Македонија
(Видео) Стоилковски: Шекеринска шири мрежа на непотизам низ цела држава
Партиските вработувања кои се случуваат во предизборието откриваат фрапантни податоци за зараза од непотизам, рече денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што кажа тој, институциите се полнат со роднини и пријатели на функционери на СДСМ, додека квалитетните не добиваат шанса.
„Единствен критериум за вработување во Македонија е да бидеш во семејна релација со кланот на власт. Непотизмот е симболот на работење на оваа власт во заминување“, истакна партискиот портпарол, кој обелодени случи на непотизам поврзани со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Според информациите кои ги соопшти Стоилковски, прв братучед на Шекеринска е Никола Наумовски – шефот на кабинет на Петре Шилегов.
„Негова сопруга е Сања Арсовска – сега прв синдикалец во културата. Катица Арсовска, мајката на снаата на Радмила, е директор, раководител на Агенцијата за вработување во Штип. До кај се стигнало, се да се вработело и напикало на функција во администрацијата. Ако не може во Скопје – тогаш низ државата“, нагласи Стоилковски, порачувајќи дека за 4 дена Зоран Заев си оди, а на 12 април, како што кажа, ќе си замине сета оваа мрежа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)