Контакт

Билтен

Заев: Изборете се за својот живот, и шансата во недела и иднината се во ваши раце!

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Струмица стои позади мене и благодарение на Струмица барам мандат од Струмица и од цела Македонија, дозволете од моја Струмица и ваша Струмица да испратиме пораки до сите оние кои сеуште се плашат, молчат нешто да не изгубат, можеби се дел и од владеачките гарнитури, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во четвртокот на митингот во Струмица.

 

„Денеска веќе знаеме се. Се се знае, знаат и врапчињата дека уште 4 години режим нема. Но сега е моментот и отчукува саатот, уште 3 дена останаа. Почитувани вработени во јавната администарција, вие задно со примателите на социјална помош, примателите на субвенции, треба да знаете вашите примања се загарантирани со закон, нив не ги дава ни Заев, ни Груевски, тоа се од вашиот пот и од вашиот труд и од даноците на оваа земја Р.Македонија кои ги плаќаат сите граѓани“, порача Заев.

 

„Немојте да молчите, немојте да спиете дома без да дадете придонес! Оваа Македонија не е само наша, ова е и ваша Македонија!  Имате обврска затоа што сте родители на нечии деца, затоа што сте деца на некои родители, затоа што сте браќа и сестри на некои луѓе, оти сте чичковци, тетки, вујковци и вујни на некои граѓани на Македонија. Имате обврска оти оваа Македонија исто и ваша. Излезете и изборете се за живот, и за ваша слобода, и за ваша правда“, рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4.

 

„Почитувани баби и децовци, се сеќавате ли кога се роди вашето прво внуче? Кога ја видовте првата насмевка? кога ви го стисна прстот? Зарем заборавивте оти плановите беа да ги гледате како се женат и мажат? Како деца основаат овде во Македонија? Да ги гледате околу вас? Ќе ве прашам отворено каде се сега вашите внуци? Може ли тоа да го промените, да бидат до вас? Може! Пенкалото во раце на 11 декември да гласаме за живот за да ни се вратат децата и внуците овде во нашата Македонија“, додаде тој.

 

„Почитувани млади луѓе ќе ве прашам отворено со кренато чело и сакам одговор. Иднината и Македонија ви припаѓа вам. Имате две опции, едната е да ги фатите белото знаме и да се предадете и да продолжите по бродови и странски земји, и втората опција е да го зграпчите црвеното знаме и да се борите гордо, овде во вашата земја, во Република Македонија. Ве повикувам рамо до рамо со мене да се борите за живот во нашата Македонија“, заклучи Заев./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Билтен

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

Објавено пред

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства, изјави денеска на прес конференција Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ

dobivaj vesti na viber

Според Николовски, ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ.

„До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација“, вели Николовски.

Прикажи повеќе...

Билтен

WikiLeaks откри мрежа на CIA која овозможува да се прикријат хакирањата

Објавено пред

Организацијата чијашто цел е разобличување на тајни документи на светските влади објави нови материјали кои протекле од американската Централна разузнавачка агенција (CIA), во кои се наведува дека е откриена мрежа на агенцијата којашто овозможува да се прикријат кибернетичките напади.

dobivaj vesti na viber

Документите објавени под насловот „Marble“ од серијата „Vault 7“, кодното име за најголемото според обемот истекување на документи на CIA, укажуваат на постоење тајна мрежа којашто ѝ овозможувала на агенцијата да ја сокрие својата вмешаност во извршени кибернетички напади, се наведува во соопштението објавено на страницата на WikiLeaks.

Публикацијата содржи 676 фајлови од изворниот код на тајната мрежа Marble. Според наведените информации, програмата којашто ја користеле соработниците на CIA во 2016 година, овозможувала да се „збунуваат“ текстуалните делови од кодот за штетните програми на CIA, така што истражителите или креаторите на анти-вирусна програма не можеле да ја откријат поврзаноста на американската разузнавачка служба со вирусите, „тројанците“ и хакерските напади.

Мрежата Marble бил достапна на кинески, руски, корејски, арапски јазик како и на фарси, што уште повеќе ја усложнувало работата на судските експерти за утврдување на изворот одговорен за дадениот кибернетички напад.

Се наведува дека Marble била користена само за збунување и прикривање на кодот, и оти самата посебе не содржела штетни елементи кои ја загрозуваат работата на софтверот./крај/мф/сн

Прикажи повеќе...

