Македонија
Нитан: Грција и Македонија немаат смелост за компромис
Германскиот социјалдемократ Дитмар Нитан од македонските и грчките политичари бара смелост за компромис околу името. На извештајот на ЕК за РМ гледа критички, а изоставувањето на зборот „македонски“ го смета за техничко, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
Германскиот социјалдемократ Дитмар Нитан од македонските и грчките политичари бара смелост за компромис околу името. На извештајот на ЕК за РМ гледа критички, а изоставувањето на зборот „македонски“ го смета за техничко, јавува Дојче Веле на македонски јазик.
„Извештајот за напредокот на Македонија од Европската Комисија во целост го гледам мошне критично. Во документот се констатира дека има напредок, но според мене, тој би можел да биде уште поголем, посебно во сферата на медиумите, слободата на изразувањето, улогата на Парламентот, имплементирањето на транспарентност во работата на владата и администрацијата каде што се’ уште гледам дефицити“, изјави за Дојче веле Дитмар Нитан, социјалдемократ, член на Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг и добар познавач на Западниот Балкан.
Со оглед на тоа што октомвриските оценки на Македонија не и‘ донесоа датум за преговори, Нитан на прашањето – дали ова не е момент ЕУ да изврши поголем притисок и врз Грција за деблокирање на европскиот пат на Македонија, вели:
„Грчката влада ова поинаку би го аргументирала. Би кажала дека грчкиот народ е негативно настроен против масивните мерки на штедење и против Унијата, па затоа притисок од страна на ЕУ за решавање на спорот со името нема да има ефект, туку уште повеќе ќе го влоши нерасположението против Европската унија. Ова не значи меѓутоа, дека во разговорите зад затворени врати не треба да се делува: Европската унија јасно треба од Грција да побара конечен компромис и решавање на спорот со името“, смета пратеникот Дитмар Нитан.Во 2004 година, токму на иницијатива на социјалдемократите, германскиот Бундестаг усвои препорака за користење на уставното име на Република Македонија. Овој документ, меѓутоа, беше необврзувачки за владата, така што и натаму во официјалната комуникација се користи референцата. Нитан вака го коментира фактот дека Европската комисија успеала на 82-те страници од последниот извештај ниту еднаш да не го употреби терминот „македонски“:
„Ова е техничко прашање и не смее да се гледа строго! Со оглед на тоа што постои спорот околу името, Европската комисија се обидела да го одбегне користењето на термините македонски јазик, или македонска влада. За мене, како кажав, ова е техничко прашање и на верувам дека има некакво негативно позиционирање кон Македонија. Напротив, Европската Комисија секогаш одново укажувала дека нема разбирање што се’ уште не е постигнат компромис во спорот со името“.
За тоа дали социјалдемократите можат да притиснат повеќе за решавање на спорот со Грција, Дитмар Нитан вели дека тие прават многу за да се дојде до решение. Минатиот викенд тој присуствувал на конференција каде имало и парламентарци од Југоисточна Европа. Разбирливо разговарал и со претставниците на грчкиот ПАСОК, но и со социјалдемократите од Македонија. Македонските колеги не се на власт, но грчките ја имаат владата. За конечното решение Нитан смета дека клучот е во политичката смелост на секоја од владите.
„Имам впечаток дека грчката влада нема смелост да направи компромис за спорот со името зашто народот и онака е доволно револтиран поради мерките за штедење. Но, мислам дека и актуелната македонска влада не е подготвена за компромис, зашто можеби со статус-кво ситуацијата и не е толку незадоволна.Се’ на се’ – ова е незавидна ситуација.Посакувам и на двете страни, и во Македонија, но и во Грција, политичарите да имаат целосна одговорност и конечно да имаат смелост за компромис во спорот околу името. Секој човек кој не е од Грција или од Македонија нема веќе никакво разбирање за она што се случува!“, изјави социјалдемократот Дитмар Нитан за Дојче веле. /крај/dw/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)
Македонија
Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе донесат правда во државата
„Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да успееме заеднички и да прегазиме секој противник, секој оној којшто прави штета на нашата држава и затоа ќе го снајде она што го снајде овој наш противник вчера. Ќе го снајде истото и на 8 мај. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Mакедонија“, голема победа на македонските граѓани и македонскиот народ. Почитувани кичевчани вие го покажавте револуционерниот дух. Тој никогаш не згаснал во вас. Покажавме дека можеме и дека ќе направиме се, дека имаме храброст, дека имаме елан да се спротивставиме и дека ние сме победнички расположени. Победнички за да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото Им дадовме јасно до знаење дека Кичевчани не толерираат повеќе изживување врз нив. Дека Македонија не толерира повеќе некој да ја тероризира! Ние не толерираме да лажат и крадат. Ние таквите ги казнуваме“, истакна на вечерашниот митинг во Кичево носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.
Тој исто така повика на уште помасовна излезност на 8 мај за да се донесе историска победа за Македонија.
„Сакам исто така да ве повикам на 8 мај да излеземе во што поголем број и да донесеме историска победа на Македонија. Да донесеме историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, потенцираше Сајкоски.
Тој истакна и дека оваа е историска победа бидејќи граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаа луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија.
„Ние почитувани испишуваме историја. Испишуваме историја затоа што првпат од позиција на опозиција води некој политички субјект во Македонија со 180 илјади гласови. Испишуваме историја затоа што во нас препознаа македонските граѓани луѓе коишто се чесни, коишто се трудољубиви и луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија“.
Тој упати порака и до оние кои не излегоа на гласање дека ако сакаат да живеат во подобра Македонија треба да се придружат во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако сме согласни дека треба да имаме подобро здравство, подобро образование, дека инфраструктурата во ИЕ 5 е катастрофална и дека треба да направиме комплетно нова, придружете се. Придружете се во голема победа за Македонија. Придружете се и само така, само единствени може да победиме и може да донесеме влада којашто никој не може да ја уценува и може да донесеме премиер што испорачува. Да испорача да имаме одлична инфраструктура, да бидеме први во регионот наместо последни и да направиме економски бум“, истакна Сајкоски и додаде:
„Поканете го секој, разговарајте со секој затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се политички субјекти којшто мислат добро за сите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го заслужува вашиот глас, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше и остана браник на македонската државност“.