Македонија
Грчката заедница во САД контра Попоски
ПЈРМ, а не Грција, е ирационалната страна во спорот со името, обвинува грчката заедница во САД, реагирајќи на изјавата на шефот на дипломатијата Никола Попоски дадена за Вашингтон Тајмс (Washington Times) на 7-ми февруари.
ПЈРМ, а не Грција, е ирационалната страна во спорот со името, обвинува грчката заедница во САД, реагирајќи на изјавата на шефот на дипломатијата Никола Попоски дадена за Вашингтон Тајмс (Washington Times) на 7-ми февруари.
Во реакцијата упатена од Американскиот Хеленски институт до весникот, се вели дека е „апсурдно“ Македонија, како земја основана во 1991 година да ја „узурпира 2.500 години старата хеленска историја“.
Од организацијата наведуваат и листа на потези, што според нив, ја докажувала ирационалноста на Македонија.
„На пример: аеродромот во Скопје е преименуван во ‘Александар Велики’, автопатот е именуван како ‘Александар Велики’, главниот стадион во Скопје е преименуван според ‘Филип Втори Македонски’, во официјалните географски карти во својата територија ја вклучува и грчката провинција Македонија и половина од грчкиот полуостров, ПЈРМ подигна бројни дупликати на антички македонско-хеленистички личности и ги преименуваше улиците и плоштадите на различни места, додека во септември 2011 година беше подигната статуа на Александар Велики во центарот на Скопје, висока 20 метри и вредна 5 милиони долари“, се вели во реакцијата објавена во „Вашингтон Тајмс“.
Од организацијата наведуваат дека Грција се залага за „сложено име за земјата“, кое ќе прави разлика меѓи грчкиот и бугарскиот дел на Македонија.
„Обидот на Министерот за надворешни работи Попоски да ја претстави позицијата на Грција како неразумна преку изедначувањето со евентуално противење на Канада и Мексико на името на Соединетите Американски Држави бидејќи го вклучува зборот ‘Америка’ пропадна. Името на нашата земја е ‘Соединети Американски Држави’, а не ‘Америка’“, се вели во писмото потпишано од претседателот на организацијата Ник Ларигакис. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.