Спорт
Третолигашите храбро, но двојната француска круна е кај ПСЖ (галерија+видео)
Во вистинска битка на Давид и Голијат во светскиот фудбал, францускиот полу-аматерски клуб Ле Ербиер успеа да ги намачи гигантите Пари Сен-Жермен во финалето на Францускиот куп, но на крајот загубија со 2:0 со што се потврди двојната круна на парижанит…
Во вистинска битка на Давид и Голијат во светскиот фудбал, францускиот полу-аматерски клуб Ле Ербиер успеа да ги намачи гигантите Пари Сен-Жермен во финалето на Францускиот куп, но на крајот загубија со 2:0 со што се потврди двојната круна на парижаните.
Ле Ербиер, клуб со годишен буџет од скромни 2 милиони евра, се судри со еден од најбогатите (ако не и најбогатиот) фудбалски клуб, кој минатото лето плати рекордни 222 милиони за Нејмар, кој инаку заработува сума идентична на буџетот на Ле Ербиер за само 16 дена. Просечната плата на играчите на Ле Ербиер е 2.500 евра.
Сепак, фудбалот е фудбал, и малиот клуб може да се пофали дека не се предаде лесно. На ПСЖ му беа потребни 26 минути да дојде во водство преку Џовани Ло Селсо, кој имаше фантастичен удар од работ на шестнаесетникот.
И покрај имињата и статусот, ПСЖ остана со оваа предност до 74. минута од мечот, кога беше досуден пенал по стартот на голманот над Единсон Кавани, и Уругваецот потоа беше сигурен од белата точка.
Ле Ербие, тим кој до крајот на сезоната може да испадне и во четвртата лига, доаѓа од место со 15 илјади жители, од кои неколку илјади беа на трибините и воодушевуваа со својата посветеност.
?? Les Herbiers, the team from a town of 15,000 people, have turned up en masse in Paris for the Coupe de France final. pic.twitter.com/bZZs6fXFXc
— COPA90 (@COPA90) May 8, 2018
ПСЖ од трибините имаше поддршка и од Нејмар, кој неодамна се врати во Франција по операцијата на скршеното стапало, но уште не е подготвен за акција. На трибините на „Паркот на принцовите“, секако беше и францускиот претседател Емануел Макрон.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вулвс го откупија Дојл од Манчестер Сити
Англискиот играч од средниот ред Томи Дојл, кој оваа сезона е позајмен во Вулверхемптон од Манчестер Сити, ќе остане во редовите на Волвс, откако клуботреши да го откупи неговиот договор.
Дојл сезонава забележа 30 настапи во сите натпреварувања. Со Вулверхемптон потпиша четиригодишен договор. Манчестер Сити од трансферот заработи 4,3 милиони фунти.
Шампионот на Англија ќе заработи 50 отсто од следниот трансфер на 22-годишниот фудбалер, а за веќе договорената цена ќе има можност во иднина да го врати Дојл во своите редови.
Англичанецот игра на позицијата централен играч за врска.
Минатата година го освои Европското првенство за играчи до 21 година.
Спорт
Ваулс: Сакаме Њуи да се врати во Вилијамс
Првиот човек на тимот на Вилијамс во Формула 1 шампионатот, Џејмс Ваулс, во Мајами потврди дека тимот размислува да го ангажиран најдобриот дизајнер во Формула 1, Адријан Њуи.
Њуи, официјално ќе се раздели со Ред Бул на почетокот на следната сезона, во март, а пред тоа нема да може да се приклучи на новиот тим.
Медиумите шпекулираат дека тој би можел повторно да се обедни со Луис Хамилтон во Ферари, но Ваулс потврди дека се зборувало за враќање на Австралиецот во Вилијамс.
Таму Њуи го помина поголемиот дел од последната деценија на 20 век, каде што беше еден од инженерите, во тимот кој доминираше на патеките.
„Го познавам Адријан долго време, разговаравме во петокот. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа повторно наскоро. Тој е икона во Формула 1, без сомнение. Освои титули во сите тимови“, изјави Ваулс и додаде:
„Тоа не е случајно, тоа го одразува неговиот придонес и влијанието што го има врз овој спорт. Би било штета да не разговараме со Њуи за можна соработка. Не може да биде поедноставно од тоа“.
Њуи се приклучи на Вилијамс во 1991 година и е еден од креаторите на неверојатниот автомобил „FW14B“, во кој Најџел Менсел го освои светскиот шампионат во 1992 година. Вилијамс ја освои титулата уште неколку пати со Њуи на чело, пред инженерот да се пресели во Мекларен.
Some impressive stats from Adrian Newey's time in F1 🏆🔢 pic.twitter.com/mnW0aOLlTt
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) May 2, 2024
Спорт
Вест Хем сериозно преговара со Лопетеги
Хулен Лопетеги го поврзуваа со Милан, но како што сега стојат работите тој ќе го преземе Вест Хем.
Минатата недела италијанските медиуми пишуваа дека Милан постигнал договор со Шпанецот. Оваа одлука на клубот предизвика незадоволство кај навивачите кои покренаа капмања против Лопетеги.
Островските медиуми пренесуваат дека раководството на „чеканите“ е блиску до договор со шпанскиот стручњак кој треба да го наследи Дејвис Мојс.
Инаку, договорот на шкотскиот стручњак истекува на крајот од сезоната и клубот нема да му понуди нов.
И покрај пласманот во четвртфиналето на Лига Европа и моментално деветтото место во Премиер лигата, голем дел од навивачите на Вест Хем не се задоволни од стилот на игра на тимот под команда на Мојс.