Македонија
Католиците го прославуваат Воскресението Христово, честитка од претседателот Иванов
Во недела, како и 1,2 милиони припадници на Римокатоличката црква во светот и во Македонија христијаните кои се раководат според грегоријанскиот календар го славата најголемиот христијански празник Христовото воскресени, по кој повод честитки упати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Иванов, по повод големиот христијански празник Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат според Грегоријанскиот календар. „Ми претставува особено задоволство, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам христијанскиот празник – Велигден. Празнувајќи го големиот празник – Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта. Христовата жртва е завет за генерациите кои ја продолжуваат пораката за соживот и слога, за разбирање и мир. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа, да останеме и понатаму обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит, како основа за просперитетна иднина на нашата земја“, се вели во честитката на Иванов посакувајќи духовен мир, радост и благосостојба.
Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.
На литургијата присуствуваа шефот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов до верниците и до духовенството упати велигденска порака.
„Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори декаовде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома. Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое тој со своето воскресение ни ја отвори вратата“, вели во велигденската порака скопскиот бискуп иапостолски егзарх, Киро Стојанов.
Изминатото лето беа обновени размислувањата во Римокатоличката црква дека може да го ревидира начинот на пресметување на датумот на празнувањето на Велигден, за сите христијани да го прославуваат Христовото Воскресение во еден ден, рекол папата Франциск.
Според папата, Римокатоличката црква е подготвена да го разгледува прашањето за заеднички датум на Велигден кој би се одбележувал „во Рим, Константинопол и Москва“. „Се среќаваат католик и православен, и се прашуваат ‘твојот Христос уште не воскреснал? Мојот пред една недела“, го цитираше ланскиот јуни папата Франциск, дневниот весник Corriere della Sera. „Мораме да се договориме“, околу прославата на исти ден, рекол папата Франциск, предложувајќи тоа да биде втората или третата недела во април.
Римокатоличката црква го пресметува денот на Велигден врз основата на првата полна месечина по рамноденицата во март, додека кај православните цркви пресметката е посложена. Како по правило, разликата меѓу католичкиот и православниот Велигден e една седмица, но некогаш може да се оддолжи до еден месец, а понекогаш и се совпаѓаат.
Коптскиот патријарх Камал Фахим Авад тогаш во интервјуто за италијанскиот весник La Stampa го поздрави предлогот на папата. „Тоа би било фантастично. Многу верници не сфаќаат како е можно Исус Христос по различни цркви воскреснал на различни датуми, некогаш една седмица, а некогаш и месец подоцна“, додава.
Според Corriere della Sera, како возможен единствен датум за сите христијани треба да биде третата недела во април. Идејата за обединување на датумот на Велигден и порано беше напомнувана од папата Франциск, а подготвеноста за промена на календарот во Римокатоличката црква се појави и во времето на понтификатот на папата Павле Шести, од 1963 до 1978 година.
Прашањето за единствен датум на Велигден, според некои кругови во православните цркви, може да биде тема којашто ќе се разгледува на Вселенскиот (сеправославниот) собор кој ќе се одржи годинава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)
Македонија
Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе донесат правда во државата
„Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да успееме заеднички и да прегазиме секој противник, секој оној којшто прави штета на нашата држава и затоа ќе го снајде она што го снајде овој наш противник вчера. Ќе го снајде истото и на 8 мај. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Mакедонија“, голема победа на македонските граѓани и македонскиот народ. Почитувани кичевчани вие го покажавте револуционерниот дух. Тој никогаш не згаснал во вас. Покажавме дека можеме и дека ќе направиме се, дека имаме храброст, дека имаме елан да се спротивставиме и дека ние сме победнички расположени. Победнички за да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото Им дадовме јасно до знаење дека Кичевчани не толерираат повеќе изживување врз нив. Дека Македонија не толерира повеќе некој да ја тероризира! Ние не толерираме да лажат и крадат. Ние таквите ги казнуваме“, истакна на вечерашниот митинг во Кичево носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.
Тој исто така повика на уште помасовна излезност на 8 мај за да се донесе историска победа за Македонија.
„Сакам исто така да ве повикам на 8 мај да излеземе во што поголем број и да донесеме историска победа на Македонија. Да донесеме историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, потенцираше Сајкоски.
Тој истакна и дека оваа е историска победа бидејќи граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаа луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија.
„Ние почитувани испишуваме историја. Испишуваме историја затоа што првпат од позиција на опозиција води некој политички субјект во Македонија со 180 илјади гласови. Испишуваме историја затоа што во нас препознаа македонските граѓани луѓе коишто се чесни, коишто се трудољубиви и луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија“.
Тој упати порака и до оние кои не излегоа на гласање дека ако сакаат да живеат во подобра Македонија треба да се придружат во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако сме согласни дека треба да имаме подобро здравство, подобро образование, дека инфраструктурата во ИЕ 5 е катастрофална и дека треба да направиме комплетно нова, придружете се. Придружете се во голема победа за Македонија. Придружете се и само така, само единствени може да победиме и може да донесеме влада којашто никој не може да ја уценува и може да донесеме премиер што испорачува. Да испорача да имаме одлична инфраструктура, да бидеме први во регионот наместо последни и да направиме економски бум“, истакна Сајкоски и додаде:
„Поканете го секој, разговарајте со секој затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се политички субјекти којшто мислат добро за сите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го заслужува вашиот глас, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше и остана браник на македонската државност“.