Македонија
Во Охрид Светиот крст го фати Јован Бабаче
По неколку минутно барање за што придонесоа брановите и заматената езерска вода, Јован Бабаче од Варош, беше најсреќниот меѓу над 1100-те капачи го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Езеро од бродот Александрија 2 го фрли Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј, јави Окридњуз
Чествувањата на празникот започнаа утрово во 8 часот со свечени литургии во верските храмови. На овогодинешнатата манифестација присуствуваа над 20 илјади посетители, меѓу кои и бројни гости од другите градови од земјава и соседните држави.Јован Бабаче од страна на кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски, на подарок ќе добие вреден крст изработен од сребро, злато и дрво. Вредноста на крстот се проценува на околу илјади евра.
Инаку со 3,3 тона чорба приготвена од 750 килограми риба Охрид ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Возобновената традиционална централна свеченост во прославувањето на големиот верски празник Свети Јован Крстител започна рано изутрината во саботата со свечени богослужби во сите парохиски цркви во Охрид и Дебарско-кичевската епархија, за големата црковно-народна манифестација да се префрли на Градското пристаниште во Охрид, со фрлањето на крстот.
И годинава Македонската православна црква за празникот организираше групно крштевање на верници во водите на Охридското Езеро.
Богојавленските празнувања продолжуваат и во текот на неделата, со традиционалното капење на рибарите во езерото, со што своевремено се означуваше крајот на забраната за риболов за време на зимскиот мрест. Како и изминатите, така и оваа година за Денот на рибарите е предвидена и богата културно-забавна програма, со греано вино, топла ракија, пржени плашици и три буриња вино за највештите пливачи кои ќе влезат во езерото.
Прославувањето на Богојавление – Водици и фрлањето на крстот во езерото во Охрид има долгогодишна традиција, последните десетина години популаризирана преку Здружението на граѓани за афирмација на МПЦ „Богојавление“ кое преку редица активности се обидува манифестацијата на фрлањето на крстот и Денот на рибарите да ја претвори во најмасовна во православниот свет.
Секоја година на Градското пристаниште во Охрид и на Кејот на езерото чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро и фрлањето на Светиот крст го следат илјадници верници, но и гости, туристи од целата земја и од странство. Бројот на присатните на манифестацијата варира, зависно од временските услови и од тоа во кој ден се паѓа празникот, но ретко бројката присатни била под десет илјади./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.