Македонија
Осомничените во „Монструм“ биле прислушувани и снимани
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски уверува дека поседуваат солидни докази кои укажуваат дека ги имаат вистинските извршители и помагачи во петкратното убиство кај Смилковци.
Тој потврди дека посебните истражни мерки се меѓу доказите за полициската акција „Монструм“.
„Има и посебни истражни мерки во делот на прислушувањето. Тие се легитимни, дадена е наредба на истражен судија во законска процедура. Нормално дека тие аудио записи ни помагаат во водење на истрагата и градење на нашата теза дека за лицата што ги обвинуваме врз основа на доказите со кои располагаме постои висок степен на сомнение дека тие се лицата кои го извршиле или помогнале во кривичното дело“ изјави обвинителот Шврговски.
Во понатамошната постапка нема да се користи исказот на Хаки Хазири даден како заштитен сведок, во којшто според она што беше објавено признал дека ги возел убијците на местото на злосторството. Ќе се земе во предвид само неговиот исказ даден како обвинет.
Шврговски не ги поддржува протестите кои се одржаа против акцијата „Монструм“ и порачува дека истрагата треба да се води во институциите.
МВР до јавното обвинителство поднесе кривични пријави против вкупно 15 лица кои предизвикале инциденти на протестите што се случија во петокот. Ќе одговараат за „учество во толпа која што предизвикала кривично дело“.
На петочните протести беа каменувани зградата на Владата, на Општина Чаир, а беа повредени шест полицајци и двајца претставници на медиумите.
За петкратното убиство што се случи на 12 април, кога беа убиени недолжни граѓани поднесени се кривични пријави за „тероризам“ против шестмина. Тројца од нив се сомничат дека се директни извршители на убиството, а тројца дека им помогнале на убијците. Двајца од извршителите се во бегство и по нив трага и Интерпол. /крај/к5/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.