Контакт

Македонија

(ВИДЕО) Студија за Водно – експанзија на населбите главна закана за планината

Објавено пред

Обемната студија во која се вброени сите аспекти за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“  денеска  беше презентирана во големата сала на Град Скопје. Меѓу многубројните податоци во оваа студија за природните, социо-економските и остатнатите вредности на  Водно обработени се и заканите, односно дадено е резиме на главните фактори за уништување со кои се соочува ова подрачје. Тука се посочени експанзија на населбите, пробивање на патиштата, изградбата на предаватели и антени, заканите од ерозија, пожарите, губењето на хабитатите и др.

dobivaj vesti na viber

„Како резултат на истражувањата може да се заклучи дека досегашното управување на заштитеното подрачје парк-шума Водно, од аспект на законските надлежности и преземени активности, не придонесе во доволна мера кон неговото соодветно интегрирано управување, односно не ги даде потребните ефекти, со оглед на што се јави несоодветно користење на земјиштето и неконтролирана урбанизација, пренамена на зелените површини на Водно во градежно земјиште и др. поради што се препорачува формирање на посебно Јавно претпријатие за управување со заштитени подрачја на територија на Град Скопје“, пишува во студијата.

Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градежните работи на коридорот за изградба на гасоводот што минува низ Водно се готови во 90 проценти, а исечени се 100 проценти од предвидената шума.  Шилегов најави и подготовка на нова студија која ќе се однесува на изградба на оплеменување на Водно со спортско-рекреативни реквизити.

„Оваа студија која е прв ваков обемен и стратешки документ за Водно ни доаѓа токму кога коридорот за изградба на гасоводот што минува низ Водно е речиси готов. По долгите полемики лани, кога беа сослушани сите страни и  експерти за изградбата, а се направи промена на трасата, проектот успешно се движи кон крајот. Сигурен сум дека не е направена штета врз природните богатства на Водно, а граѓаните ќе имаат бенефит од гасоводот. Откако е завршена оваа студија за валоризација на заштитеното подрачје Водно, подготвуваме нова за оплеменување на планината со спортско-рекреативни реквизити“, рече Шилегов.

Проектот за валоризација на Водно е финансиран од Еврoпската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020. Таа се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Предмет на оваа студија била ревизија на постојната Студија за валоризација на природните вредности на парк-шумата Водно од 2009 година.

„Со оглед дека во 2012 година од страна на МЖСПП беше донесен нов Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје, извршено е нејзино ревидирање, односно пополнување со нови содржини согласно правилникот. Во оваа студија се дополнети геолошко-геоморфолошките и хидролошките информации за предметното подрачје, детално се обработени флористичките и фаунистичките карактеристики на подрачјето, како и хабитатите, фитоценозите и пределските типови. Во делот на социо-економските карактеристики обработени се населението и населбите, користењето на земјиштетео, постојната инфраструктура, како и стопанските дејности на подрачјето. Главен акцент е даден на идентификацијата и валоризацијата на важните екосистеми и живеалишта, како и на поедините видови растенија, габи и животни и нивната застапеност на меѓународните листи за заштита на биодиверзитетот. Истите се класифицирани според Светската црвена листа на IUCN, Европската црвена листа, Националните црвени листи, листите на видови на меѓународните договори од областа на заштитата на природата ратификувани од страна на Република Македонија…“, пишува во студијата.

Во градителското наследство на парк-шумата Водно вонредно важни се сакралните објекти лоцирани во неговите граници, како што е манастирот Св. Пантелејмон, џамиите во селата Крушопек и Грчец. Црква Св. Пантелејмон – Нерези.

„Според добиените податоци од Агенцијата за катастар на недвижности, од 39,4 km2 или 3943.3 хектари во предложената граница-опфат, 25,83 km2 или 65,23% е државно земјиште, а 13,76 km2 или 34.77% е приватно земјиште. Овие податоци треба да се земат со одредена резерва, со оглед на тоа што мал дел од земјиштето, според катастарската евиденција има непознат сопственик или е ‘неизложено’. Како и да е, во структурата јасно доминира државното земјиште, особено во повисоките делови над 700 m надморска
височина.“

Од увидот во ГИС-системот на Министерството за економина, на подрачјето на парк-шумата Водно не се водат постапки и не се дадени концесии за детални геолошки истражувања, како и експлоатација на минерални суровини. Од страна на Агенцијата за електронски комуникации која издава одобренија за користење на радиофреквенции на правни и физички лица на подрачјето на парк-шумата Водно се доделени повеќе одобренија, и истите се поставени во регистарот на издадени одобренија, кој го води агенцијата, така што за ова подрачје издадени се вкупно 116 концесии, пишува во студијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

Објавено пред

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.

„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци

Објавено пред

Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

dobivaj vesti na viber

Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.

Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.

Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.

 

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Објавено пред

Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија41 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет57 минути

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија12 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија19 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ19 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија22 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија22 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија22 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...