Скопје
Починатиот бездомник претходно бил повикан да биде пренесен во пунктот во Момин Поток, но одбил
Градот Скопје изразува жалење за смртта на Ј.Т. кој изминативе денови почина во населбата Аеродром, а кој одбил да биде пренесен до пунктот за бездомни лица во Момин Поток.
„Во рамки на бројните активности кои се превземаат по пристигнувањето на студениот бран во Република Македонија и регионот е и обезбедувањето на престој на бездомните лица. Во рамки на овие активност, Градот Скопје ја финансира работата на Црвениот Крст преку пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој од 30 декември до завршувањето на студениот бран работи 24 часа. Покрај овој пункт, на територијата на Скопје, министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст, согласно насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи имаат отворено и други вакви слични пунктови за вдомување бездомни лица“, информираат од Град Скопје.
Пунктот за бездомни лица во Момин Поток функционира 8 години и истиот е отворен преку целата година, два пати неделно со следниве услуги: одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот. Градот Скопје е единствената единица на локална самоуправа која има изградено и финансиски го поддржува работењето на ваков пункт.
На располагање е стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување.
Црвен крст на град Скопје има евиденција за 148 бездомни лица на подрачјето на град Скопје, кои ги користат услугите на пунктот, додека дневно во просек пунктот го посетуваат до 45 лица.
Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500. 000 денари ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од донации и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.

