Македонија
Утре одиме на Black Friday во Скопје сити мол
Дали сте подготвени за најголемиот шопинг настан за оваа година? Убаво одморете се, договорете ги вашите најблиски партнери за купување и тргнете во акција: незаборавен шопинг во Скопје сити мол на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг лудилото наречено Black Friday!
Од утре 25 ноември (петок) во Скопје сити мол започнува Black Friday шопинг лудилото! Скопје сити мол нека биде местото кое сите вие љубителите на шопингот сигурно нема да го одминете. Од 10 часот продавниците на најголем трговски центар ќе обезбедат специјални попусти за сите купувачи во рамките на акцијата Black Friday за која обезбедивме одлични услови за шопинг пред новогодишните празници. Модните продавници, како и оние за бела техника најавија намалувања на цените кои ќе се движат од -20% до -70%. Попустите ќе бидат објавени в четврток, на 24 ноември, на апликацијата MojCityMall, на фан-страниците и на сајтот на трговскиот центар.
„И оваа година најавуваме продолжување на попустите со Black Friday & Weekend, со тоа што попустите ќе траат во текот на целиот викенд, до недела, 27 ноември. По големата посетеност и заинтересираност за Black Friday во изминатите години каде за време на викендот поминаа повеќе од 100.000 луѓе, за овој Black Friday очекуваме исто голем број посетители кои ќе купат сè што им е потребно, по одлични цени” – изјавија од Скопје сити мол
Затоа бидете први кои ќе ги искористат попустите. Не пропуштајте го најголемиот шопинг настан за оваа година! Се гледаме во Скопје сити мол
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.