Контакт

Daily news

„ТИГО фајнанс“ отвори 3 филијали во Скопје каде што може да земете КЕШ кредит веднаш!

Објавено пред

Во Македонија почна со работа современо финансиско друштво „ТИГО фајнанс“, кое работи посветено за корисниците, применува иновативна и модерна технологија и притоа нуди брз и уникатен производ. Во „ТИГО фајнанс“ веруваат дека секој корисник треба да има пристап до финансиска помош кога му е најпотребна.
Аплицирањето е возможно 24/7 на веб-страницата www.tigo.mk или, пак, во нивните новоотворени филијали, каде што корисниците добиваат информација за само 30 секунди за максималниот износ на пари којшто им стои на располагање. „ТИГО фајнанс“ нуди можност за аплицирање за кредити во износ од 2.000 до 60.000 денари, со рок на отплата 7, 14 или 30 дена и 3, 6 или 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

За првпат во Македонија „ТИГО фајнанс“ е единствено финансиско друштво кое во своите филијали врши исплата на кредити во КЕШ, а притоа првиот кредит е БЕСПЛАТЕН (0%) за сите нови клиенти.

Филијалите се наоѓаат во три општини во Скопје и тоа:

во Центар во зграда Тифани,

во Карпош во Лептокарија, и

во Ѓорче Петров, веднаш спроти општинската зграда.

Бесплатниот кредит овозможува корисниците да земат кредит со еднократна отплата во висина од најмногу 12.000 денари, и да вратат исто 12.000 денари, со 0% ТРОШОЦИ за аплицирање, 0% КАМАТА и 0% ПРОВИЗИЈА.

Покрај исплатата во КЕШ во филијалите на друштвото, постои опција и за исплата на одобрените кредити преку банкарски трансфер на трансакциска сметка во рок од 1 час.

Работното време на филијалите е од понеделник до сабота од 10:00 до 18:00 часот, а контакт-центарот за онлајн поддршка работи од понеделник до сабота од 08:00 до 20:00 часот.

„ТИГО фајнанс“ одговара на потребите и желбите на корисниците со ограничен пристап до банкарски услуги, а кредитите тие ги добиваат на едноставен и удобен начин, со максимална транспарентност. Кредитирањето никогаш не било полесно!

Информации во врска со кредитите сите заинтересирани можат да добијат на официјалната веб-странicа www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија7 часа

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија10 часа

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ11 часа

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија11 часа

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија12 часа

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...

Македонија14 часа

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...

Македонија14 часа

Ако има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот...

Македонија15 часа

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од...

Македонија15 часа

ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин,...

Македонија16 часа

(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на...

Свет17 часа

Претседателот на „Харвард“: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет17 часа

„Харвард“ ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа18 часа

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...

Македонија1 ден

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион1 ден

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет1 ден

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет1 ден

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија1 ден

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија1 ден

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...