Контакт

Daily news

Aнализа за почетокот на летната туристичка сезона

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Туристичко-угостителската комора на Македонија (ТУК) излезе со анализа пред почетокот на летната сезона, во која вели дека дел од аранжманите се продадени. Тоа е резултат на создадената навика кај граѓаните за неколкумесечна предвремена резервација на летните одмори и поради вклучениот попуст што го даваат агенциите.

 

„На прагот на летната сезона дел од македонските туристи веќе имаат одлучено и резервирано аранжмани за ова лето. Тоа го направиле уште на крајот на минатата година, поради актуелните попусти кои се нудат со раната резервација. Сепак, како резултат на случувањата и неизвесноста поголем дел од граѓаните сè уште не се одлучиле каде ќе летуваат годинава и термините за одмор ги добиваат подоцна во текот на сезоната. Тогаш, застапена е побарувачката ‘Last Minute’, која е поволна, но изборот е сведен на минимум и дефинитивно кога станува збор за заштеда на семејниот буџет, многу попристапни се раните резервации. Туристичката понуда за оваа летна сезона е различна, од вообичаените аранжмани за Грција, Турција, па сè до понуди за Азурниот Брег, Шпанија, Малдиви, Сејшели, Маурициус, Бали, Куба и други поегзотични и нетрадиционални дестинации. Најбарани се аранжманите за Грција и Турција со анталискиот регион. Добрата организираност, високиот квалитет на услугата во хотелите, морето и поволната клима се секогаш причини поради кои Турција се бара и посетува. Годинава цените за Турција се многу поволни и  се движат од 299 евра по лице вклучувајќи и авионски превоз, хотел со пет ѕвезди“, вели Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК.

 

Од ТУК очекуваат поради близината и актрактивноста Грција и годинава да биде најпосетена дестинација за македонските туристи.

 

„Согласно сегашниот тек за претстојната летна сезона, Грција останува најбарана дестинација. Македонските туристи знаат што да очекуваат со уплатата на аранжманот, цената си го носи и квалитетот зависно дали хотелско или апартманско сместување, а секако и дестинацијата. Застапеноста е поголема за поблиските места, а често граѓаните одат и на проверени дестинации, онаму каде летувале, и тоа го прават години наназад. За пред и по сезона има голема заинтересираност поради тоа што се работи за поевтини понуди и се случува  граѓаните да одат и по двапати на одмор. Во екот на сезоната интересот е голем за островите во Грција, особено од помладата популација. Како агенција работиме на зголемување на понудата, последните години хит дестинации се островите Скијатос, Лефкада, Амулијани. Што се однесува до цените,  има мали поместувања нагоре, но долгогодишното партнерство влијае да не се зголемат цените кон нас, квалитетот и услугата да останат исти, а ние понатаму остануваме коректни и можеме да понудиме прикладни цени и кон домашните туристи “, изјави Александар Чоневски, првиот човек на „Игуана травел“.

Во последните неколку години туристите кои сакаат да излезат од класичниот одмор пројавуваат интерес и за далечните дестинации, како Дубаи и другите Емирати, Рас Ал Кајам, Ајман и, секако, за Куба, Малдиви, Занзибар и други егзотични дестинации, како и за крстарења.

„Овие дестинации стануваат сè поатрактивни за нашите патници, како замена за класичен одмор од седум до десет дена само на едно место. Посебно оваа година, поради цената, атрактивни се понудите за одмор во Египет и Тунис и за дестинации како Крит и Родос. Покрај веќе познатите дестинации, кои ги нарекуваме еден вид традиционалните одмори, она што ние ексклузивно го нудиме е летување во Обединети Арапски Емирати, кое почнува од јули поради достапните  летови од Скопје до прекрасни плажи и хотели со вистински 5 ѕвезди. Нашата понуда е  за Рас Ал Каимах, Шаржа, Ажман, а веќе е достапна за секого, притоа  имајќи ги  предвид фамилијарните одмори во хотел, две деца може да летуваат гратис. Летување на некоја од егзотичните дестинации без визи и со прифатливи цени како Занзибар, Бали, Шри Ланка, Куба се само дел од нашата богата понуда“, изјави Мимоза Конеска-Каимовски, генерален менаџер на „Војажер“.

Според ТУК, годинешната летна туристичка сезона,  согласно првичните проценки кои се направени, има мали осцилации поради влијанието на политичката криза. Но, се очекува  стабилизација на пазарот



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија10 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија12 часа

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија12 часа

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија13 часа

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија14 часа

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија14 часа

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ15 часа

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет16 часа

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет17 часа

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет18 часа

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа19 часа

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа19 часа

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа19 часа

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...

Европа19 часа

Русија се огласи за преговорите: Ѓаволот е во деталите

Процесот на договарање на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде комплициран за Москва и Киев...

Свет1 ден

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...

Свет1 ден

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми. Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа,...

Македонија1 ден

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија1 ден

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...