Македонија
Чулев објасни зошто неговото семејство е во министерската вила во Охрид
Вилата на Министерството за внатрешни работи во Охрид, која функционерите во министерството ја користат за службени потреби, изминативе денови е престојувалиште за семејството на техничкиот министер, Наќе Чулев.
Тој кажа дека неговата сопруга со двете деца се во министерската вила, укажувајќи дека требало и тој да им се придружи.
Станува збор за одделен објект од одморалиштето на МВР кое можат да го користат и вработените за службени потреби или, пак, приватно да изнајмат соба за која ќе платат паричен надомест, кажа Чулев.
„Се работи за објект на Министерството за внатрешни работи, не е владин објект, тоа е објект на МВР, којшто се наоѓа во Охрид и каде што во моментот на три дена престојува моето семејство и јас требаше да им се придружам, меѓутоа не им се придружив. Тоа е објект што е на располагање заедно со одморалиштата на Министерството за внатрешни работи и може да го користат вработените и менаџментот на МВР“, рече министерот.
Министерската вила во Охрид досега се користела од сите министри за внатрешни работи кога се пречекувале високи странски претставници, како министри, премиери, амбасадори.
Искра Манојлоска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)