Македонија
Николовски со антикорупциските институции: Градиме систем кој превенира корупција и ја враќа довербата во институциите
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ја одржа редовната координација со седумтте надлежни институции за борба против корупција. На работниот состанок присусутвуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, директорот на Царинската управа Горан Сугарески, директорот на Управата за финасиско разузнавање Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми, претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска и преставници од Министерството за правда.
На состанокот, од страна на вицепремиерот Николовски беше презентиран степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција, како и идните активности што надлежните институции треба да ги преземат според задолженијата од Планот. Се констатираше дека реализацијата на Планот за борба против корупција е во напредна фаза, но и дека е потребно дополнување со нови мерки во делот на борбата против корупцијата.
Вицепремиерот Николовски посочи дека во однос на дигитализацијата на процесите, сите институции надлежни за борба против корупција веќе се поврзани на платформата за Интероперабилност и започнуваат со размена на информации и податоци преку оваа платформа. Во следната фаза следува и поврзување на овие институции со Централниот регистар на население, со цел брзи и ефикасни постапки.
До втората половина на август сите министерства треба да извршат анализа на законите во нивна надлежност, односно мапирање на одредбите кои ги содржат процесите што треба да се дигитализират, услугите, условите, доказите, начинот на комуникација и начинот на достава. Се работи за крупна реформа, којашто бара измена на 150 закони, но истовремено се работи за процес којшто е од исклучително значање пред сè за граѓаните, но и механизам кој значително ќе придонесе во спречувањето корупција, преку елиминирање на човечкиот фактор.
На состанокот се отвори дискусија за предлог мерки кои надлежните институции за борба против корупција, треба да ги воведат се со цел ефикасно постапување и сузбивање на ситната коруцпија со која се соочуваат граѓаните. Една од предложените мерки беше воведување на аудио и видео надзор на специфични работни места во институциите, кадешто постои ризик од корупција. Исто така, беше предложено во Јавните обвинителства во државата да се импелментира посебен систем за распределба на предмети. На овој начин, распределбата на предметите би била електронска, со што се потигнува минимизирање на човечкиот фактор и субјективното одлучување при распределување на предметите кај обвинителите.
Една од мерките коишто беше посочени и на која веќе се работи е за проширување на опсегот на лицата коишто треба да поднесуваат изјава за имотна состојба и судир на интереси, со која се зајакнуваат механизмите во борбата против корупцијата и судирот на интереси во јавниот сектор на повеќе нивоа, односно лица кои вршат посебни овластувања, контроли и инспекциски надзор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.