Контакт

Скопје

„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Објавено пред

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
 

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

 

„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје  имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На  изложбата  преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој  на градот и на  одбраниот материјал е  прикажано  централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се  занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија.  Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Арсовска: Совет на млади, дигитализирање на информации со само еден клик, се дел од проектите за млади

Објавено пред

Мојата визија за Скопје предвидува овозможување на современи услови за учење за нашите деца. Мора да имаме соодветни модели за одржување на образовниот процес за младите и тие тоа го заслужуваат во 21 век. Со брзи и ефикасни решенија ќе им покажеме на сите наши млади дека местото им е тука, дома и дека треба да останат во Скопје, нагласи кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната панел дискусија на тема „Младите во градот Скопје, младите во центар“.

Во ера на дигитализација Арсовска изјави пред учесниците во панелот дека е потребно да се вложува во младите кои се дел или кои имаат афинитети во ИКТ (информатичка, комуникациска и телекомуникациска) индустријата. Таа додаде и дека ќе се залага за младите луѓе, преку транспарентен процес за избор на Совет на млади, дигитализирање на сите информации за млади со еден клик, преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар.

„Ќе вложиме не само во основни средства, туку и во информатичка опрема за секој ученик со којашто ќе може да располага и секој наставник. Ќе им помогнеме на младите претприемачи. Во рамки на МКЦ преку процес на социјално претприемништво и во соработка со невладиниот сектор ќе почне со работа Центар за младинско претприемништво“, изјави Арсовска од денешната панел-дискусија со младите во општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

ЈСП: Продолжување на трасата на линијата 50 во Хиподром

Објавено пред

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ја информира јавноста дека од утре, вторник (26 октомври), трасата на линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од автобусите ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.

„Всушност, автобусите на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линијата 63 и ќе ги користат постојните постојки на трасата. Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со * во делот возен ред на линијата 50“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите ги враќаме и помладите патници поради намалениот метеж

Објавено пред

Пензионерите, лицата со попреченост и лицата со ретки болести се само дел од категориите граѓани што ќе добијат многубројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на Град Скопје во следните четири години, соопштија од Градот.

Како што наведуваат, повеќе од 85 илјади пензионери ќе може секојдневно бесплатно да го користат јавниот превоз. На овој начин, како што додаваат, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, Град Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани, кои се ризична категорија.

Исто така, со оваа мерка ќе се намали и метежот во јавниот превоз, со што ќе се вратат и голем број помлади патници, најави градоначалникот Шилегов.

„Пензионерите и повозрасните граѓани се извор на знаење, искуство и мудрост. Тие го граделе Скопје и ја заслужуваат поддршката од Градот. Затоа, им го олеснуваме животот и се грижиме за нивните потреби. Овозможуваме бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата. Нашите повозрасни граѓани ќе може слободно да се движат и да ги остваруваат своите обврски, а не само во вторник и во петок. На тој начин го запираме метежот во работните денови во градските автобуси за луѓето што одат на работа или на училиште“, вели Шилегов.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина штити и дека е сигурна за деца

Компанијата „Модерна“ ги објави позитивните резултати од својата вакцина против коронавирус кај деца на возраст од шест до 11 години...

Македонија13 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија15 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет16 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија17 часа

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ18 часа

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија19 часа

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет20 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет21 час

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет21 час

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион1 ден

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион1 ден

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија1 ден

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ2 дена

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион2 дена

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион2 дена

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет2 дена

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ2 дена

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Досие