Спорт
Прандели во преговори за нов договор

Менаџерот на Фиорентина, Чезаре Прандели најавува дека сака да остане на кормилото на „Виолетовите“ уште многу години.
Фиорентина успе да се врати во највисок ран на натпреварување во Калчо лигата, а во оваа сезона се покажува во добро светло со оглед на амбиициите да настапува во лигата на шампионите следната сезона. Прандели е еден од виновниците за подобрувањето на формата на тимот од Фиренца, па истиот најавува многу промени во иднина во неговиот состав.“Можеби е малку прерано сега да се зборува за обновување на договорот, но да речеме дека хипотезата за продолжување на мојот договор ме фасцинира. Последниот пат го продолжив договорот бидејќи знаед дека имам инзвореден претседател, место кое го сака фудбалот како никој друг и проект со кој можам нешто да освојам.”“Сигурен сум во една работа. Ќе бидам тука се додека претседателот Андреа Дела Вела е во клубот.”– изјавил Прандели за медиумите од Италија.Моментално Прандели има договор со „Виолетовите“ до 2011 година но со оглед на настаните кои се слуќуваат во тимот на Фирентина, можно е во блиска иднина истиот да се продолжи за неколку години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Откриено е зошто Тадиќ не се пресели во Атлетико Мадрид

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ неодамна беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид, но договорот пропадна во последен момент.
Тадиќ пристигна во шпанската престолнина на завршните преговори, но договор не беше постигнат.
Според „Телеграф“, „јорганџиите“ во меѓувреме ја смениле својата понуда и му понудиле на Тадиќ помалку пари од договореното.
Атлетико ја намалил сумата која требала да му биде исплатена преку бонусите, во зависност од настапие, головите, асистенциите, освоените трофеи….
Откако не успеа да се договори со Тадиќ, Атлетико го ангажираше Тијаго Алмада од Ботафого, кој игра токму на позицијата на Душан, а цената на трансферот беше 21 милион евра.
Тадиќ го напушти Фенербахче на крајот од минатата сезона, Црвена звезда и Војводина се распрашуваа за него, но постојат големи шанси тој да ја продолжи кариерата во странство.
Спорт
Ливерпул подготвува рекорден трансфер

Фудбалскоот клуб Ливерпул подогтвил понуда за Александер Исак, со која ќе го сруши британскиот трансфер рекорд.
„Ливерпул е подготвен да понуди голема сума за Александар Исак откако ќе се заврши продажбата на Луис Дијаз. Исак е заинтересиран за трансфер и воопшто не преговара со клубови од Саудиска Арабија. Тој е фокусиран исклучиво на Ливерпул. Сега сè е насочено кон Њукасл, додека Ливерпул чека, но тој е подготвен да влезе во преговори со својата рекордна понуда“, пишува Фабрицио Романо.
Деталите за понудата што Ливерпул ќе ја испрати до Њукасл за Александар Исак ги откри ннсајдерот Саша Таволиери.
Според неговите информации, станува збор за фиксна сума од 120 милиони фунти (малку повеќе од 138 милиони евра), а на тоа се додаваат и можни бонуси.
Тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Ливерпул и Англија и трет најскап во историјата на фудбалот. Само ПСЖ плати повеќе за Нејмар (222 милиони) и Килијан Мбапе (180 милиони).
Фото/ Принтскрин
Спорт
Погачар: Не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго

Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот.
„Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, откри Погачар.
Тој се осврна и на историски момент за Словенија – почетокот на Тур Д’ Франс доаѓа во нивната земја во 2029 година. Сепак, Погачар јасно стави до знаење дека тогаш, речиси сигурно, повеќе нема да се натпреварува:
„За мене е неверојатно што Турот ќе започне во Словенија во 2029 година. Ќе бидам таму, тоа е сигурно, дури и да не се натпреварувам“, објасни тој.