Контакт

Daily news

Тимоние: Изборите беа фер и демократски

Објавено пред

Локалните изборите беа организирани во фер и демократска атмосфера, а Франција ќе продолжи со поддршката во медиумската сфера, истакнале денеска на средба министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, и амбасадорот на Франција во Македонија, Кристиан Тимоние. Генерално, атмосферата беше видно порелаксирана и во областа на медиумите, што е лично Ваша заслуга како министер задолжен за медиумскиот сектор и на Владата, рекол Тимоние.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговарало и за актуелната состојба и оценките за напредокот во медиумската сфера, напредокот на најавените реформи на законската регулатива во медиумскиот сектор, а договорени се и неколку билатерални средби на министерско и премиерско ниво.

– Македонските граѓани на локалните избори гласаа цивилизирано, во слободна и демократска атмосфера, без никаква пресија, која беше присутна во минатото и тоа беше изненадување и за нас – истакнал Поповски и додал дека Владата ќе продолжи со обезбедување услови за слободата на говорот, транспарентното и отчетно работење на институциите бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари.

Изразувајќи задоволство од резултатите на локалните избори, министерот Поповски изразил уверување дека Владата ќе продолжи со поддршката на граѓанскиот концепт на централно и локално ниво, посебно акцентирајќи ги медиумските реформи предвидени во рамките на планот 3-6-9 во насока на забрзување на евро-атлантските интеграции на земјата.

– Според извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во најголем дел немаше притисок врз медиумите во врска со нивното известување на изборите и за време на кампањата, иако, за жал, некои медиуми продолжија со небалансираност – рекол Поповски нагласувајќи дека актуелната заложба на Владата е презентирање на вистината и објективно информирање.

Амбасадорот Тимоние бил информиран и за плановите и текот на ревидирањето на јавниот сервис, Македонската радио-телевизија (МРТ), како и со состојбата на печатените медиуми.

Министерот Поповски информирал дека реформите во медиумите, вклучувајќи ги и измените на законските прописи, се носат врз основа на утврдените сугестии за реформи на експертската група на Рајнхард Прибе и врз основа на широката јавна расправа со медиумските претставници, здруженија и експерти за време на процесите во рамките на преговорите од Пржино.

– Покрај предвидените реформи од планот 3-6-9, реализиравме и одредени барања што однесуваат на медиумскиот сектор. Донесовме одлука за поддршка на истражувачкото новинарство, бесплатен пристап до информациите од Централниот регистар и Агенцијата за катастар на недвижностите – рекол Поповски.

Двајцата соговорници разговарале за заложбите на Владата на Република Македонија кон отвореност и целосна транспарентност на сите институции кон граѓаните, редовно објавување на дневните редови и записници од седниците на Владата на веб-страницата, одржување прес-конференции, како и редовни неделни брифинзи со претставници на медиумите.

Во делот шест од агендата, најавил Поповски, во наредните месеци планираат да отворат јавна дебата за согледување на потребата од измени и дополнувања на Законот за медиумите, во која ќе учествуваат невладини и граѓански организации, новинарски здруженија и меѓународни организации. Според Поповски, доколку на граѓанската дебата се согледа потреба од измени на Законот, предлог-законското решение ќе биде ставено на дневен ред на седница на Влада, а потоа ќе се испрати во Собранието на РМ.

Францускиот амбасадор, пак, ги поздравил најавените мерки за отворање истраги од страна на Министерството за внатрешни работи за пријавени притисоци од страна на новинарите и граѓанските здруженија, како и за заложбите за изнаоѓање решение за помош на печатените медиуми кои се во замирање. Воедно, министерот Поповски го запозна Тимоние со размислувањата и предлозите на Владата за евентуално субвенционирање на печатените медиуми во Македонија истакнувајќи дека посебно се води сметка да се изнајде соодветен начин за да се избегнат обвинувањата за политичко влијание врз овие медиуми.

Амбасадорот Тимоние забележувајќи дека Владата знае каде оди со чекорите што ги презема, ја изрази подготвеноста на Франција да помогне во медиумската сфера, да ги помага новинарските здруженија, особено ЗНМ, и да размислува во правец на помош на печатените медиуми, стои во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет51 минута

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет3 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет15 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија21 час

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија22 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ1 ден

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....