Контакт

Интервју/Дебата

(Видео) Активистката Ристеска: Ме избркаа од дома поради марихуаната, тие за мене не се родители

Објавено пред

Девојката која јавно пушеше марихуана и снимката ја сподели на социјални мрежи двапати била апсена, но полицијата не може да дојде во нејзиниот дом за да изврши претрес бидејќи активиската Моника Ристеска многу често ја менува локацијата на живеење. Таа за „Макфакс“ вели дека намерно ја провоцирала полицијата бидејќи тоа било нејзин начин да се избори за своите цели, односно за целосна легализација на канабисот. Ристеска полицијците ги нарекува „кучиња“. Последниот упад полицијата го имала пред неколку дена, но во домот на нејзините родители, каде што таа не живее. Откако родителите пред неколку години откриле дека таа консумира марихуана и во домот пронашле саксии од ова растение, активистката Моника Ристеска била избркана од родната куќа бидејќи на ултиматумот „Ќе ја рекламираш твојата дрога или ќе се откажеш за да бидеш под наш покрив“, таа одбрала да почне од почеток, без поддршка од родителите.

dobivaj vesti na viber

„Тогаш знаев дека сум во право. Решив да чекам неколку години, можеби ќе го сменат мислењето. Но, поминаа многу години, тие останаа на истиот став. Јас ѝ кажав на мајка ми ‘Цел свет ќе дознае и ќе ми признае дека сум во право, а вие можеби и тогаш нема да ми признаете, но не морате. Зад мене стои Бог и ангелите ми помагаат, не ми треба вашата помош’. Беше премногу тешко, особено за девојка, да остане буквално сама на улица. Во тие моменти многу се молев и не престанав да верувам дека ќе излезам на прав пат“, раскажува Ристеска за „Макфакс“, додавајќи дека од пред две години нема никаква помош од своите родители.

Ристеска смета дека болката од тешките моменти со нејзините родители е исплачена и закопана во земја. Активистката вели: „Нема ден да не испушам еден џоинт, освен кога нема средства за тоа. Не создава зависност“.

„Мислам дека повеќе треба да чувствуваат вина што себеси се декларираат како верници и одат во црква, а го бркаат од дома своето чедо. За мене, тие не се родители“, додава Ристеска, одговарајќи на прашањето дали нејзините родители сметаат дека таа тргнала на погрешен пат.

Таа смета дека прави добро и им помага на луѓето. По професија е дипломиран новинар, а има и магистратура. Вели дека со многу труд и работа ќе успее да ја крене свеста за користа од канабисот. Ристеска тврди дека е свесна за сите последици од оваа борба.

„Веќе се навикнав дека некои луѓе ме сметаат за наркоманка. Моето мислење за таквите луѓе е дека се крајно глупави и не заслужуваат да живеат. Најчесто на таквите им се случува да им затреба лекот, па да го променат мислењето“, вели Ристеска.

Канабисот се набавува на црниот пазар и го има насекаде, вели Ристеска, додавајќи дека канабисот се произведува во Македонија, но се увезува и од Косово и Албанија. Според неа, секој што ќе набави станува дел од овој пазар.

„Порано полицијата тепаше за еден џоинт, за една семка. Тепаат малолетници. Порано, семејствата како моето, несвесни зошто се против ова, им ги уништуваа животите на своите деца, па ги затвораа и криминализираа. На пример, за еден џоинт ставени се веднаш на метадонска терапија. За тоа се виновни родителите зашто се глупави“, додава Ристеска.

Првпат пробала марихуана на 16 години и се чувствувала прекрасно, и сфатила зошто марихуаната е забранета. Од тогаш била апсена од полицијата, па дури и за време на прославата на својот роденден, кога полицијата кај неа пронашла 25 грама марихуана. Во домот на нејзините родители имало два упади, а последниот бил пред само неколку денови. Вели дека многу читала и се едуцирала и знае за сите позитивни страни на марихуаната, а истовремено тврди дека нема лошо дејство.

„Секое консумирање канабис е медицински, не може да е поинаку ако не го користиме во индустриски цели. Го користам како крема, ми ја разубавува кожата, помага за брчки, црвенило, акни, стрии, побрзо зараснуваат рани, се лечат лузните, сонот ми е подобар“, вели Ристеска раскажувајќи го своето искуство.