Анализи

Тирана продава старо оружје преку контроверзен бугарски посредник

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во 2015 година, албанскиот државен трговец за оружје MEICO продава 17.5 милиони куршуми произведени во Кина, 350 минофрлачи и 40 000 гранати на “Алгенс” ДООЕЛ, бугарска фирма, кој работела на програмата за обука и вооружување на умерените бунтовници во Сирија, се посочува во анализата која ја пренесува dnevnik.bg

 

Компанијата е поврзана со фаталната експлозија на полигонот во Анево во јуни 2015 година, која го однесе еден животот на снабдувач на оружје на Пентагон, кој го тестирал оружјето, наменето за Сирија.

 

Сопственикот на “Алгенс” ДООЕЛ е бизнисменот Александар Димитров, поранешен бизнис партнер на познатата фигура од криминалниот свет Бојан Петракиев-Барон.

 

Тајните документи за извоз на оружје, со кои Балканската мрежа за истражувачко новинарство, BIRN, располага, откриваат податоците за албанските зделки, чија вредност надминува еден милион евра.

 

Тие покажуваат како застарено оружје и муниција произведени во Кина и Албанија, се извезуваат за Бугарија, во рамките на четири извозни лиценци потпишани во 2015 година, а се меѓу албанската Воена компанија за увоз и извоз, MEICO, и “Алгенс”

 

Во исто време “Алгенс” е најмена како поддоставувач на Командата за специјални операции на САД, SOCOM, како дел од нејзините обиди да ги вооружи и обучи сириски бунтовници, кои се борат против Исламската држава.

Според експерти малку веројатно дека оружјето било наменето за  Бугарија односно да таа била крајната дестинација за опремата. Но, според староста на оружјето тоа не е така, бидејќи Бугарија има релативно модернизирана армија и е дел од НАТО.

 

Односот на “Алгенс” кон смртоносната експлозија

 

Учеството на “Алгенс” во американската програма за Сирија беше откриена во јуни 2015 година, кога 41-годишниот поранешен американски војник, Френсис Норвило загина при експлозија на граната, која се случи на полигонот во Анево, кој е во сопственост на државниот Арсенал и производител ВМЗ – Сопот.

 

Пораки и договори, откриени од BIRN, по тужбата покрената во САД, како и извори во Бугарија, откриваат нови детали околу инцидентот.

 

Одговорноста на “Алгенс” за експлозијата е жестоко оспорувана, но нема сомнеж дека компанијата имала централна улога во организацијата на обуки на полигонот.

 

Норвило и повредениот колега Мајкл Доерти се најмени од Пентагон, а договор е вреден 28 милиони долари и има за цел да ги обучуваат сириски бунтовници да се справат со различни оружја од советски тип.

 

Тие патуваат во Белорусија и потоа во Бугарија, за да го тестираат оружјето  кое подоцна треба да биде испратено во тренинг кампот во Јордан, покажуваат документите од тужбаат поднесена во Флорида од вдовицата на Норвило и Доерти.

 

Во судските документи од процесот воден против трите американски компании поврзани со инцидентот – Purple Shovel, Skybridge Tactical и Regulus Global – се тврди дека дефектна граната стара над 30 години, со бугарско потекло била отфрлена како опасна од Пентагон, кој пак  барал извори на муниција за сириските бунтовници.

 

По трагедијата бугарските власти го посочуваат “Алгенс” како компанија која на полигонот ги вработува американските војници и обезбедува дефектна граната. Министерство за економија и наметнува на фирмата санкција во износ од 125 000 лева, поради немање на дозвола која треба да ја издаде Министерството, а е наменета за спроведување на тренинг, поточно конкретно за активностите посолени во фаталниот ден.

 

“Алгенс”, која ги негира обвинувањата,  успешно ги обжали санкциите во Пловдивскиот административен суд.

 

Во својата одлука, Судот посочува дека министерството, направило значителни административни прекршоци и не успеало да докаже дека “Алгенс” всушност го најмил полигонот на денот на инцидентот.

 

Во писмена изјава Purple Shovel, главниот договарач на Пентагон во рамките на сириската програма, објаснува за BIRN дека “Алгенс” е вовлечена во проектот од еден од поддоставчите меѓу кои и – Regulus Global – со заложба да организира обуки и да обезбеди муниција. Компанијата, сепак, додава дека инцидентот се случил во рамките на “забавно пукање” откако наводно официјалното учење веќе било завршено.

