Контакт

Анализа

Русија може да ги укине санкции доколку партнерите бидат конструктивни

Објавено пред

Рускиот премиер Дмитриј Медведе во четвртокот објави дека на сила стапи едногодишната „целосна забрана“ за увоз на повеќето прехранбени производи од Европската унија и САД, поради нивните санкции воведени против Русија, и почара дека овие мерки можат да бидат отповикани доколи „нашите партнери покажат конструктивен пристап“ во поглед на санкциите против Русија.
 

dobivaj vesti na viber

Рускиот премиер Дмитриј Медведе во четвртокот објави дека на сила стапи едногодишната „целосна забрана“ за увоз на повеќето прехранбени производи од Европската унија и САД, поради нивните санкции воведени против Русија, и почара дека овие мерки можат да бидат отповикани доколи „нашите партнери покажат конструктивен пристап“ во поглед на санкциите против Русија.

 

Забраната се однесува на увоз на говедско и свинско место, на месо од живина и месни преработки, риба и други морски плодови, сирења, млеко и други млечни производи, овошје, зеленчук и јаткасти плодови од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка, се наведува во одлуката којашто во четвртокот на објави на својата интернет страница.

Одлуката на владата е објавена откако во средата навечер рускиот претседател Владимир Путин издаден декрет со кој ја повика да ги воведе привремените делумни или целосни ограничувања на увоз на повеќе прехранбени и производи од земјите коишто воведоа санкции против Русија во врска со украинската криза.

Популарноста на Путин, притоа се искачи на 87 отсто, што е најголемата поддршка што ја ужива кај руските граѓани од времето на воената интервенција во Грузија во 2008 година кога изнесуваше 88 проценти. Исто така, истражувањето на јавното мнение што го спроведе независниот центар Левада покажа дека Русите не се плашат од санкциите.

„Во сите санкции нема ништо добро и ова не беше лесна одлика, но тоа моравме да го сториме. Тоа секако е сериозна одлука за произведувачите во тие земји“, истакна во четвртокот рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Со забраната не е опфатен увозот на детска храна и руските државјани производите кои се забранети за увоз ќе можат да ги купуваат во странство, но нивната препродажба во Русија строго ќе биде санкционирана, предупреди Медведев. Тој вети дека ќе го спречи растот на цените и ќе го искористи ембаргото да ги ослободи рафтовите во продавниците за руските производители.

Русија е најголемиот увозник на овошје и зеленчук од Европската унија. На пример, во 2011 година откупила 21,5 отсто од извозот на зеленчук на ЕУ и 28 проценти од целото овошје што ЕУ го извезувала.

Русија увезува и многу американско пилешко месо, така минатата 2013 година откупила 276 илјади тони, што е 8 отсто од американскиот извоз, објави американското министерство за земјоделие. Единствено соседното Мексико увезува повеќе американско пилешко месо.

Веднаш откако Кремљ го објави декретот на претседателот Владимир Путин, руската служба за фитосанитарна контрола јави дека во четврток со амбасадорите на Еквадор, Бразил, Чиле и Аргентина ќе разговара за можноста да увезува од овие земји. Претседателот на бразилското здружение на преработувачи во живинарската индустрија Франциско Тура веднаш во Сао Паоло најави дека оваа земја во Русија може да испрати дополнителни 150 илјади тони пилешко.

Руската централна банка објави дека забраната за увоз на евтини производи го отежнува контролирањето на инфлацијата којашто во јули падна на 7,5 отсто на годишно ниво, но и натаму е значително повисока од 6,5 отсто колку што беше минатата година.

Рускиот премиер потврди дека Москва разгледува и забрана за прелет за европските и американските воздухопловни компании над руската територија, а засега се одлучила за забрана за прелет само за украинските авиопревозници. Претходно во вторникот руските медиуми пренесоа дека како одговор на економските секторски насочени санкции од ЕУ поради кризата во Украина, се разгледува воведување на ограничување или забрана за европските и американските компании за користење на рускиот воздушен простор, што би довело до зголемување на цените на трошоците за нивните летови од и кон азиските дестинации. Исто така, ваквата одлука би одела на штета на европските компании а во позла на азиската конкуренција.

Ваквата одлука би претставувала руски одговор, откако претходно рускиот нискобуџетен авиопревозник „Доброљот“, кој е во сопственост на државната компанија „Аерофлот“, мораше да ги откаже сите летови минатата седмица што предизвика илјадници руски туристи да не можат да се вратат во татковината, поради санкциите на ЕУ кон авиопревозниците кои летаат на Крим. Во март овој црноморски полуостров, по февруарскиот преврат на власта во Киев, на референдум си ја врати автономијата и одлучи да и’ се присоедини на руската Федерација, што Западот го смета за руско анектирање на украинска територија.

