Контакт

Daily news

Советници во Белата куќа најавија оставки по одлуката на Трамп за напуштање на Парискиот договор

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Сопственикот на „Тесла“, милијардерот Илон Маск и директорот на „Волт Дизни“ Роберт Игер соопштиле дека ќе го напуштат советодавното тело на Белата куќа после одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да се повлече од Парискиот договор.

„Го напуштам претседателскиот совет. Климатската промена е вистинита. Напуштањето на договорот од Париз не е добро ни за Америка ни за светот“, наведе Маск на Твитер.

Игер, извршниот директор на Дизни, напишал на Твитер дека “од принципиелни причини“ дава оставка од местото во советодавното тело на Белата куќа.

И извршниот директор на компанијата “Џенерал електрик“ Џеф Имелт, кој не е во круговите на советници на Белата куќа, ја осуди одлуката на Доналд Трамп.

„Разочаран сум од одлуката за Парискиот договор. Климатските промени се реални. Индустријата треба сега да ја преземе водечката улога и да не зависи од владата“ – се наведува во пораката на Имелт на Твитер.

Трамп вчера објави дека САД се повлекува од Парискиот договор за климата и веднаш да се прекине “комплетната примена“ на одредбите на Парискиот договор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет1 час

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија2 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија3 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија3 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ4 часа

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа7 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет8 часа

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа8 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија8 часа

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија18 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет19 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија22 часа

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ22 часа

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион1 ден

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет1 ден

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија1 ден

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија2 дена

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...