Контакт

Анализа

ЕУ сака гарантиран пристап до американските нафта и гас

Објавено пред

Европскиот унија сака САД да ги укинат ограничување на извозот на сировата нафта и на природниот гас во рамките на актуелните преговори за трговија, се наведува во интерниот стратешки документ во Брисел.

 

Европската комисија посакува од Вашингтон „правно обврзувачка одлука (…) со којашто се гарантира слободен извоз на нафтените и гасните ресурси“, се наведува во стратешкиот документ на Европската комисија, чии делови објавија во средата американскиот дневен весник The Washington Post и европскиот информативен портал EUobserver.Европските и американските функционери следната седмица ќе го одржат шестиот циклус на преговорите за амбициозното трансатлантско трговско и инвестициско партнерство чијашто вредност се проценува на 100 милијарди евра на годишно ниво.Иако со трговскиот договор веројатно би се укинал поголемиот дел од преостанатите царински препреки, вистинската вредност би ја претставувало усогласувањето на регулативата и споделувањето на сировините, коментира EUobserver.Енергијата е еден од приоритетите на европските челници во овие преговори. Во документот до кој дошле споменатите медиуми, се тврди дека „не би требало да биде тешко да се воведе поглавје со прописи за трговијата и вложувањата во енергетскиот и во секторот на сировините“.Европската унија, така, бара САД да се откаже од барањето пред одобрувањето на извозот Вашингтон да оценува дали е во јавен интерес, со што постапката за издавање на извозните дозволи би била според автоматизам и скратена. ЕУ, во прв ред, е насочена на сигурен пристап до американскиот природен гас и нафта од шкрилци кои би ја намалиле нејзината зависност од рускиот извоз на овие енергенси. Многу земји членки на Европската унија имаа значајни наоѓалишта во пластовите на шкрилци, но повеќето засега не се наклонети на експлоатација поради стравувањата од загадување од хидрауличното фрактурирање и протестите на еколошките активисти, Од друга страна, пак, извозот на гасот би можел да ја зголеми цената на овој енергенс за американските граѓани и компании во чиј прилог одеше 50-процентниот пад на цените во енергијата во изминатите пет години и американските преговарачи засега ги одбиваат барањата за укинување на извозните ограничувања, забележува EUobserver./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Daily news

Според Дрилон Исени, економскиот раст од 1,5 отсто неостварлив

Објавено пред

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека годинава ќе ја заокружиме со максимум 0,7 отсто економски раст наспроти последните процени на Светската банка за раст од 1,5 процент.

– Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светската банка или 2,5 процента на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот -1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да биде пет отсто, што нема логика – вели извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени.

Исени и оперативниот директор на Комората, Миљаим Амети, порачуваат државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау, што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

Прикажи повеќе...

Daily news

Богов песимист, не очекува никаков раст годинава

Објавено пред

Продолжената политичка криза и нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме некаков раст оваа година, по падот во првата половина, изјави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов во интервју за агенцијата Ројтерс, додавајќи дека нашите превидувања од април за економски раст од 2,5 проценти очигледно биле премногу оптимистички. Тој натаму нагласува дека имајќи предвид оти во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто, би „бил среќен ако оваа година ја завршиме со
позитивен економски раст“.

Британската агенција потсетува дека македонската економија лани оствари раст од 2,4
отсто, но во вториот квартал од оваа година БДП падна за 1,9 отсто, што е негово прво
намалување од 2012 година.

Богов во интервјуто натаму наведува дека македонската економија следната година може
повторно да бележи раст, доколку се стабилизира политичката ситуација.

– Доколку имаме целосна политичка стабилност и економски политики од новата Влада,
можеме да очекуваме растот постепено да се врати на трендот што го имавме пред да
западнеме во политичката криза во 2015 година, вели Богов.

Гувернерот на централната банка очекува Владата да продолжи со фискалната
консолидација со цел да го стабилизира буџетскиот дефицит, кој се проценува на околу три
отсто за оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион1 час

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но кажа...

Македонија2 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион2 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија2 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион12 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион13 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион14 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет17 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион19 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија19 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија20 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија22 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион22 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион23 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион23 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет1 ден

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет1 ден

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Досие