Забраната би ги погодила големите европски воздухопловни превозници како „Lufthansа“, „British Airways“ и „Air France“, но би можело да влијае и врз работењето на „Аерофлот“ кој заработува околу 300 милиони американски долари годишно од прелетот на странските авиони низ рускиот воздушен простор.

Од споменатите три компании соопштија дека им се познати дека се разгледуваат таквите забрани и дека се загрижени поради загубите кои би можеле да достигнат милијарда евра по носењето на евентуалната најавена тримесечна забрана.Имено, ограничувањата би довеле до продолжување на летовите, поголемите трошоци за гориво и други дополнителни трошоци за европските воздухопловни компании, што ќе ги зголеми цените на услугите, а со тоа и ќе ги доведе во понеповолна позиција во однос на силната азиска конкуренција.

Западните банки, пак, и покрај економските секторски насочени санкции против Русија, најавуваат големи профити на рускиот пазар.

Поради падот на продажбата во вториот квартал од годинава, американскиот гигант „Coca Cola“ објави во средата дека ќе престане да се рекламира на руските телевизии./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализа

Разорувачкиот пример на економски и социјален „мазохизам“

Објавено пред

Откако пред неполни три години човештвото се соочи со глобалната пандемиска – здравствена криза што мултиплицирано се зголеми на почетокот од оваа 2022 година со руската воена инвазија во Украина, согласно сите извештаи за реалните состојби, научни анализи и аргументирани предвидувања извесно е дека оваа есен – зима ќе кулминираат економската, енергетската, инфлаторната, ценовната и социјалната криза со епски пропорции.

dobivaj vesti na viber

Jeff Bezos, основачот и извршен претседател на „e-commerce” гигантот Amazon, кој е најрелевантен барометар за „здравјето” на јавната потрошувачка односно, клучниот генератор на економскиот развој, предупредува на неизбежност од голема рецесија на светската економија. Истите ставови ги споделуваат и David Solomon (CEO Investment Bank Goldman Sachs) или пак Jamie Dimon (CEO JP Morgan Chase) кој по последното интервју од 10 октомври ќе изјави дека „економијата ќе влезе во рецесија следните шест до девет месеци”.
Elon Musk (CEO Tesla & SpaceX), е уште попрецизен велејќи дека „ние сме веќе во рецесија која веројатно ќе трае до пролетта 2024 година и само најјаките ќе преживеат”.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба која пак ургентно бара вонредни и радикални економски стратегии и оперативни мерки за одржување во живот и избегнување на целосен економски колапс.

Скоро без исклучок сите одговорни политички, економски и финансиски лидери од европските земји се согласуваат со дијагнозата дека се работи за најсериозна ,,ЕГЗИСТЕНЦИЈАЛНА ЗАКАНА” која наметнува неопходност од нови приоритети преку забавување или целосно времено одложување на претходно донесените национални стратегии и развојни проекции.

Метафорично, кризата ги претвори националните економии како „пациент во клинички шок со акутни животно загрозувачки проблеми каде се неопходни интервентни реанимациони процедури а не некакви блазирани совети за долгорочните погодности од поинтензивно пешачење и физички вежби во природа на чист воздух или пак совети за органска исхрана и здрав диетален програм(!?)”.

Така на пример германскиот канцелар и неговиот владин кабинет интервентно одлучија да го стопираат планираното затворање на преостанатите три нуклеарни централи, но и да рестартираат неколку од веќе „пензионираните” нуклеарни капацитети. Од егзистенцијална важност е да се обезбеди електрична енергија за домаќинствата, индустријата и инфраструктурата во Германија.

Ваквата тешка одлука е донесена и под голем притисок на неколку други партнерски земји од ЕУ, како Словачка и Унгарија. Белгија исто така планираше да ги затвори своите два нуклеарни реактори (со капацитет од 2.1 GW) до 2025 година, но во март одлучија да ги задржат во функција барем за уште 10 години. „Bloomberg” објави дека новата влада на Шведска ќе побара од државната компанија „Vattenfall AB” да планира и изгради нови нуклеарни централи за да ја задоволи растечката побарувачка на електрична енергија во земјата.

Притисната од драматичната реалност, германската влада прави „очајнички” обиди за да го задржи функционирањето на националната економија но и запалените светла и снабдување со електрична енергија во сите домаќинства за да се помине зимата. И покрај претходно прифатената обврска на Германија за постепено исклучување на ископување и користење на јаглен до крајот на оваа декада, во оваа нова реалност се вратија назад на најсигурниот и најбрз начин на производство на електрична енергија од фосилните горива. Така, во овие неколку месеци ефикасно возобновија и вратија во функција на неопределено време, најмалку 20 термо електрани на јаглен. Ветерните турбини близу до отворениот коп на рудникот „Garzweiler” во Северна Рајна-Вестфалија а со кој управува германскиот енергетски гигант „RWE”, се демонтираат и отстрануваат за да се отвори простор за проширување на копот и интензивна експлоатација на јаглен.

