Македонија
Претставници од Делегацијата на ЕУ извршија увид во функционирањето на граничните премини
Претставници од Делегацијата на ЕУ заедно со делегација на Царинската управа на Република Македонија ги посети и извршија увид на состојбата и функционирањето на ГП „Табановце“, „Деве Баир“ и месноста Маркова нога. Делегациите беа предводени од директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, и Никола Бертолини, раководителот на секторот за соработка од ЕУ-делегацијата.
Посетите, реализирани месецов, а за кои Царинската управа информираше денеска, се во рамки на повеќегодишната соработка и постојаната поддршка на царинското работење во Република Македонија, од страна на Европската Унија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, за негово приближување кон стандардите на Европската Унија.
На ГП „Табановце“, кој е обновен преку проект финансиран од ЕУ, оценето е дека придобивките од проектот, и покрај краткиот период од неговото завршување, веќе ги даваат првите резултати во олеснување на прекуграничната трговија по должина на Коридорот 10 и спроведувањето на царинските постапки во модерни капацитети и услови.
На граничниот премин „Ќафасан“ е заклучено дека напредокот на проектот за надградба на објектот, во рамки на ИПА-програмата, е задоволителен и дека се очекува да биде реализиран до крајот на 2018 година.
Со градбата на нов царински терминал за товарен сообраќај од 9,5 илјади метри квадратни, новата зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила и магацин, зграда со придружни содржини да се создадат поповолни инфраструктурни услови на овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија.
Со тоа, наведуваат од Царината, се овозможува дополнително забрзување на царинските и прекуграничните формалности на сè поголемиот интензитет на размена на стока и патници преку истиот.
При посетата на Охридско-преспанскиот Регион посетена е областа Маркова нога, за запознавање со локаната инфраструктура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)