Македонија
Охридското Езеро порибено со 400 илјади пастрмки
Охридското Езеро денеска беше порибено со 400 000 единки подмладок на охридска пастрмка одгледани од овогодинешниот мрест во Хидробиолошкиот институт во Охрид
Охридското Езеро денеска беше порибено со 400 000 единки подмладок на охридска пастрмка одгледани од овогодинешниот мрест во Хидробиолошкиот институт во Охрид.
На порибувањето како што јави охридњус, присуствуваа министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот српски колега Саша Драгин, кои го истакнаа значењето на зачувувањето на ендемските видови риба во Охридското Езеро.
На овој начин сакаме да дадеме една поширока димензија на порибувањето затоа што сметаме дека ова не е само интерес само на Република Македонија, туку дека станува збор за поширок интерес и од таа причина нам секоја поддршка ни е добродојдена, рече министерот Димовски.
Тој додаде дека државата посветува максимално внимание на заштитата на охридската пастрмка и дека се прават контакти со албанската страна со цел да се зачува овој загрозен вид ендемска риба.
Српскиот министер Драгин, рече дека сегашните генерации имаат обврска да ја зачуваат животната средина за идните поколенија за што е неопходно да се реши проблемот со загадување на водите и природата.
Подмладокот со кој денеска беше порибено Охридското Езеро е стар едвај два и пол месеци, но според надлежните тоа не е пречка за негов опстанок во Езерото. Тие ги отфрлија обвинувањата на спортските риболовци дека езерото се порибува со заболен подмладок, објаснувајќи дека физичките промени кај рибите не се резултат на болест, туку на присуство на одредени агенси во водата, кои се резултат на високото ниво на подземните води./крај/охридњус/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.