Дури и најавторитетните граѓански групации за заштита на животната средина се согласуваат дека јагленот е најбрзиот но и најефикасниот одговор на енергетската криза. Karsten Smid од „Greenpeace Germany” вели „Ние мораме да разбереме дека кризната состојба во која би немале енергија, би немале струја нити топлина во домовите и канцелариите оваа зима, е далеку посериозно прашање од било која друга тема и заложба”.
Факт е дека во кризни времиња генерално сите луѓе покажуваат поголем интерес за информации, читање, проучување, слушање и осознавање.

Така дури и најекстремните екологисти ја разбраа и прифатија реалноста дека без рударство и многукратно зголемување на неопходните количини од ретките, критични минерали и метали (бакар, литиум, никел, графит, кобалт…), општоприфатената програма за глобална транзиција во „зелена економија” – е само обична ДЕКЛАРАТИВНА ЖЕЛБА! Според извештаите на Светска Банка, притисокот за „зелена” технологија и производство на енергија од обновливи извори (ветер, сончева и геотермална), како и високософистицираните решенија за складирање на таквата енергија ќе резултира со побарувачка од околу 3 милијарди тони минерали и метали, односно ќе биде потребно 500% зголемување на производството на критични минерали и метали до 2050 година. Неизбежно се наметнува заклучокот дека современото одржливо рударство е клучна алка во процесот на транформација кон „зелената економија”.

Видлив е трендот да големите автомобилски компании како Ford, Chrysler, Volkswagen, Mercedes, кои се обврзаа за забрзана транзиција и замена на нивните производни програми со електрични возила широко достапни до 2035 година (!?), интензивно стратешки се поврзуваат капитално со големите рударски компании кои работат и применуваат нови технологии и високи стандарди за одржливо рударство.

Така и американската администрација на претседателот Joe Biden неодамна додели грант од вкупно 2.8 милијарди долари за значително поттикнување на домашното рударство на критичните минерали и метали потребни за производство на моќните батерии за електричните возила.

Доколку во контекст на сé претходно наведено во овој текст повторно се навратам на разочарувачкиот пример со сосема неоправдано наметнатата неизвесност или повеќегодишниот „limbo” статус на Проектот за мега странската инвестиција – рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”, неизбежно ќе воочиме дека во односот на нашата држава кон овој проект има јасни елементи на економски, финансиски, енергетски и социјален „МАЗОХИЗАМ”.

Искрено, како горд македонски државјанин чувствувам наплив на „срамотизам” при самото потсетување на крајно непристојното игнорирање и упорно избегнување на директна конструктивна комуникација со највисокиот менаџмент и бордот на директори на проектната компанија Euromax Resources, како и со клучните инвеститори со потврдено позитивен авторитет на глобалната деловна сцена. Со неодговорно наметнатата административна „рашомонијада” кон овој Проект (во последните 7 години!), како да постои некаков нерационален „мораториум” за објективно согледување на реалноста и за повлекување на практични и ефективни одлуки. Се прашувам зошто, дури и во вакви најкризни времиња, кај нас се повторува синдромалното пореметување на деструктивна „умствена миопија” додека и понатаму продолжуваме да пимпламе со односот кон нашата колективна иднина.

Пасивноста, игнорантноста и самосожалувањето со својата „мртва тежина” не притискаат и во ваква драматична криза се всушност најголемата неправда кон сите нас. И покрај нашите политички, етнички, верски, социјални и културни различности, крајно време е СИТЕ да се обединиме во справувањето со овие егзистенцијални предизвици, да се обединиме за опстанок но и за прогрес, за отворање на нови работни места, за повисок животен стандард, конечно стопирање на иселувањето, посреќен и подостоинствен живот!

Да бидам конкретен – Во актуелните турбулентни времиња единствена реално остварлива, повторувам единствена реална мега – странска инвестиција која е веќе присутна во нашата држава и е целосно подготвена ВЕДНАШ да започне со оперативна реализација е токму проектот на Euromax Resources за современ рударски комплекс за бакар „Иловица-Штука”! Само за првите две години на изградба обезбеден е буџет за инвестирање на 350 милиони евра; во текот на целиот период на оперативно функционирање редовно ќе се исплаќаат по околу 75 милиони евра секоја година на повеќе домашни кооперанти; секоја година ќе се уплаќаат приближно по 25 милиони евра во државниот буџет, а околу 4 милиони евра во буџетите на локалните управи; рударскиот комплекс ќе генерира редовен извоз од околу 200 милиони евра годишно; според актуелните статистички податоци се проценува дека ќе придонесе за просечно зголемување на Бруто Домашниот Производ – БДП, за околу 4% на национално ниво; за целокупното времетраење со оперативното работење потребни се 3200 нови директни и индиректни работни места од најразлични професии…

