Контакт

Скопје

„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Објавено пред

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
 

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

 

„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје  имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На  изложбата  преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој  на градот и на  одбраниот материјал е  прикажано  централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се  занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија.  Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Бесплатен јавен превоз од утре од 18 часот до 5 часот в недела

Објавено пред

ЈСП Скопје соопшти дека и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021“, а во функција ќе бидат и дел од ноќните линии (2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В).

Бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од утре, сабота (25.09.2021 год) од 18 часот до 5 часот во недела (26.9.2021 год).

Ноќните линии ќе сообраќаат в недела (26.09.2021 год) со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 (Автокоманда – Сарај)

Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Сарај 01 ч, 2:30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 (Дексион – Ново Лисиче)

Поаѓање од Дексион 00:15 ч, 1:45 ч, 03:15 ч

Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 2:30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 (Карпош 3 – Горно Лисиче)

Поаѓање од Карпош 3 00:15 ч, 01:45 ч, 03:15 ч

Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 2:30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 (Транспортен центар – Лепенец)

Поаѓање од Тр.центар 00:15 ч, 02 ч, 3:.15 ч

Поаѓање од Лепенец 01:25 ч, 02:40 ч, 04:10 ч

ЛИНИЈА 24 (Припор – Тафталиџе 2)

Поаѓање од Припор 01 ч

Поаѓање од Тафталиџе 2 00:15 ч

ЛИНИЈА 41 (Транспортен центар – Долно Лисиче)

Поаѓање од Тр.центар 00:20 ч, 1:45 ч, 3:15 ч

Поаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 2:30 ч, 3:.50 ч

ЛИНИЈА 50 (Клинички центар – Хиподром)

Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч

Поаѓање од Хиподром 01:30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 (Козле – Радишани)

Поаѓање од Козле 00:15 ч, 01:30 ч, 03 ч

Поаѓање од Радишани 00:55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В (Транспортен центар – Стајковци)

*по траса на линија 5 во 00:10 ч од Рекорд до Ново Лисиче

Поаѓање од Тр.центар 00:45 ч до Стајковци

Поаѓање од Стајковци 1:20 ч до гаража во Автокоманда

Прикажи повеќе...

Македонија

ЈСП Скопје со повик до бруцошите да извадат бесплатен годишен билет

Објавено пред

Од ЈСП Скопје ги информираат сите редовни студенти запишани за прв пат во учебната 2021/2022 година на некој од државните факултети во главниот град, дека имаат право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз.

Процедурата за издавање на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП Скопје.

Неопходно е лично присуство на студентот кој треба да приложи потврда за редовен студент издадена од матичниот факултет, лична карта и индекс и 200 денари еднократен надомест за изработка на персонализирана картичка „Скопска“.

На бруцошите, билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година.

Останатите студенти, за да ја продолжат важноста на билетот за 2022 година, треба да достават потврда за редовен студент не постара од еден месец и да приложат индекс со запишан зимски семестар.

Право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје на додипломски студии, без ограничување на возраста.

„Потсетуваме дека единствено ‘Скопска’ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично“, појаснуваат од ЈСП.

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа.

За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страницата на претпријатието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов на велосипедско дефиле низ Скопје по повод Денот без автомобили

Објавено пред

Голем број граѓани на велосипеди се вклучија во големото велосипедско дефиле што денеска се возеше по улиците на Скопје, по повод Денот без автомобили – 22 септември и крајот на Европската недела на мобилност 2021. Дефилето во кое учествуваше и градоначалникот Петре Шилегов тргна од паркот „Ибни Пајко“ и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг.

Градот Скопје годинава по 11-ти пат се придружи на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста со богата агенда исполнета со квалитетни содржини за промоција на пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз како одржливи форми на урбана мобилност. Во периодот од 16 до 22 септември во рамките на оваа недела се организираа низа настани – се одржаа повеќе онлајн работилници со ученици од основното и средното образование за промоција на мерките за постигнување на одржливата урбана мобилност, а се организираа и повеќе активности за промоција на развојот на мрежата на велосипедски и пешачки патеки во градот која се зголемува во просек за околу 14 километри годишно, со што велосипедската мрежа во Скопје годинава надмина 110 километри, информираа од Град Скопје.

Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Безбедно и здраво со одржлива мобилност“, а во нејзиното одбележување се вклучија над 2.700 градови од над 50 држави од Европа и од светот.

Годинешната кампања организирана под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“ има за цел да оддаде почит на справувањето со пандемијата со Ковид-19 и да фрли едно поинакво светло на можностите кои произлегоа од оваа досега невидена здравствена криза. Градовите низ светот воспоставија креативни одговори на пандемијата заради што оваа година Европската недела на мобилноста ја слави издржливоста на градовите и нивните достигнувања во обид да ја пребродат кризата што е можно побезболно, додаваат од Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа1 час

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ3 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија4 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија4 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет6 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија7 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет7 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија19 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет20 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ22 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Досие