 

BIRN располага со програмата на обуката, која всушност покажува дека “Алгенс” го најмила полигонот за фаталниот ден петок, 5 јуни. Програмата открива уште дека во обуката учествувале вработени на бугарските производители на оружје ВМЗ – Сопот, и Аркус – Лјасковец, ангажирани од Американците да работат со различни оружје и муниција од советски тип.

 

Меѓу нив е и дефектниот минофрлач Ог-7, кој ја предизвикал смртоносната експлозија. Документите во случајот што се води во САД, откриваат како компанијата Skybridge Tactical, ги најмиле Норвило и Доерти,  а пред судот тврдат дека експлозијата се случила во рамките на официјална обука и како резултат на тоа дека засегнатите страни требало да бидат компензирани од страна на американската влада.

 

Regulus Global отфрла овие обвинувања како неодржливи.

 

Инцидентот не е единствениот судир на “Алгънс” со законот. Во 2015 година РИОСВ – Стара Загора, ја казнува фирмата, бидејќи не поднела известување до еколошкото министерството за складирање на експлозивни материи во Производствениот-магацин “Бршен” во градот Сливен. Потоа Сливенскиот Окружниот суд ја намалува казната на 2000 лева.

 

Финална дестинација на албанското оружје – “Блискиот Исток или Африка”

 

Војните на Блискиот Исток стануваат причина за невиден прилив на оружје и муниција од Балканот, а во сето ова Бугарија игра важна улога како  извор на оружје, така и на центар за договори за оружје.

 

Запрашан за коментар во врска информациите поврзани со “Алгънс” и препродавањето на старото албански воено оружје, Патрик Веземан од Стокхолмскиот International Peace Research Institute, водечки извор на информации за оружената трговија, посочи дека е премногу малку веројатно дека Бугарија била крајната дестинација на муницијата, затоа што мора да се има предвид нивната возраст.

 

Според него, најверојатно опремата  поминала во Сирија, Јемен или Африка.

 

“Има неколку можни сценарија”, објасни Веземан. “Едниот е дека тоа оди во Сирија или Јемен. Друго  е дека корумпираните државни службеници во Африка  го откупуваат како дел од криминална шема. Оружјето од вишоците се пласира во Африка, како дел од официјалниот извоз, иако често има сомневања за корупција”.

 

Командата за специјални операции на САД не одговори директно на прашањата ни дали тоа е откупена кинеска муниција од Албанија за потребите на сириската програма, туку само посочи дека новинарите треба да “зборуваат со” Алгенс “за активностите”.

 

“Алгенс” одби да објасни што се случило со военото опрема, откако пристигнало во Бугарија.

Purple Shovel , во писмена изјава за BIRN вели дека компанијата не е купува кинеското оружје и дека “никогаш не е направила бизнис договор директно со” Алгенс “.

 

Тирана има контроверзна историја за извоз на оружје од големите резерви од кинеска муниција, која потекнува од 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Пекинг беше главен воен партнер на албанскиот комунистички режим.

 

Во 2007 година трговецот на оружје AEY со седиште во Флорида продаде милиони застарени куршуми на кинеско производство на Пентагон за војната во Авганистан. Муниција претходно беше репакувана во картонски кутии, за да изгледа дека се произведени во Албанија, за да може да се заобиколи САД од каде имаше забрана за купување на муниција од Кина.

Сопственикот на фирмата Ефраим Дивероли доби 4-годишна затворска казна за измама направена во 2011 година

 

Во 2011 година 800. 000 кинески гранати кои Албанија требаше да ги достави на Обединетите Арапски Емирати, нелегално беа пренасочени и паѓаат во рацете на бунтовниците во Либија.

 

Албанското Министерство за одбрана изјави дека “Алгенс” обезбедила коректни документи за експорт на оружјето за Бугарија и дека тоа проверило дека фирмата “не е вовлечена во криминални активности”. Министерството, додаде дека за повторен извоз на муниција се бара негова согласност, макар и да е докажано дека често оваа клаузула не се почитува.

