Контакт

Македонија

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Објавено пред

Монструм

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Претседателот на судечкиот совет, кој го води случајот „Монструм“, Огнен Ставрев, на денешното рочиште рече дека третпат се обратил до Министерството за правда да се информира за постапката. Оттаму му било кажано дека таа е во тек, но сè уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.

Предметот „Монструм“ од страна на Врховниот суд е вратен повторно во судска постапка од почеток кога на доживотна казна затвор за тероризам беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.

Основниот суд во Приштина веќе еднаш на 29 октомври 2015 година донесе одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

Македонија

Мајката на исчезнатиот Пино, најави протест пред Собрание

Објавено пред

Мајката на 26 годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска во понеделник пред Собранието, со почеток во 16.30 часот, организира протест со цел притисок врз надлежните институциите за пронаоѓање на нејзиниот син .Таа за Макфакс вели дека е разочарана од досегашната истрага по Пино, за кој 73 дена нема слушнато никаква вест. Трпковска, на мирниот протест ги повика семејствата кои имаат исчезнати деца или роднини да се приклучат и заеднички да кренат глас.

„Нема да се откажам од потрагата по мојот син. Низ невидена агонија поминувам. Не знам,  како може полицијата да нема информации за случајот, а згора на тоа инспекторите кои го водат случајот повеќе не ми креваат слушалка, ме блокирале на телефоните. Не знам веќе каде да се обратам. Дали е оваа држава? Да бев во европска држава, ќе ми донесеа и психолог да ми помага во овие тешки мигови, а не да бегаат од мене. Не сум политичар, не знам да зборувам како нив, но ако имаат срце, нека се за ангажираат повеќе и тие се родители, луѓе пред се. Чувствувам дека моето дете е живо, затоа и се одлучив на овој чекор, да барам јавна поддршка  “изјави Трпковска за Макфакс.

Инаку, таа додава дека Пино бил мирно момче, не се дружел со лошо друштво, вреден , комуникативен и ведар по природа .Последен пат , пред да исчезне  излегол од дома со автомобил Шкода Фабија со регистарски таблички SK 1566 AP. Два и пол месеци од тогаш нема трага ни глас од него, ниту пак е виден автомобилот.

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Ги отфрламе шпекулациите за постоењето на киднапери и продажба на човечки органи

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи. Оттаму велат дека досега кај нив не се пријавени ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи

„Деновиве преку социјалните мрежи во јавноста се шират целосно неточни информации во кои се злоупотребуваат актуелните случаи на исчезнати лица. Граѓаните да бидат спокојни и да не потпаѓаат на шпекулативни дезинформации кои предизвикуваат паника и вознемиреност. МВР за последните случаи на исчезнување, коишто се целосно расчистени, јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство. Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица, како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден – статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018, од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1876 лица. Дополнително, на веб-страницата на МВР може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица МВР апелира до медиумите и граѓаните да се воздржат од ширење на дезинформации кои ја вознемируваат јавноста, и да се повикуваат на официјално објавените податоци од надлежните институции“, соопштуваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванов го осуди нападот во затворот во Шуто Оризари и побара одговорност од институциите

Објавено пред

Kабинетот на претседателот на Република Македонија најостро го осудува физичкото насилство што се случи во текот на вчерашниот ден во затворот во Шуто Оризари.

Од таму велат дека безбедноста на сите притворени и затворени лица мора да биде загарантирана од затворската управа, а за ваквите и слични случаи не може и не смее да има никакво оправдување.

„Во казнено-поправните установи во Република Македонија мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на лицата, да се почитува нивната личност и достоинство, како и нивното право на лична сигурност“, стои во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот се повикуваат и на член 10 од Уставот на Република Македонија според кој „животот на човекот е неприкосновен“ и член 11 согласно со кој „физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени и се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување“.

Го цитираат и членот 176, став 1, од Законот на кривична постапка според кој „при издржување на притворот не смее да се навредува личноста и достоинството на обвинетиот“.

„Во изминатиов период до Комисијата за помилување, како и до Одделението за постапување по претставки и предлози во Кабинетот на претседателот на Република Македонија беа доставени писма од граѓани кои изразуваа загриженост за безбедноста во затворите во Република Македонија“, велат од Кабинетот на Иванов од каде што додаваат дека очекуваат што побрзо расчистување на овој, како и на сите досегашни случаи и бараат одговорност од сите надлежни институции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мајката на исчезнатиот Пино, најави протест пред Собрание

Мајката на 26 годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска во понеделник пред Собранието, со почеток во 16.30 часот, организира протест со...

Интервју/Дебата43 минути

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија45 минути

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија2 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток2 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија2 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија3 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија3 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија5 часа

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија5 часа

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија5 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа6 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија7 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија7 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија17 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија19 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија20 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија21 час

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Досие