Контакт

Македонија

Мерко тужел сограѓанин оти го нарекол „корумпиран“ и доживеал душевна болка – не кажува дали истото ќе го стори за Стејт департментот

Објавено пред

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко имал душевна болка бидејќи бил наречен „најкорумпиран и најнеморален“ и лице кое ја дели партијата ДУИ, сведочи тужениот стружанец Беќим Ќоку. Мерко, погоден од зборовите на сограѓанинот, правдата ја барал пред струшкиот суд, во кој сега се прави вонреден надзор бидејќи Стејт депарментот посочи дека градоначалникот влијаел врз судски предмети.

dobivaj vesti na viber

Тужбата поднесена од Мерко

Градоначалникот минатиот месец бил во контакт со психијатарот Изабела Филов, која на девет страници пишува за вознемиреноста, немирот, стресот и притисокот по написот за неговата корумпираност. Еден месец по психијатриското вештачење за Мерко, стигна одлуката со која тој се најде на т.н. црна листа на САД поради корумпираност. „Макфакс“ го контактираше со прашања дали одлуката на Стејт департментот со обвинувања за корумпираност влијаела на исти начин како зборовите од сограѓанинот. Мерко, како и претходно, не одговори на пораката. Струшкиот градоначалник го тужи Ќоку за клевета и навреда.

Дел од тужбата на Мерко против сограѓанинот

„На ден 10.03.2023 година, тужениот, преку објавување на текст на интернет порталот „Вокс Струга“, спрема тужителот сторил груби клевети и навреда…. Видно од јавно објавениот текст, упатените зборови од страна на тужителот (нз) испишани со недоличен речник, а кои ќе ги цитираме подолу во рефератот на оваа тужба претставува клевета и навреда со кои се нарушува честа и угледот на тужителот“, стои во поднесената тужба преку битолскиот адвокат Игор Петковски.

Во тужбата се издвојува: „Тужениот Беким Ќоку од Струга во јавно објавениот напис тужениот го издвојува како корумпиран и ненормален“, па се додава: „Со оглед на тој факт, а како напоменавме погоре во оваа тужба имајќи предвид дека тужителот преживеа стрес по читањето на предметниот текст, истот пред поднесувањето на оваа тужба се обрати до вешто лице од медицинска струка – спцијалист по психијатрија, со цел да биде утврдена душевната болка кај него, а која настанала како последица на изнесените клевети и навреда од страна на тужениот“.

Во психијатриското вештачење, состојбата на Мерко е елаборирана на девет страници.

„После две недели, вознемиреноста и постојаните навраќања на јавно искажаните квалификации се смириле, но секојдневието, потпрашувањата од страна на познати за содржините на текстот, сомнежот како што вели, го гледал во очите на некои луѓе, се уште било причина за немир и постојана потреба да докажува дека тоа не е така….“, стои во вештачењето од психијатарот Изабела Филов направено во мај 2023 година.

Психијатарот за состојбата на Мерко има изработено и наод

„Макфакс“ по вторпат неделава се обиде да стапи во контакт со Мерко. Му испративме и прашања дали е потресен од искажаните ставови на Стејт департментот кој го стави на црната листа и дали ќе обезбеди судско-психијатриски наод за тоа – на што не добивме одговор. Прашавме и дали е потресен што САД го обвинува за корупција, како што претходно тоа го кажал неговиот тужен сограѓанин – но Мерко не даде свој став.

Потпишаниот наод од психијатарот

Минатата недела, Стејт департментот донесе одлука Мерко да се најде на црната листа. Градоначалникот побарал од ДУИ да му се замрзне членството во централните органи на партијата, што било одобрено. Барање за негово разрешување дојде од граѓани и политички партии, но не и од Али Ахмети и владините претставници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Алпинистот Здравко Дејановиќ имал здравствени проблеми при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Објавено пред

Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ кој при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите имал проблеми од здравствена природа, е надвор од животна опасност, објави на Фејсбук Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

dobivaj vesti na viber

„Во врска со искачувањето на врвот Лотце од страна на Здравко Дејановиќ, ве известуваме дека на барање на неговото семејство, досега не излеговме со официјални информации. Воедно, ве информираме дека во текот на искачувањето се појавиле проблеми од здравствена природа, и дека, во моментов Здравко е надвор од животна опасност. Одржуваме контакт со неговото семејство и во периодот кој следи ќе има повеќе информации директно од Здравко или од нас. Замолуваме за етика и воздржаност од споделување на непотврдени информации. Ви благодариме однапред на разбирањето“, се вели во објавата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Вчера се појавија неофицијални ФБ објави дека Дејановиќ при искачувањето на Лотце, четврти највисок врв на Хималаите, се здобил со измрзнатини на рацете и со хеликотер бил пренесен во тамошна болница.

Прикажи повеќе...

Македонија

Силјановска-Давкова телефонски разговарала со Зеленски: украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска Давковa денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Во разговорот со украинскиот претседател Зеленски, Сиљановска Давкова ја нагласи нашата цврста и недвосмислена поддршка кон Украина во однос на неиспровоцираната и неоправдана руска воена агресија. Осврнувајќи се на меѓународното право, принципите на Повелбата на ОН и Статутот на Советот на Европа, претседателката рече дека украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво и пријателство во справувањето со историскиот предизвик со трајни и несогледливи последици.

Двајцата соговорници разменија мислење и за претстојниот Самит чиј домаќин ќе биде Швајцарија, а со цел да создаде рамка поволна за сеопфатен и траен мир во Украина“, соопштија од нејзиниот кабинет.

Претседателот Зеленски во текот на разговорот ја поканил претседателката да ја посети Украина, за што тие, како што е појаснето, дополнително ќе се консултираат на Самитот во Швајцарија.

За време на разговорот биле нагласени одличните билатерални односи меѓу двете земји, карактеризирани со идентични вредности, меѓусебна почит и разбирање, силно потврдени со континуираната соработка во сите области од заеднички интерес.

Сиљановска Давкова и Зеленски ја реафирмирале посветеноста од натамошна заемна поддршка во меѓународната дипломатија, во насока на исполнување на европската аспирација на двете држави.

Телефонскиот разговор со Зеленски, Сиљановска Давковa го оствари од Рим, за време на нејзината посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Објавено пред

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали ќе биде во идната влада како министер.

dobivaj vesti na viber

Тој потврди дека некои од пишувањата на некои медиуми за поделбата на владините ресори и службените места се точни. Според Таравари, конечниот договор меѓу идните владини партнери, „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ, најверојатно, ќе биде објавен денеска или утре, стои во напишаниот допис.

„Алијансата ќе има двајца министри, вицепремиер за добро владеење и транспарентност и министер за здравство и двајца заменик-министри, како и двајца државни секретари, и тоа заменик-министер за одбрана и заменик-министер за земјоделство. Државен секретар за здравство и уште еден на кој сега не ми текнува“, изјави Таравари.

Таравари вели дека сѐ уште не се дефинирани имињата на кадрите што ќе бидат назначени на овие позиции.

Запрашан дали ќе биде следниот министер за здравство, тој рече дека не одлучил и сѐ уште размислува дали ќе ја прифати оваа функција. „Не е исклучена можноста, но не е дефинитивна“.

Таравари ги коментира и резултатите од прегласувањето и истакна дека тие воделе на 8 мај и сега, како што рече тој, се во голема предност.

„ДУИ може да ги обжали резултатите, но резултатите се такви. Тоа беше очекувано и сега бранот промени не може да се запре, па ДУИ мора да го прифати резултатот. Граѓаните сега се ослободени, гласаат малку послободно од порано и посакувам ДУИ да ја прифати оваа реалност. Сега ‘Влен’ има еден пратеник повеќе, ДУИ еден помалку“, изјави Таравари.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одржа седница на која се расправаше за резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше...

Македонија8 часа

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија9 часа

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија9 часа

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија10 часа

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија11 часа

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...

Македонија12 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија13 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија14 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет15 часа

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија15 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет15 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет15 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет15 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 50-ина се повредени кога се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија1 ден

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија1 ден

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија1 ден

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет1 ден

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...