видео) Санти мраз во Њујорк, има мртви, температурите под нулата: Бура ги опустошува САД

Санти мраз и делумно замрзнатите делови од реката Хадсон беа пријавени по силната зимска снежна бура во вторник, 27 јануари,...

Свет4 часа

(Видео) Американска конгресменка нападната со непозната течност во Минеаполис

Американската конгресменка, Илхан Омар, беше нападната со непозната течност за време на јавна трибина во Минеаполис во вторник. Полицијата соопшти...

Европа4 часа

Русија бара територијални отстапки од Украина, Зеленски сака средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да преговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, за чувствителни прашања како дел...

Европа5 часа

Колку Руси и Украинци загинаа во војната? Анализа откри застрашувачки бројки

Бројот на руски и украински војници убиени, ранети и исчезнати во речиси четиригодишната војна би можел да достигне два милиони...

Македонија5 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија5 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик....

Македонија16 часа

МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации

Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија....

Македонија17 часа

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водење на отворен дијалог

Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за...

Македонија21 час

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...

Македонија22 часа

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија23 часа

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...