Клучен инвеститор е глобалниот деловен гигант – Групацијата TRAFIGURA или една од водечките светски дистрибутерски, трговски, логистички и производни компании. Тие се лидери во секторот на „commodities” или природни суровини кои ни се неопходни за „преживување” оваа зима, како нафта и нафтени деривати, природен гас, LPG&LNG, метали и минерали, енергија и обновливи извори на енергија. Мултинационална корпорација која има свои компании во 48 држави на сите континенти. Во финансиските резултати за 2021 година, Групацијата TRAFIGURA објави приход од 231.3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од македонскиот БДП!), а само за првата половина од 2022 година вкупниот приход изнесува 170.6 милијардри долари и нето профит од 4.7 милијарди долари…

А ние, ние со празните реторики, бескрајните игри и одолговлекувања наместо да побараме соработка неразумно ги присилуваме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект, но и од повеќе други потенцијални проекти во нашата држава каде како партнери со Групацијата TRAFIGURA, сосема извесно и за многу краток период би можеле да постигнеме реален пресврт со забележителен економски, енергетски, финансиски и социјален прогрес.

Д-р. Живко Груевски

ПР

Прикажи повеќе...

Анализа

Мицкоски: Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана-картели, корупција и криминал

Објавено пред

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“ пишува дека „македонските граѓани плаќаат најскапа струја во споредба со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на Владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најевтина струја во Европа. Имено, според Евростат, цената на струјата што македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5 €/MWh“.

dobivaj vesti na viber

„Според Евростат, во првото полугодие од 2022 година граѓаните во регионот плаќаат многу поевтина струја (слика 1) во споредба со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh

Ветуваа живот, евтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн… а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа струја за цена од 69,5 €/MWh (слика 2) или 22,5 % помалку од цената на струјата што ја плаќале во првото полугодие од 2022 година“, стои во објавата на првиот човек на опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Владата ќе направи целосен ремонт на урбанизмот

Објавено пред

Владата подготвува пакет-измени на постојните и носење целосно нови уредби кои ќе ги опфатат законите за градење, за просторно и за урбанистичко планирање, за катастар, за експропријација, за еврокодови, најавува денес „Дојче веле“.

dobivaj vesti na viber

Веќе било формирано национално координативно тело во кое се вклучени претставници од Владата, од министерствата, од општините, од другите надлежни институции, како и од здруженијата на архитекти, на градежници, но и претставници на стручната и научната фела со кое раководи професорот Мирослав Грчев.

„Во следните два месеца ќе изготвиме интервентни измени на кои стручњаците укажаа, пред сè, со цел да се отстранат аномалиите и противречностите. Потоа ќе започнеме со изработка на сосема нов сет закони, процес што ќе трае 7-8 месеци“ откриваат од Владата.

Само Законот за градењето во последните 5 години бил менуван 25 пати. Со ова, според надлежните, настанал вистински хаос во регулативата и на терен. Речиси на иста линија е и стручната фела. Во Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) сметаат дека е крајно време да се воведе ред.

Урбаниот хаос ќе се средува и со законски измени и со засилен надзор, велат од Владата. Сепак, негираат дека ќе има уривање на објекти – сè што досега било направено, а било во рамките на постојните закони, ќе остане.

„Основна цел е подобрување на животот на граѓаните. Урбаниот хаос го нарушува просторот. Во Скопје досега масовно се градеше без план, проблемот е помал во другите градови, но таму не се внимаваше воопшто на она што се нарекува архитектонско решение или урбанистички изглед на локалната единица… Ова е болната точка што ќе треба да ја коригираме иако нема можност состојбата целосно да ја вратиме назад, но мора да ја смениме генералната перцепција дека во сферата на урбанизмот владее хаос, дека владее корупција и тоа е она што нè боли сите нас“, велат извори во Владата.

Архитектите предупредуваат дека, освен законските измени, мора да се донесат и сосема нови урбанистички планови и тоа не само за главниот град.

Каква е моментната состојба доволно зборува податокот дека сега во централното градско подрачје на Скопје во тек е изградба на десетици големи станбени згради, од кои добар дел и со по стотина и повеќе стана.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ49 минути

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ51 минута

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија1 час

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ2 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија2 часа

„Дали Обвинителството штити од кривична одговорност функционери на СДС и ДУИ и во фиока го чува предметот ‘Рекет 2’“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува....

Македонија3 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија3 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион5 часа

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет5 часа

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет5 часа

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа6 часа

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека „подготвува напад врз Русија“

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...

Свет13 часа

Израел: Моќен ураган ќе ја погоди Газа, а покривите на терористичките облакодери ќе се тресат

Израел им порача на жителите на Газа веднаш да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади...

Европа16 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија17 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет18 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија19 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ22 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија23 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија23 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...