Контакт

Компании

„Европа АД“ ја доби битката со „Пионир“ пред српските судови

Објавено пред

Стопанскиот суд во Белград ги отфрли сите обвинувања на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони, соопшти македонската компанија во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

 

Македонската компанија со 132-годишно искуство, чии количини од производот„Бонбон ноар“ пред неколку месеци беа запленети од властите кај северниот сосед, доби и правна потврда на тоа што од самиот почеток јавно го тврдеше – дека овие слатки се оригинални, односно дека воопшто не го повредуваат жигот на српскиот конкурент.

Следна постапка на „Европа“ АД – Скопје ќе биде поднесување тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

 

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат“,вели Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на „Европа“ АД – Скопје. 

 

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и во неа бараше: да се утврди дека „Европа“ АД – Скопје го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“. За секоја од овие точки познатиот македонски бренд доби правна потврда дека се неосновани и целосно отфрлени. Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“.

 

„Ова решение и правно го потврди тоа што ние пред неколку месеци го нагласивме – дека е во прашање крајно несериозно обвинување што нема издржаност во реалноста. „Европа“ АД – Скопје секогаш ги има предвид потребите, почитта и ставовите на своите потрошувачи и знаејќи го тоа на ум, ние никогаш не би си дозволиле да направиме нешто со кое би ја нарушиле таа доверба. Сосема спротивно, понатаму посветено ќе продолжиме да ги подобруваме веќе долго популарните производи, но и да креираме нови“,- истакнува Димитрова.

 

„Европа“ АД – Скопје уште еднаш потсетува дека во поглед на содржината, „Бонбон ноар“ е непроменет продукт којшто се создава повеќе од половина век. Тој за првпат е внесен во каталогот на компанијата пред повеќе од три децении, односно во 1982 година. Под актуелната амбалажа, пак, бонбоната се продава од 2003 и оттогаш е присутна и на пазарот во Србија, значи безмалку цели 11 години. Македонската компанија нагласува дека „Бонбон ноар“ и „Негро“ имаат различен состав.

 

Слично е што обете се базирани на лакрицот како состојка, меѓутоа, процентот на масното полнење, филувањето и изгледот на самата бонбона немаат допирни точки. Лакрицот во светот на бонбоните е применет од неколку стотини производители. Амбалажата на најголем дел од нив е комбинација од црна, бела и црвена боја. Причина за тоа е токму лакрицот чијшто изглед најчесто се комуницира со овој колорит. И глобални марки како „Харибо“, „Салос“, „Јанки“ и „Клене“ за своите бонбони базирани на лакриц со години се придржуваат до истиот пристап, се појаснува во соопштението на скопксата компанија. /крај/

 

Економија

Ќерката на Џафери избрана во Надзорниот одбор за парното во Скопје

Објавено пред

Од АД ЕСМ велат дека Бесијана Џафери Беќири, ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, е избрана во Надзорниот одбор на компанијата за снабдување со топлинска енергија, едно од трите новофирирани друштва регистрирани деновиве со кои државните електрани ќе конкурираат за обезбедување парно греење за Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ,  задачи кои ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени“, додаваат од ЕСМ.

ЕСМ беше задолжена од владата да формира три друштва за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со цел да учествува на јавниот оглас за преземање на парното од БЕГ, на која Регулаторната комисија за енергетика ѝ ги одзеде лиценците.

Во надзорните одбори се назначени: едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување, еден правник и еден економист. Од компанијата појаснуваат дека сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

Прикажи повеќе...

Економија

Лојалната програма на Credissimo заштедува пари

Објавено пред

Credissimo продолжува да ги исполнува желбите на најлојалните клиенти!

dobivaj vesti na viber

Пред само една година Credissimo, Финтек компанијата која е број 1 за онлајн кредити, создаде Лојална програма со која започна да ги наградува своите редовни и коректни клиенти за нивната лојалност. При секое следно аплицирање клиентите добиваат попуст од дополнителните трошоци.

Ова лето, компанијата продолжи да ја надградува Лојалната програма со нови бонуси и бенефиции, коишто овозможуваат најлојалните клиенти да се чувствуваат специјални.

Новата Лојална програма на Credissimo заштедува пари!

Клиентите на компанијата како знак на благодарност за редовноста и лојалноста ќе добиваат среќни детелинки коишто собирајќи ги, во иднина ќе им носат сѐ поголеми попусти.

Освен тоа, секој клиент во својот кориснички профил ќе може да види колку пари заштедил со попустите коишто ги користи од Лојалната програма.

Како се добива Credissimo детелинка?

v Редовно плаќање на ратите, без задоцнување;

v Често користење на услугите на компанијата;

v Колку повеќе земени кредити, толку повеќе бенефиции;

v Навремена целосна исплата на кредитот.

Информација за индивидуалните попусти, бонуси и заштедени суми, секој клиент може да ги види во неговиот кориснички профил на сајтот credissimo.mk.

Ако си клиент на компанијата, најави се во својот профил и види колку детелинки си собрал, кој е твојот попуст од Лојалната програма за следното аплицирање и колку пари си заштедил од попустите.

Ако, пак, не си клиент на компанијата, сега е вистинскиот момент да се довериш на Credissimo! Нивната Лојална програма е секогаш на страната на клиентот!

Аплицирањето за кредит е целосно онлајн, а процедурата на разгледување и одобрување е брза и едноставна. Трансферот на одобрениот износ е веднаш на трансакциската сметка.

ПР

Прикажи повеќе...

Економија

Ѕвездите на брендот Opel од луксузната класа, на врвниот меѓународен Concours d’Élégance (изложба на елегантни возила)

Објавено пред

• „Големата тројка“ на Opel: Kapitän, Admiral и Diplomat го прикажуват стилот на 60-тите

dobivaj vesti na viber

• Пионер: Opel 4/8 PS „Doktorwagen“ од 1909 година го отвори патот за моторизирана мобилност за сите

• Уникатен амбиент: барокната градина на Schloss Schwetzingen има 180 класични автомобили

• Електрифициран: новата Astra plug-in hybrid претставена на „ECOmobil Gala“

Меѓународната Classic Gala (изложба на класици) во Schwetzingen (2-4 септември) е една од најпрестижните concours d’élégance (изложби на елегантни возила) во Светот. Достојно, Opel ќе ја претстави својата луксузна класа од 1960 – серијата „KAD“, составена од Opel Kapitän, Admiral и Diplomat – на овогодинешниот настан. 180 избрани класични автомобили од сите децении ќе бидат изложени во барокната градина на палатата Schwetzingen во Германија. Автомобил од раните денови на моторизираната мобилност и 160-годишната историја на Opel е „задолжително“: токму затоа Opel 4/8 PS „Doktorwagen“ од 1909 година исто така ќе биде меѓу ѕвездите атракции, покрај Admiral V8 и Diplomat V8 Coupé.

Палетата историски автомобили во Schwetzingen ќе биде надополнета со „7. ECOmobil-Gala“, изложба на концепти за одржлива мобилност под мотото „Иднината се среќава со класиката“. Opel ќе учествува

со plug-in хибридната верзија на новата Astra Sports Tourer (комбинирана потрошувачка на гориво WLTP: 1,2-1,1 l/100 km, емисија на CO2 26-24 g/km).

„Шармантниот амбиент и прекрасните автомобили ја прават Classic Gala (изложбата на класици) во Schwetzingen уникатно искуство за изложувачите и посетителите“, изјави менаџерот на Opel Classic, Leif Rohwedder. „Тешко дека може да има подобра прилика да се восхитуваме на луксузната линија на Opel од 1960, автомобили кои се истакнуваа со нивниот едноставен дизајн и нудат највисока удобност за своето време.

“KAD”: “Големата тројка” од Rüsselsheim

Kapitän, Admiral и Diplomat – познати како „KAD“ или „Големата тројка“ – ја претставуваа луксузната класа на Opel во 1960 и 70-тите години. Сите три беа целосно опремени, исклучително пространи и под влијание на современиот американски дизајн. Со должина од 4,95 m и ширина од 1,90 m, луксузната класа на Opel исто така достигна нови димензии.

Додека Kapitän стана најпродаваниот германски патнички автомобил со шест цилиндри, а Admiral дизајниран на успехот на истоимениот предвоен модел, Diplomat го претставуваше врвот на линијата. Opel – кој отсекогаш се залагаше за демократизација на иновациите – беше единствениот германски производител кој понуди комплетна палета на производи во тоа време; од Kadett и Rekord, до Kapitän, Admiral и Diplomat, Opel имаше автомобил за секого.

На овогодинешната Classic Gala во Schwetzingen, Opel ќе го прикаже Diplomat V8 Coupé од 1966 година, како и Admiral V8 од 1965 година. 5,4-литарскиот V8 кај Diplomat со моќност од 169 kW/230 КС го придвижуваше четириседот од нула до 100 km/h за 9.5 секунди додека максималната брзина надмина 200 km/h. Ретко кој друг автомобил од германско производство бил побрз.

Admiral со својот врвен мотор од 140 kW/190 КС беше познат и по дво-степениот автоматски менувач „Powerglide“. Произведен од 1964 до 1968 година, вкупно 55,876 возила Admiral А ја напуштија фабриката, од кои само 623 имаа осумцилиндрични мотори. Ова го прави Admiral V8 редок колекционерски предмет денес. Триото KAD во Schwetzingen го комплетира Kapitän од приватен колекционер.

4/8 РЅ „Doktorwagen“: Opel го направи прв автомобил достапен за сите

Посетителите на Classic Gala можат да му се восхитуваат и на првиот автомобил што ја овозможи моторизираната мобилност за сите: Opel 4/8 PS. Во рекламирањето, Opel го прогласи автомобилот како идеален за „лекари, ветеринари и адвокати“, поради што го доби прекарот „Doktorwagen“ (автомобил за лекар). Пионерското возило беше достапно за поволна цена од само 3.950 марки, отворајќи го патот за поширок дел од населението да поседува сопствен автомобил за прв пат. Техничкиот врв беше четирицилиндричниот „моно-блок“ мотор излеан во едно парче.

Паркот на палатата Schwetzingen ќе ги отвори своите порти за посетителите на Classic Gala (изложбата на класици) од петок, 2 септември до недела, 4 септември 2022 година, од 9:00 до 18:00 часот.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Изолација и епидемиолошко следење за сите суспектни случаи на мајмунски сипаници во земјава

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници...

Македонија13 часа

Кабинет на Пендаровски: Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден беше од времен карактер

„Плочата за АСНОМ којашто беше поставена во манастирот ‘Св. Прохор Пчињски’ за Илинден беше од времен карактер со цел да...

Европа14 часа

Силвио Берлускони најави враќање на политичката сцена

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) најави дека ќе се кандидира за место во Сенатот на изборите следниот месец и...

Топ14 часа

Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор од над 10 години

Од МВР информираат дека денеска (10.8.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во...

Свет15 часа

Кинескиот амбасадор во Москва: Вашингтон е иницијатор и главен двигател на кризата во Украина

Кина денеска ги нарече САД „главниот двигател“ на кризата во Украина. Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, објавено денеска,...

Македонија16 часа

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија20 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија21 час

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа21 час

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет21 час

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија23 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет23 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет24 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет24 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет24 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет24 часа

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет2 дена

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет2 дена

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија2 дена

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија2 дена

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...