Активистката вели дека не мора некој да го консумира за да го поддржи канабисот или како што го нарекува „божјото растение“, и додава: „Водата во големи количини може да биде поштетна од канабисот“. Моника Ристеска тврди дека и понатаму ќе се залага за производството на масло од канабис да може да го прават и поединци а не само правни лица, како и истиот да може легално да се консумира на јавно место.

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Психолози доброволци на терен работат со младите: Беа во шок, потоа имаа лутина, што е нормална емоција, а сега почнува периодот на тага

Тим од психолози доброволци од минатата недела е меѓу учениците, студентите и жителите на Кочани, Штип, Виница, Чешиново, Облешево и...

Македонија1 час

Рустеми и неколку други лица под истрага за злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка...

Македонија4 часа

Николоски: Направени контроли на над 3100 лиценци, во постапка на одземање се 479 лиценци поради неправилно работење

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакана дека од досегашните контроли на над 3100 лиценци во делот на градежното...

Македонија4 часа

Претреси на пет локации во Кочани и во Скопје: одземени дополнителни електронски уреди, извршени распити на лица

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и на Министерството за внатрешни работи координирано преземаат...

Македонија4 часа

Пациентите со тешки повреди на рехабилитација ќе одат во странство, веќе има понуди од неколку западноевропски држави, вели Таравари

Од 115 пациенти повредени во пожарот, кои се лекуваат во странство, денес во земјата се враќа еден пациент, кој се...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски го стопира разрешувањето на јавниот обвинител: Ситуацијата е чувствителна, да им дадеме шанса да сработат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до онаму каде што...

Македонија5 часа

Чибишев: Јован е во одлична состојба, си отиде дома нашиот херој

Херојот од Виница, Јован Костадинов, кој од огнот во кочанската дискотека извлече 21 лице, е испишан од болница во одлична состојба,...

Македонија6 часа

(Видео) Јован Костадинов, храбриот млад човек, кој спаси 21 живот во трагедијата во Кочани, конечно се врати дома

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21...

Македонија7 часа

СДСМ: Бараме одговори, дали актуелните командири и началници од МВР се изземени од истрага?

„И по 24 часа од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, одговор нема. Ова е крајно...

Свет9 часа

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Сеул: пронајдено телото на мотоциклист, кој падна во неа

Човекот кој падна во голема дупка што се отвори на пат во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, е пронајден...

Европа10 часа

(Фото) Зеленски спие под фотографија од Кремљ во пламен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори....

Свет10 часа

„Разговорите во Ријад поминаа исклучително добро“: се огласи и Зеленски

Разговорите меѓу делегацијата на САД и руската и украинската делегација поминаа добро и наскоро се очекува позитивно соопштение, објави вчера...

Македонија20 часа

„Секој еден може да е следен, сакаме да живееме во безбедна држава“: порачаа учесниците на протестниот марш

На Плоштадот Македонија во Скопје започна протестот на граѓанското движење „Кој е следен“. Учесниците бараат одговорност за трагедијата која минатата...

Топ21 час

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп: повредено вработено лице, сторителот уапсен

Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје...

Топ22 часа

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“: возачот на автомобилот уапсен

Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на...

Македонија24 часа

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Да оддадеме почит кон загинатите со садење дрвја во целата држава, општините да ги откажат планираните настани

Управниот одбор на Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) донесе заклучок со кој ќе препорача сите локални самоуправи да ги откажат...

Македонија1 ден

За разлика од порано кога виновен беше кабелот, сега има истрага и приведувања, рече Петрушевски и повика да не се злоупотребува трагедијата

Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата, изјави на прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски додавајќи дека Социјалдемократскиот сојуз се...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ги разбирам граѓаните што сакаат да го изразат револот на протест, но немам оправдување за политичките глодачи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има разбирање за оние што решиле преку демократската алатка, како што е протестот, да го изразат...

Македонија1 ден

Се собираат писмени изјави за да може да се достават парите од Црвениот крст за настраданите во пожарот, засега донирани 54 милиони денари

Над 54 милиони денари засега се собрани на сметката на Црвениот крст за настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во...