Македонија
Спасовски: Избираме сигурна иднина за јавното здравје, пред нас се многу сериозни избори
Пред нас се многу сериозни избори, на кои избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи, истакна Оливер Спасовски.
„Видовте дека претставничката од ВМРО-ДПМНЕ во Владата блокира 30 милиони евра, пари од Светската банка, што требаше да бидат вложени директно во здравството, во време кога целиот свет наоѓа начини да се справи со последиците од корона-кризата. А ги слушаме деновиве како ќе го обновеле здравството, што го урнисаа во децениското владеење со криминалните политики, и продолжуваат да се однесуваат неодговорно. Ние за три години обновивме 30 јавноздравствени установи во земјата“, рече Спасовски.
Тој нагласи дека Куманово добило нов Ургентен центар со можност за опслужување 200.000 пациенти од Североисточниот Регион на државата, инвестиција од 900.000 евра, работи новиот Ургентен центар и во Прилеп, иницијатива што постоеше цели 15 години, вели Спасовски. Додаде дека Струмица, по 33 години, добила нова општа болница, а по 50 години, целосно се реновирал Институтот за трансфузиона медицина.
„Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри. Со нашиот развоен концепт обезбедуваме трипати повеќе специјализации. Скопје добива нов клинички центар. Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри. Воведуваме и целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи. Замислете како ќе беше во оваа здравствена криза да не ги имавме направено вложувањата во здравството за само три години?! Како ќе беше да не ги имавме помошта и поддршката од нашите НАТО и ЕУ-партнери, што ги обновивме во изминатите 3 години?! Обнова на режимот е опасност што нема да ја дозволиме. Мораме да излеземе на гласањето на 15 јули во што поголем број за да продолжиме по правиот пат“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)