 

Изгледа дека врските на “Алгенс” со Албанија го надминуваат откупот на старо оружје. Во 2016 година компанијата се обиде да купи фабрика за оружје од комунистичко време, која се наоѓа во малото албанско село Поличан. Во писмена изјава  “Алгенс” за BIRN  се вели дека таа се откажала од својата намера.

 

Врски со организираниот криминал

 

Сопственикот на “Алгенс” Александар Димитров е поранешен бизнис партнер на добро познатата фигура од бугарскиот организиран криминал Бојан Петракиев Борисов, попознат како Варон. Референца во Трговскиот регистар покажува дека Димитров го основал “Алгенс” ДООЕЛ во 2009 година, со главна дејност трговија со оружје.

 

Во 2004 година Димитров и Петракиев формираат компанијата за трговија со остатоци SIB Metal. Димитров за BIRN, писмено посочил дека фирмата е запрена уште во фаза на регистрација и дека оттогаш не се видел со Петракиев.

 

Во својот извештај Центарот за полициски студии на МВР го одредува Петракиев како пример за “препознатлива фигура во криминално свет”. Документот, објавен во 2010 година, наведува дека Петракиев е осудуван десет пати и има други осум дела за широк спектар на злосторства, меѓу кои кражба на автомобили, хулиганство, нелегално поседување на оружје и дрога и учество во организирана криминална група.

 

Во 2009 година тој е осуден за водење на организирана криминална група за изработка на кредитни картички, која оперира во 8 земји, се вели во извештајот. Во 2012 година повторно е осуден – за водење на нелегално казино.

 

Истрагата е спроведена од BIRN заедно со Центарот за истражување на корупцијата и организираниот криминал, како дел од проектот Paper Trail to Better Governance.крај /мф/кс

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да...

Македонија16 часа

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на партискиот состанок одлучи актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, да биде човекот кој ќе...

Свет16 часа

Прво сведочење на „девојката со црвена марама“ од фестивалот во Израел: „Понекогаш се чувствувам виновна што преживеав“

„Ми беше чудно што фестивалот беше организиран толку блиску до границата со Газа, но заклучив дека организаторите ќе кажат ако...

Македонија18 часа

Рускоска: Случајот со убиствата не смее да добие политичка конотација

Поранешната обвинителка и шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,  Вилма Русковска смета дека случајот со...

Свет19 часа

Путин повторно ќе се кандидира за претседател

Изборите во Русија ќе се одржат на 17 март 2024 година, а Владимир Путин ја објави својата кандидатура за уште...

Топ20 часа

Најдено телото на велешанецот кој беше пријавен за изчезнат – загинал во сообраќајка, автомобилот излетал од патот

Најдено е телото на 59-годишниот маж од Велес, за кого вчера медиумите јавија дека бил пријавен за исчезнат. Според информациите...

Македонија20 часа

Поднесена е кривична пријава за возачот кој го пренесе Палевски од Белград до Турција

Полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против возачот кој го пренесе Љупчо Палевски од Белград до Турција поради случајот...

Регион23 часа

Грција и Турција подготвени темелно да ги обноват односите: „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна“

Атина и Анкара вртат нова страница во односите и потпишаа декларација за билатерална соработка. „Ајде да разговараме гледајќи ја чашата...

Свет24 часа

Синот на израелски министер е убиен во Газа, се борел во тунелите

Синот на поранешниот командант на израелската армија Гади Ајзензот, кој моментално служи како министер во воената влада, е убиен во...

Македонија1 ден

Учениците се чувствуваат небезбедни, да се внимава на менталното здравје во училиштата, апелира Сојузот на средношколците

Сојузот на средношколци упатува најдлабоко сочуство до блиските на жртвите од последната трагедија, поради грабнувањето и убиството на ученичката Вања...

Македонија2 дена

Земјата се соочува со епидемија од корупција, црната листа ќе се проширува, најави Агелер

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но...

Македонија2 дена

Со возило на фирма струмичанецот му помогнал на Палевски и го пренел преку Турција, обвинителството нареди истрага за возачот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело...

Македонија2 дена

Анѓушев: Малта не треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото...

Македонија2 дена

Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само...

Македонија2 дена

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот...

Македонија2 дена

Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило

Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања...

Македонија2 дена

Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција

Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот...

Македонија2 дена

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава...

Македонија2 дена

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна...

Свет2 дена

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението...