Македонија
Изградени социјалните станови во Битола
Денеска во Брусничката населба кај Битола свечено беа промовирани становите кои ги градеше Владата на РМ.
Денеска во Брусничката населба кај Битола свечено беа промовирани становите кои ги градеше Владата на РМ.Пред четири години кога беа поставени камен темелниците, кај битолчани владееше скептицизмот дека зградите ќе бидат изградени во предвидениот рок, но денеска беа свечено предадени 78-те станови за лица социјални случаи . „Сакаме да истакнеме дека Владата на Никола Груевски во изминативе години за изградба на овие згради финансираше поголема сума пари, од кои 7,5 милиони евра во овие четири години се инвестирани во Битола за подобрување на животот на лицата од оваа категорија“, рече Иван Јолевски, директор на битолското јавно претпријатие за стопанисување со деловен и станбен простор.Покрај становите за социјалците, во Битола е изградена станбена зграда наменета за младите брачни двојки.„ Голем и важен проект претставува изградбата на оваа зграда со 70 станови наменета за млади брачни двојки “, рече ЈолевскиВо проектот за изградба на становите за социјални лица и младите брачни двојки беше вклучена и локалната самоуправа. „За овие две згради од општинскиот буџет беа издвоени повеќе од 300 илјади евра“, рече градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески кој воедно е и кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори. Тој дополни дека згради со ваква и слична намена и натаму ќе се градат. „Во соработка со локалната самоуправа и градоначалникот ние планираме да градиме уште 500 стана“, рече министерот на надворешни работи, Антонио Милошоски кој е носител на листата на коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5 кој потсети и на поволностите коишто се нудат за граѓаните преку проектот „Купи куќа, купи стан“ содржан во Манифестот за реформи развој./крај/твт/ом/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Засега мирен изборен ден и за обвинителствата, Бајрами чека кривични пријави по сомнежите за изборен поткуп во Охрид и Крива Паланка
Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа на парламентарните и вториот круг од изборите за претседател, до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, рече Џељаљ Бајрами, претседател на Комсијата на обвинителството за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите. Од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.
„Во текот на вчерашниот ден, веќе известивме дека по поднесена пријава во ОЈО Велес со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција беше оформен предмет во ОЈО Велес за две лица. За едното лице веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време, ОЈО Велес веќе презема дејствија за проверка на наводите кои се однесуваат на изборен поткуп. Исто така, известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејствија на проверки“, вели обвинителот Бајрами.
Поради малиот број настани кои би можеле да имаат обележја на кривично дело, Бајрами цени дека може да се даде генерална оценка дека целиот изборен процес, до овој момент, минува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување.
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес Електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а координации се прават и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.
Македонија
(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти
До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.
„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите. Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово село Баница, струмичко и општина Боговиње, но по преземени мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени“, соопшти Ангеловски.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.
Македонија
Со УВ ламба и спреј ќе продолжи гласањето на избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово
На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски рече дека на сите останати места гласањето се тече без проблеми.
„Што се однесува до избирачките места кои ова утро имаа проблеми со користење на техничките апарати, во три избирачки места се отстранети, а во три ќе се продолжи со гласање со УВ ламба и спреј. Тоа се 0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид и 1100 во Куманово. Само на тие места ќе се гласа на стариот начин бидејќи на сите други места гласањето е во ред“, рече претседателот Даштевски.
Технички проблеми со биометриските уреди утрово беа пријавени и на гласачки места во Тетово и во Гази Баба.
До 11 часот во ДИК стигнале 164 приговори за лично избирачко право. Од нив 50 се усвоени и на гласачите им е овозможено да го остварат правото на глас, седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет приговори се одбиени. Останатите се уште се во обработка.