Контакт

Daily news

Франција ќе гласа утре, кои се можните сценарија?

Објавено пред

Претседателските избори во Франција, што ќе се одржат утре,ќе ја решат не само иднината на Франција, туку и целиот поредок на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

 

Марин Ле Пен, лидер на екстремниот десничарски Национален фронт, во текот на својата кампања истакна дека ќе иницира процес на излегување на Франција од Европската унија,што не беше примено со воодушевување во Брисел. Таа исто така рече дека ќе започне процес на повлекување на земјата од НАТО, нагласувајќи дека Франција треба да решава за својата надворешна политика. Во неколку навратиЛе Пен ја истакна својата поддршка за Русија и за Владимир Путин при што изјави дека му се восхитува, затоа што на неговата нацијата и го вратил чувството на гордост.

 

Кандидатот на центарот, Емануел Maкрон, пропагира социјален либерализам, про-европски “трет пат” и прогресивизам. Тој исто така вети “демократска револуција” и “ослободување на францускиот потенцијал.” Многумина го сметаат за економски реалист и сметаат дека е доволно обучен да ја води земјата, а во прилог му оди младоста. Какви се шансите на едниот и на другиот и како да се толкуваат актуелните случувања, зависи од исходот на неколку дилеми:

 

Француските политичари веднаш по првиот круг на изборите обезбедија  поддршка за Макрон.Дали таа поддршка ќе придонесе за неговата победа?

 

Идеолошкиот спектар во Франција веќе не е поделен на лево и десно. Тоа се рефлектира на политичките сили кои се за или против Националниот фронт. Претседателските кандидати кои освоија голем број на гласови во првиот круг  отворено го поддржаа Макрон во последната трка за претседател. Ако гласачите ги слушаат своите кандидати, сигурно е дека Maкрон ќе биде новиот претседател на Франција.

 

Зошто за прв пат во историјата, ниту една од двете најголеми партии нема свој кандидат на претседателските избори?

 

Франција се приклучи на светскиот тренд на “криза на естаблишментот” во кој на политичката сцена стапуваат кандидати на екстремната десница и левица. Кризата на социјалдемократските идеи не е присутна само во Франција, поради разочарувањето од Оланд, туку се манифестира и во Шпанија, Грција и Холандија. Од друга страна, пак, републиканците во Франција не го искористија тоа за да ги поразат социјалистите, бидејќи нивниот кандидат Франсоа Фијон како омилен избор ги загуби сите шанси за победа по аферата со фиктивно вработување на неговата сопруга.

 

Може ли Макрон да биде добар претседател, со оглед на тоа дека нема да има свое мнозинство во Прламентот бидејќи не припаѓа на ниту една од двете водечки партии во Франција?

 

Клучно прашање е дали по евентуалната победа Макрон ќе обезбеди за себе широка политичка поддршка. Парламентарните избори ќе се оддржат во Франција во јуни и доколку Французите гласаат за партиите што традиционално ги поддржуваат, на Макрон му преостанува само да направи компромис со некоја од доминантните политички партии , во спротивно има мали шанси да ги спроведе клучните промени.

Може ли сепак да победи Марин Ле Пен  и што ќе значи тоа за Франција и ЕУ, со оглед на тоа дека во овој случај се предвидуваат речиси апокалиптични сценарија?

 

Шансите за нејзината победа се мали, но не и невозможни. Во овој случај постојат две можни сценарија. Првото сценарио е навистина да го спроведе ветувањето за референдум за излегување на Франција од ЕУ – Фрегзит. Второто е да ги релативизира своите ветувања и да се соочи со сите негативни последици од предложените сценарија, како на пример Доналд Трамп во однос на НАТО и Кина.

 

Марин Ле Пен рече дека ако стане претседателка ќе го поништи признавањето на Косово. Реален ли е нејзиниот став?

 

Прашањето за Косово сигурно нема да биде на листата на приоритети на Марин Ле Пен.Освојувањето на власта ќе ја соочи со вистинските полуги на моќ и обврската да ги исполни сите ветувања кон француските гласачи. А,   редефинирањето на односите со ЕУ и излегувањето евентуално од неа значи дека Франција ќе се сврти кон себе и ќе ги игнорира надворешнополитичките прашања во догледна иднина.

 

Сите анкети предвидуваат дека Maкрон ќе победи во вториот круг со 60 отсто наспроти 40 отсто за Ле Пен. Реален ли е тој исход?

 

Резултатот е многу реален,ако некои од потезите или изјавите на Макрон радикално не ја сменат рамнотежата на моќта. Неговата неодамнешна негативна изјава за Европската унија беше обид да ги осигура своите гласачи, како и да преземе некои од поддржувачите на Марин Ле Пен. Можно е во финишот на трката Ле Пен со некој силен потег да се обиде да ја смени сегашната рамнотежа на моќ.

 

Што е најдобра опција за Франција, но и за Европа, ако се земат во предвид мигрантската криза и Брегзит?

 

Победата на Макрон ќе и даде на Франција уште една шанса да ги заврши  внатрешни реформи и да го редефинира своето место во Европската Унија. Многу од прашањата што покрена тој, како што е реформата на еврозоната и безбедност на ЕУ, бараат широка поддршка од другите земји-членки, особено од  Германија. Макрон економски гледа можност да го искористи Брегзит за да Париз стане финансиски центар на Европа преземајќи ја титулата од Лондон.

 

Отворено прашањето е, сепак, дали е тој доволно способен за такви политички и економски промени.Но, со победа на Ле Пен ќе и дојде крај на  Европската унија каква што ја знаеме, бидејќи со Брегзит, со изборите во Германија, со мигрантската криза и со честите терористички напади таа ќе се соочи со повеќе проблеми отколку што може да поднесе во овој момент. Ако Макрон разочара како претседател, на следните претседателски избори позицијата на Ле Пен ќе биде засилена со нов контингент гласачи. крај/мф

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Македонија2 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет3 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија3 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија4 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион4 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет5 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет6 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет6 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа6 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија22 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија23 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија24 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија1 ден

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...