Контакт

Билтен

Германија очекува Иванов да дозволи што поскоро формирање на влада

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Германија се грижи за иднина на Македонија и ја потврдува својата обврска за да ја поддржи земјата на патот кон НАТО и ЕУ, во корелација со претходните изјави на еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, изјави во четвртокот специјалниот претставник за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во рамките на министерството за надворешни работи на Германија, Кристијан Хелбах кој е во посета на Македонија.

 

„За ова да биде можно, потребно е брзо формирање на влада која ќе биде посветена на Итните реформски приоритети. Процесот на реформи е во средиштето, на луѓето им се потребни работни места, социјална заштита, владеење на правото и ефективни мерки против корупцијата. Ги повикуваме сите актери да се воздржат од предизвикување на раздор и на прашања кои не се поврзани со овие приоритети“, реле Хелбах

 

„Веруваме дека претседателот ќе ги почитува резултатите од изборите и ќе дозволи мнозинството во Парламентот што поскоро да формира влада. Парламентот мора да биде способен да продолжи со својата работа за да може да одлучи по итните прашања кои се од јасен интерес за земјата“, додаде тој.

 

Хелбах порача дека Германија очекува „сите страни да се однесуваат одговорно за да може да избегнат потенцијални тензии“. „Со загриженост ја нотираме негативната реторика кон невладините организации и меѓународната заедница и ги повикуваме сите страни да се воздржат од таков јазик“, рече тој.

 

„За крај, би сакал да потенцирам дека од огромна важност е Специјалното јавно обвинителство да продолжи со својата работа, согласно со независна и кредибилна поддршка од судството во земјата. Како вистински пријател, Германија се надева дека политичката криза може да биде надмината, за што е потребна конструктивна политичка волја на сите учесници во процесот“, додаде германскиот претставник, кој за време на посетата на Македонија оствари средби со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на дипломатијата Никола Попоски и лидерите на партиите кои се застапени во Собранието./крај/мф/бс

Билтен

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

Објавено пред

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства, изјави денеска на прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

dobivaj vesti na viber

Според Николовски, ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ.

„До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација“, вели Николовски.

Прикажи повеќе...

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...

Европа3 часа

Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви на есен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски....

Македонија3 часа

„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната...

Свет4 часа

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е „една од најголемите почести“ во неговиот живот, во...

Свет4 часа

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...

Европа4 часа

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов....

Свет4 часа

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп која држи биткоин беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон....

Свет4 часа

„Тајмс“: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, објави „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе...

Македонија19 часа

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија20 часа

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија22 часа

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа1 ден

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет1 ден

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа1 ден

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа1 ден

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија2 дена

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа2 дена

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија2 дена

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...