Македонија
Студентите чекаат стипендии за пет месеци
Студентите чекаат неисплатени стипендии за пет месеци. Последната стипендија ја зеле за месец декември. Веќе поминува и месец мај, а стипендиите за месец јануари, февруари, март, април и мај се уште не се легнати на сметките на студентите
Од Министерството за образование најавуваа дека стипендиите ќе стигнат по празниците, но студентите се уште чекаат.„Ги очекувавме стипендиите во март, април, а сега е веќе мај, а од министерството се уште ни немаат исплатено ниедна стипендија за последните пет месеци. Се ближи крајот на годината и ни завршуваат предавањата. Парите се веќе испланирани, но никако да стигнат“ вели Александра Цветковска, студентка на Филолошкиот факултет.Министерот за образование денеска не даде конкретен одговор, кога ќе им се исплатат стипендиите на студентите.„Стипендиите се трудиме и во оваа тешка економска година и тешка година за буџетот, да ги исплаќаме. Во наредниот период ќе бидат исплатени. Не станува збор за целосно неисплатени стипендии, станува збор за доцнење на исплата за определени месеци. Се надевам дека до крајот на годината ќе успееме да го исполниме, она што со буџетот го имаме предвидено“ изјави Тодоров.Годинава вкупно 3.200 студенти запишани на државните и на приватните универзитети во земјава земаат студентски стипендии и кредити. Висината на студентскиот кредит изнесува 2.420 денари месечно, а висината на стипендијата е 3.630 денари, пари што идните академски граѓани ги добиваат девет месеци во годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.